Некако многу се натажив со девојкава што погинала. И беше другарка на една моја другарка. Самата помисла дека денес те има, а утре можеби не, ме извади од памет. Нека почива во мир.
Еве ме дечки , посе ни ја не знам точно колку долго време. Отворив со намера да ви составам едно депресивно текстче и да напишам се она што стварно сакам некому да кажам. Но се предомислив сега и ќе во пишувам друго. Во последно си го слушам Врчак , и ме интересира дали ви фали човекот ? Зарем немаше баш хитчиња? Мене ми е ѕвер и неповторлив. Ама штета,го снема оддамна. Вака така, направив 6 месеца на работното место и искрено со овие 200 евра нема живот ни како мома ни па кога ќе имам фамилија. За жал, една од најголемите причина што не брка сите нас од тука Многу пати посакав да е поинаку, а и којзнае уште колку пати ќе посакам и ќе заплачам зошто не е така, тек кога ќе заминам. Убедена сум дека се се случува со причина, убедена сум дека секојдневно грешиме сите ние. Убедена сум дека се трудиме максимум и даваме се од себе, но не можеш да контролираш се што се случува. Да гледаме на брајт сајт и да пробаме да уживаме во моментот.Некогаш и не сфаќаме колку брзо минува животот.. Додека трепнав, пораснав и сносив одговорности па сега пробувам да се снаоѓам како знам и умеам. За крај дечки едно стихче од Повторно сам-Врчак Во твојот поглед бев безгранично изгубена, за прв пат сфатив што значи да сум вљубена.
Никогаш нема да го заборавам вкусот на мастиките Чунга Лунга. Кога и да ја ставам оваа мастика во уста,ќе затворам очи и ќе пловам во моето детство. Убави и лоши денови од минатото се поминати со Чунга Лунга. Земете другари/ки...
Моите две маани што страшно ги мразам кај себе. 1. Тешко будење сабајле: -Страшно тешко. Пет аларми не ги слушам еј! Пееееет! И тоа на snooze сите пет во сон ги стискам. Е тоа го слушам, ама како да не е мој алармов. Земјотресот 4 рихтер не го осетив пред неколку месеци што беше. Ок, значи мора да има некој да ме разбуди. И тој што ме буди си го крка нели. Пола саат се протегам. Не сакам никој да ми збори тој пола саат, некогаш и цел саат. Мечка. Ми е страв утре детето нема да си го слушнам како плаче. 2. Морам секогаш да задоцнам: -Е од ова нема нешто полошо. Значи срамови ме јадат. Ми беше и преполовена плата последен месец. Добро за тоа не ми е жал, едвај чекав да си отидам. Не ми е јасно како секогаш доцнам. Ако облечам нешто, во последна секунда за друго се фаќам, се пресоблакам. И да, таман спремна се фаќам за квака, демек за на време да стасам, ми текнува сум заборавила нешто, ајдеее назад. Една преваспитна сама на себе да си удрам, оти вака не ја бива. Посебно денес, добра другарка ме чекаше 30мин.Мислам повеќе ме здоболе тоа, него скратената плата. Ок, излезе да треба по пат да наминам на друго место. Секогаш ама секогаш мора да има оправдување кај мене. Некад и на време кога ќе излезам, пак доцнам.
Мислам не смее пола плата да се куси за доцнење. Мислам до 20%смее. Ама ако се повторува постојано доцнење прво се предупредува за отказ и потоа слободно следи отказ ако не се поправи поведението на вработениот. Сепак напредните земји и економии овој проблем го решиле со флексибилно скалесто работно време.
