Она кога има потреба најосновни непишани правила на кои се учат деца на претшколска возраст, да се напишат и напоменат на јавни места... #МакедонијаВечна
Убаво е чувството кога некој што ти значи се променува ради тебе. На подобро. Тоа што дотогаш си го сметал како маана и сакал да го промени, со твоја помош го променува на подобро. Не дека дотогаш бил лоша личност, или дека сакаш да го смениш, едноставно дека и ти му значиш многу.
@Bitter-Sweet значи не сум била единствена,море ни прв дел немам видено и не планирам,не ги сакам исфорсираните и префалените работи т.е филмови. @Purplelilac леле и ти си имала давеж другарка ко мојава,арно викаш да ги пратиме заедно нека си го гледаат Леле,и синоќа пак ми рече,не се откажува дур не ме одвлечка да го гледаме
Штета што некои ја потцеуваат емоционалната ителегенција и фактот дека емоциите се енергија кога бара да биде изразена. Таа енергија не се потиснува. Секако ќе избие еден ден на површина. Или како болест или како неконтролирано однесување.
Човек треба секогаш да е љубезен со своите пациенти, особено кога тие се љубезни. Влегувам во ординација за преглед, и ги кажувам симптомите на докторката и ја прашувам да ми каже врз основа на симптомите што треба да се направи (каков вид на преглед) и таа ми одговара дрско: „Јас велам да се направи детален преглед, ама без пари нема да те прегледам тоа е сигурно“. Благодарам што ми кажа, дојдов кај тебе на преглед за да не ти платам воопшто.
Не можам да ги сфатам луѓево што буквално се' мора да документираат на социјалните мрежи. Натерала некој да ја снима за на Инстаграм дури пали свеќа во црква, во меѓувреме и разџвакана со мастика во уста.
Сакам да кажам, животот не би бил тоа што е без сељаците околу нас. Секогаш ќе постојат малоумни личности кои ќе ги ставаат во ист кош определени луѓе за после да ти ги извртат зборовите, секогаш ќе постојат луѓе кои не се свесни дека ти имаш право да кажеш НЕ, секогаш ќе постојат луѓе кои ќе те убедуваат да имаш исто размислување со нив, во спротивно те мразат или гледаат како ривал. Но, токму таквите на крајот од денот ми покажуваат колку само не вредат. Животот е убав.
Денес сите ќе дебтираат па овој празник го славеле, па оној, па во оваа религија бил, а ние сме во другата, а љубовта, онаа која ја занемаруваме и закопуваме длабоко во нас во фајлот „НЕБИТНО„ е таа пустата е иста во секоја религија и во секој човек. А денес, денес ако не знаете да препознаете љубов послушајте ме мене... Љубов е раката што ве држи да не пропаднете, очите кои трескаат секаква глупост да ве насмеат, повик кој ве извлекува на кафе и вели „а бе насмеј се, да те гледам така...“ и гласот на кој му се јавувате во 3 по полноќ кој вели шшшшшшшшшшшшш , ќе помине се...
Патувам низ улици кои не ме водат никаде. Милиони луѓе покрај мене, а ништо не ми значат, исто како да сум сама. Сакам да го вратам времето назад кога со мајка ми патувавме со воз низ пола Русија. Тогаш ги мразев тие моменти, а сега сѐ би дала за да ги повториме - секоја од нас задлабочена во свој свет, но заедно и среќни. Ме боли минливоста на животот, но ме прави да го ценам повеќе од кога и да било. Среќна сум, но на моменти толку изгубена, се гледам од страна и набљудувам. Дали ова ќе ми помогне да ги достигнам висините, или ќе ме сруши, не знам. А би сакала да бидам сигурна, дека не грешам.
Пак летам со паметот. Аранжмани си правам за во Јапонија, Кина. Не го броиме џебот, така...нека летаат мислите. Толку многу ми е загушливо. Сакам да избегам од се околу мене, барем за момент. Ми треба одмор од се. И онака се губам по тесниве ѕидови на земјава наша, тесни до клаустрофобија. Секое катче задолжително корумпирано. И си црпам од еден бунар надеж за подобри денови, не знам уште колку вода останало на дното. Чекам универзумот да сервира убави вести пред да полудам. Дет вуд би гуд. СДК толку сум изморена, што не можам да мислам на ништо друго освен на тоа дека сум изморена. Очајно сакам да се опијам, за да се преправаме дека тоа ќе помогне. И ова ќе помине... Некогаш... Ми треба сонце да се осетам силна, зошто сега се чувствувам толку многу малечка. Да лапнам од тие енерџи топчиња што ги има во серијава што ги гледам. И тие се полнат од луѓе, а моиве луѓе...
Мајки, не знам кој ѓавол ме тераше, вчера ја отворив темата за вакцини. Косата ми се крена, цела ноќ око не можев да склопам. Денес прво нешто што направив, се јавив на мајка ми да и кажам фала за сè. Алал нека ви е, со такви тешки дилеми во глава не може да е лесно.
Ден на виното и ден на љубовта, а јас пак сум без дечко традиционално Ма добро е, барем вино имам за вечер и химната за Валентајн ќе ечи на најјако Честит Валентајн и Св.Трифун на сите што си славите
Note to self: Matotheja, не јади чипс додека читаш книга која си ја позајмила. Првата страница ја направи лом. Како ќе ја вратиш сега? Oh the horror.
Еднаш еден тип ми даде утеха "твоите стравови се реални, да не беа немаше да се плашиш." Така јас се плашев дека си ја сака се уште бившата, и еве сеа ќе иде да продолжи студии кај неа у странција. У меѓу време стапиле у контакт. Коинциденција или стравот реален ми бил? Ево не знам.
Жално е што на вакви денови само,си давате значење на дечковците,девојките.Ова е исто како да чекаме само задушница,за да се сетиме и посетиме на оние кој не напуштиле.
вчера во цвеќара ... -леле што е убав венецов -за неубаво е -Алал да им е чим ваков венец само за неубаво даваат. -И ти си во право.