Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Значи колку и да се трудам да размислувам позитивно,тоа е,никогаш нема да сум среќна,никогаш нема да ми биде убаво,се што ми се десило во животов било со мака,цел живот сум малтертирана,во основно ми љубомореа бидејќи бев мирна и учев,не ме поднеуваа шмизлите,во средно бев малтертирана бидејќи бев многу мирна и сиромашна а тие деца на доктори,незнаев да се одбранам,за факултет моите немаа пари да ме пратат,на работа крвта ми ја цицеа од страв бавно учев,работев повеќе од што треба,прекувремено,ме понижуваа дека сум од село,као ако не работеше кај нас,ќе работеше на нивата,сега работите се стабилизираа но последиците не се забораваат.
    Во врската бев манипулирана,како да вредам помалкунод другите а бев и верна и кој и да беше на негово место ќе беше среќен,не знаеше да цени,не ме почитуваше,,можеби и ме изневеруваше,беше болно љубоморен,и ред лоши работи и особини.
    Моиве дома конзервативни,мајка ми прислушкувач,на секој што ќе ме бендиса и што ќе и кажам наоѓаше маани,и затоа на крај ја украсив, работата,совет никаков не добивав,никаква поддршка од никој,не ме ни гушнала како мајка,ниту ме утешила нешо,цел живот ме споредува со другите како се снашле а јас не,цел живот јас не чинам,другите знаат да се снајдат,брат ми е посебна приказна,не сум ни разговарала на тема дечковци со него,и он е искомплексиран од родителите,никаков совет,ништо позитивно,и да знае нешто не би
    ми кажал,само знае да ме критикува и јас да се мислам зашто ме критикува.
    И затоа си го мразам животов,не сакам да постојам,сакам да ме нема,да не се разбудам никогаш повеќе,не гледам ништо позитивно во мојов никаков живот,секое утро едвај станувам,немам желба за ништо,ништо позитивно ми се нема десено,и да се случи излегува дека е негативно на крај,не верувам и дека ќе се мажам,немам јас среќа да сретнам некој што ќе ме цени и сака,барам да најдам нешто позитивно во животов ама нема,за џабе живеам,нејќам да живеам,извинете за негативноста ама морав да се испразнам некаде,нема кој да ме сослуша.
     
    На Sar-Ste, Srcka $, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  2. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Разбираш дека менталитетот е во бездна кога ќе забележиш како некој човек шири гласини, оговара и животна опсесија му е животот на некој лик. Овие луѓе ме потсеќаат на тетките во народните приказни кога ќе се соберат покрај некоја селска чешма за да наполнат вода и ќе почнат да го оговараат Станко од Миравци... дури и тие биле подобри.

    А ги има кај секој во комшии и знаат ваквите работи да бидат заразни. Вината сепак лежи во тој кој не пробува да се изолира од овие работи.
     
    На Sar-Ste, buba4e89, Srcka $ и 12 други им се допаѓа ова.
  3. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Зошто вакво размислување од една млада личност?
    Уживај во младоста
    Пресели се
    Најди работаг, плаќај си кирија и не фермај никој,.
     
    На Doozy, Yowannty, ivi1987 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Ах мила,да беше така лесно,сум размислувала и за тоа инаку.
     
  5. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.609
    Пол:
    Женски
    Само да знаеш оти ваков или сличен проблем имаат 80% од луѓето, и може не им се живее знам ама животот е борба. Место да разислуваш дека не ти се живее размисли да смениш начин на живот.
     
    На Sar-Ste, Doozy, SV1911 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    16 недели нов живот во моето меше.