Мислам дека не праведно те казниле на тој начин дури и без предупредување. СКД апсурдот во нашиве фирми. Се очекува да дојдеш минимум пола саат пред раб.време да останеш по завршување на раб.време и да подзачистиш,а не ти е тоа во џоб дескрипшн,ама мк.газда вели ти си валкал(а не муштериите) ти да подзачистиш. Се бара се да е на време а ти за возврат да не бараш плата на време јер плата није проблем,плата=пара нема. Плус откако ќе го вработиш гледаш за се да му преречеш како тоа го сработил или да му најдеш грешка за да го казниш и скусиш на плата. Мк.газдарски менталитет барам работник да го тортурирам. Па последователно мк.работнички менталитет не ти прифаќам за 12 000 зошто знае од старт дека ќе биде скусен 1000-2000 па за 10 000максимум?
Не ги сфаќам мажите кои се женети да пишуваат по фб на млади девојки. Од едно "здраво кукле" ми се згади. Отвараш профил го гледаш со женичката свадбица, на друга слика обесен златен ланец на врат. Легнат во кревет по долна маица. И врвен успех му е "Здраво Кукле". Поука: Отварајте очи што прават мажите по фб, џаба брак, хартија,се кога у ѓаќи не си го држат.
Живот е тоа оние кои отров ни пуштиле во крвта никогаш не помислуваат дека ќе се отрујат од истиот........
Колешка само се фали она е нај мајка,безусловно си ги сака 2та сина. Ама на профил слика гушната само со едното. И велам кај е----- ми вели знаеш малово е пофотогенично големово со наочари па вака па така. Е тоа е таа безусловна мајчина љубаФ. Така да децо одете прајте деца,по можност пофотогенични да се.
Си направив топло чоколадо во омилената керамичка чаша и седнав до парното, уклучив лаптоп и сакав да си кажам се што ме измачува овај период, а тоа не е малце, а тоа не е ситница и не е каков пар штикли да си земам. Не живеам за луѓето, не живеам ни за нивното мислење и дали ќе ми кажат дали убаво ми стои новиот фустан. Ама некако како да се губам самата себе во овај лавирнт наречен живот. Не ги заджувам личностите...Ќе се потрудам да бидам поедноставна... Сум запознала многу личности, ама ете дел не се со мене, ме изгубија мене и себе. Ќе ги наречам дека беа добри другарки и дека ми е жал оти не сме сега заедно да пијаме топло чоколадо ама како еден дел од себе да ми се смешка и да ми вика, заеби се што треба така е. А знаете, чував тајни, интуицијата не ме лажи и знам доста за тие личности ама ете...некои другарства треба да се завршат на начин што ќе ме блокираат. И ако можеби ми фалат дел од нив, само дел...или можеби ми фали едно излегување од час или два за да почуствувам дали повторно се тие истите или не. Пишав тука во Сакам да кажам на овај форум пред месец, месеци пол нешто за љубовта...епа сега лебдам сама ама не сум осамена...не знам ни во главата што ми се случува...Барам логика во многу нешта, така и со тој поседниот. Беше океј, сакав да биде убаво и доста се трудев и пак ќе пишам, доста се трудев.Ама не го забележуваше ти тоа.Тој беше мислам заглавен во некој емоции и во некој димензии што бившата му ги има дадено.И не реков ништо против тоа, долга долга врска ама што почнуваш нешто со реченицата " сакам да биде нешто сериозно" и не во буквална смисла ама додека да трепнам се се спуши како кула од карти. И пак ќе кажам беше можеби навремено раскинување оти почнуваше во тој период да ми се создава некоја ситна емоција ама убава.Ситна, убава и што предизвикуваше трепет кога ќе те видам....И добро заврши....почнав да се допшивам со еден тип. Да, ама тој поради обврски поради 300 други работи никако да се погодиме да излезиме. Ми враќа или океј нормално или пак на 2-3 часа ама разбирам поради работата е.... Не знам ни што да мислам ни што да правам Последно добив коментар од добрадругарка дека мн јаки совети давам... А, да.... а себе се губам.
Кога на едноставното му здосадува да биде едноставно станува комплицирано. И обратно. И така во круг, ни напред ни назад. Се додека некој не каже "Стојте, ајде од овде по овој пат."