    Секој ден стрепнувам, се замислувам, а знам дека се' ќе биде океј.
    Нарачав речна пастрмка на скара за ручек и денес ќе работам на распоредот за децата што ќе ги учам. Ќе бидам координатор на една мала програма за ученици во средно за справување со отпад од храна и како да го намалиме истиот. Темата е опсежна, бара многу, ама и јас сакам да дадам многу. Пионерски и со многу желба, се надевам дека ова се првите чекори кон нова едукација. Избегав од чувството на беспомошност. Ако сам не си дадеш волја и пат, никој нема!
    Се плашам и истовремено се себепредизвикувам.
    Тој со шината нога не знае што попрво да побара, но и да понуди некаква помош. Само се смешкам и со спокојност си го терам денот и правам се' што можам.
    Знам дека можам, знам дека останувам верна на себеси и тоа нема никогаш да го изгубам, и покрај притисокот, проширеното меше, набрекнатите гради и постојаниот сомнеж дека нема да бидам добар родител.
    Ништо не е совршено. Си правам потег со рачето како По во Кунг Фу панда и давам од енергијата „чи“. И се смеам зошто има топче прашина под елката. Ме мрзи да ја откитам.
     
    На Sar-Ste, Doozy, buba4e89 и 12 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Глава горе ќе биде подобро.:hug:
     
    На esperansa777, cresa-jagoda и Rama им се допаѓа ова.
  8. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Ти си борец,но според размислувањето сакаш сама да се поразиш,верувај дека еден ден и на тебе коцките ќе ти се спојат.
    Живеј за тој ден,и главата горе,само храбро.(highfive):d:
     
    На esperansa777, blonde_supergirl, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Дал/дала подарок и после кога те гледа дека си го користиш како што ти чини си зема за право да те советува што и како да го користиш(facepalm).
    Простотилук,примитивизам.:D
     
    На Sar-Ste, buba4e89, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.870
    Допаѓања:
    163.505
    Во последното деноноќие рапиден број на самоубиства кај нас.
    Братучетка ми со другарките упорно алармираат дека како деца се под голем стрес и дека за да го намалат стресот од училиште не е нормално да се молат да се случи природна катастрофа или да ги снајде тешка болест за да не мора да одат и да се соочат со реалноста. Алармираат дека не е нормален стресот со кој се справуваат и дека не е до нив како генерација дека се мрзливи, туку дека е начин на кој што се справуваат со стресот и стануваат хронични прокрастинатори. Децата се во право.
    Во затвор се оди за пари и финансиски криминали кои се ситниш во однос на нечии милионски суми, а силувачи, убијци и секакви предатори слободно шетаат, само затоа што тој има грб, а некој друг нема. Правдата велат била слепа. Е слепа е, ама не е глува. Очигледно.
    Утро со уште еден куп популистички мерки кои ни го перат умот.
    Балкан полн национализам.


    И се уште мислиме дека ова е светот во кој сакаме да живееме?
    Заглавени во рептилски мозоци, водени од инстинкт само да се преживее, а не да се живее, и при тоа ако дојде ред да се живее, да бидат само неколкумина за да ги држат останатите во шака.
     
    На Sar-Ste, Doozy, Srcka $ и 16 други им се допаѓа ова.
  11. N.2106

    N.2106 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2017
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    19.135
    Пол:
    Женски
    Правото пријателство е реткост,а реткоста е непроценлива.
     
    На Sar-Ste, buba4e89, Asistentkа и 8 други им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Јас ќе дојдам ќе оставам трага и ќе си одам.
     
    На Sar-Ste, winter flower, kikin и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Колку и да сме навистина по карактер индивидуалци кои се трудат да не зависат од ничие мислење, истото да не ги интересира и да не влијае на нив - сепак мислам дека не постои човек што нема посакано барем еднаш во животот да може да се види преку очите на личност која на некој начин му значи...
     
    На Sar-Ste, macka91, Srcka $ и 19 други им се допаѓа ова.
  14. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    14.425
    Пол:
    Женски
    И ќе се прашаме зошто сме имале одлив на мозоци рамен на геноцит...
    И ќе се прашаме како нашите интелектуалци веднаш пуштаак корен во Европа...

    А сем да гледаме колку плата земаат таму некаде
    сме го погледнале ли задоволството со кое сретнуваат секојдневно нови лица,
    со кои дознаваат приказни, со кое без срам зборуваат со непознати за љубов, страст и соништа...

    сме го погледнале ли мирот кога никој не ги прашал кој им се родители на оглас за работа,, и тоа на високо ценети позиции, нити кој имаат партиски да ги препорача...

    сме го погледнале ли мирот со кој црпат енергија од тоа евроспко сонце
    кое навистина сите ги грее подеднакво, а не како кај нас...зависи под кое знаме партиско си...

    Нека си трепка Македонија со медиокритетите кои се лесни за манипулација,
    пушти им песна играат, тепај ги плачат
    ама никогаш, баш никогаш не мислат да се изборат за себе, за својата љубов,за своите соништа ...
     
    На Sar-Ste, Srcka $, happygirl и 5 други им се допаѓа ова.
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    На луѓето не само што не може да им се земе од капацитетот што го имаат/немаат, туку и не сакаат да примат за да имаат некои основни културни познавања надвор од домашниот праг.
    Колку за информација, жолтата линија на подот во институциите не е поставена за декор.
    Дискреционото право се однесува на секој граѓанин, клиент и треба да се почитува.
    Наместо да се погледне пред себе и да се разбере значењето, полесно е некој да се припие до претходникот во редот и да му дише во врат небаре побрзо ќе дојде на ред:@
    Каде е таа култура? Кој ја изгубил, па некој да ја најде.
    А и што би правел со неа кога си има своја некултура и се вклопува во толпата.
    Нема простор за загриженост, освен за струење на туѓиот здив.
     
    На buba4e89, Srcka $, Feminka192 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Четири колешки секој ден без исклучок зборат за цел останат персонал во фирмата дека нечини, дека никој ништо не работи, дека сите џаболебарат и дека не ја заслужиле платата и работата, дека они биле највредни, најстручни и дека целата работа од сите неработници они ја работеле а зимале најниска плата.
    Лечење фрустрации, проблеми и незадоволство од дома, патење од висока вредност и преценување. Не, ич не е добро таквото размислување и однесување.
     
    На Sar-Ste, buba4e89, Asistentkа и 12 други им се допаѓа ова.
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.773
    Пол:
    Женски
    Не не разочаравте.
    Македонија се гордее со вас.
    [​IMG]
     
    На buba4e89, Annath, Feminka192 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.807
    Пол:
    Машки
    Имам една дума и сеуште немам најдено решение ... :?:


    Станува збор за следново. Кога отворам да разгледам некоја тема која ја немам видено предходно и сега во неа има 50+ страни напишани и преку 1000 коментари.

    Првиот коментар е од 2009та а последниот е од 2017.

    Од каде да почнам со читање ? Како е повеќе исплатливо ? А сепак да не ги читам сите 1000 за да дојдам до поентата.


    П,С. Ако некој има решение за овој проблем нека ми пише ЛП за да не замараме со реплики.


    Фала однапред :hug:

    ПозЗ3³ ®
     
    На Sar-Ste, buba4e89, Srcka $ и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    На оние "јаките" зад тастатурата, обично им е врзан јазикот кога треба да се соочат face to face.
    Е стварно ми се јаки значи! :)
    На социјални мрежи растураат, а во живо "а" не знаат да изустат.
    Оти бе вака?!?
    Страв ли е, срам ли е ...
     
    На Sar-Ste, Selest, Srcka $ и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.359
    Пол:
    Женски
    Пресмешно ми е кога си одиш по улица и одеднаш а wild човек appears и сега да не се судрите во истата секунда се обидуваш да го заобиколиш од лево и тој трга лево, па пробуваш десно и тој десно и така засекогаш... У такви моменти ми доаѓа филм а што ако заиграме валцер онака рандом, па после да бркаме работа.
     
    На Sar-Ste, Asistentkа, Lella и 21 други им се допаѓа ова.