И како зачини нна утринското кафе речиси нна секое работно место утрово се дискутира за која девојка што добила од партнерот, и тоа секако со акцент на суми и луксузи... А јас... како да им кажам дека луксуз ми беше фактот дека возел толку за да пие едно кафе со мене, за да гледа додека ми лута погледот ноколу сосема неспособна да разберам што зборува, дека лусксуз ми беше тоа едноствано внимание, но испорачано во вистинскиот депресивен момент, да ме потсети дека уште, уште многу има мигови за живеење и врати за отворање.... не беше пандора, нити луксузно вино,нити 101 ружа, беше јас и тој и мирис на кафе, и насмевка која полека се враќа на моето лице, а мислев ме заборавила деновиве..............
Плитка нека сум, посакувам некој за валентајн или 8ми март или за рандом ден да ми купи апарат за вафли. Вертикален. Се заљубив и сакам да го имам. Во буџетот немам издвоено средства за непланирани трошоци па затоа... Ех што ми е далеку роденденот А ништо не ме радува повеќе од тоа кога ќе ми се присака некој чај или сладолед или некоја ситница и некој од моиве ќе ми донесе. Најголема радост е. Тогаш мислам се осеќам најсакана. Како сега Кратко траат моментиве, ама убави се. СДК и онака се е на лево, барем левак да станам, подобро може ќе ги возам работиве.
Силните личности знаат како да си го одржат животот во ред. Дури и со солзи во нивните очи тие успеваат да кажат "Јас сум добро!"
Не рекле за џабе не постои втора шанса за прв впечаток. Треба да знаеме кај кого одиме и како да се однесуваме. Не може со сите исто. Мал гест ми го разубави денот. На едно место каде што бев, сум оставила супер впечеток. Само да знаете колку се трудев тоа да испадне така.
Од луѓе преферирам одговорни и почитувачи на моето време. Ако не го почитуваш моето време не ме почитуваш ни мене, едноставно е. Без оглед другар, дечко времето се почитува. А ме договараш мене и си идеш на друго место и ми велиш да те чекам и на крај јас сум се лутела за џабе. Ако не сфаќаш во својата тиква која е мала, џабе јас ќе ти објаснувам што е почит.
Сакам да кажам дека она што нема да те убие ќе те направи посилен. Мислам дека е едноставно. После јако шиканирање, излегувам победник Thanks to God
Разговор меѓу две повозрасни жени: Ж1: Во последно време осеќам замор и главоболка. Ж2: Си била на лекар? Ж1: Не сум била. Ж2: Направи си преглед за да знаеш. Ж1: Не гледам добро одблиску, можеби и од тоа да ми е така. Ж2: А си била ли на очен лекар да провериш диоптер? Ж1: Не сум била. А да ти кажам може да ми е од тоа. Ж2: Оди побрзо и не чекај. Ж1: А,не сакам наочари да носам. Ми сметаат, а може и да ги заборавам. Имам лупа во ташна П.С. За некои и лупата е револуција на денешницава. Толку силна што го заменува диоптерското стакло. Иновативно откритие... А ние кутрите не сме знаеле дека навремената контрола на офталмолог некој ја надминал. Од денес да си знаете. Наместо очила, лупа во чантите да носите. А по потреба и двете за одблиску. А што правиме за поглед надалеку???
Сакам да кажам дека на моменти ужасно многу боли фактот што живееме во свет кој стана толку суров. Боли фактот што живееме во општество кое постојано ни нуди нереални нешта и ни го прави патот уште потежок кон прифаќањето на себеси. Но, тоа не е важно. Сфаќам дека на крајот од денот, важно е само да се насмееш и да се сетиш дека мајка ти не те носела 9 месеци во неа за да ја споредуваш својата уникатност со останатите.
Погрешно разбрав дека починал еден човек, им кажав на неколку луѓе и се потресоа. Испадна човекот имал грип. И се лизнав по скали, се лизгав до пола скали. Сега срам ми е да кажам кај имам модрици. Кримсон 2018
Пред ординација кај доктор единствена бев што со себе носев само здравствена картичка, а останатите пациенти носеа и мало поклонче за мало внимание на докторот Кој вино, кој чоколада, кој кафе, кој бомбоњера, кој во раце, кој под раце...Битно само јас бев ко од Марс падната без мало внимание за докторот, а другите како на куќна слава да одеа. Ајде еден или двајца пациенти да зеле од благодарност, ок, ама сите присутни? Почнав да гледам дали е скриена камера или да не има некаде натпис за задолжително поклони да се носат И после сакате на сите луѓе исто внимание да обраќаат и да не бидат арогантни, епа продолжете со пијалоци и благи да ги частите и за обична контрола, па докторите сигурно ќе почнат поприродно да се однесуваат. Оваа глупа навика кај народот никогаш нема да се искорени. Како на автомеханичар што му е работа да поправа коли, како на професор што му е работа да дава знаење, како на фризер што му е работа да шиша, така на доктор му е работа да спасува животи и да дава совети без да прима поклони. Ама заборавив дека во Македонија живееме, па нормално е ова кај нас Едно кафе за сестрите, една чоколада за докторот
Сакам да кажам дека кога си труден, некако сите одеднаш се трудни. И во Силбо и во Тритекс, и по улици. Или мојата перцепција сега фаќа поинакви бранови и натаму ме води. Се чував деновиве небаре од нервози и емотивни земјотреси, но оди и помири се дека Калина ја нема? Дека Калина, наша Калина нема веќе да доаѓа на Астални. Дека нема да пиеме ракија во 103ка и Тома ќе ни се смее дека сме будали. Дека нема да си пишеме онака, некогаш на фб скроз неповрзано. Дека вечно отиде да почива во својата голема љубов - планината. Не сакам да верувам во фер и нефер. Животот и смртта се иста паричка, кому како му се сврти, така ќе замине или ќе остане. Калина беше и ќе биде жив симбол дека таквите луѓе како неа, просто не може да умрат. Тие живеат во секоја слика од природата. Секој чекор стапнат во лазарополско поле или бакнеж на дожд кога градот заспива. Му зборувам на своето неродено дете дека овој свет е нејасен и за мене, но вреди да се види. Дека ќе мора да биде борец, да го бара светлото во секоја темнина и да знае со срцето. Можеби се трескам од земја и врска нема тоа што комуницирам така, ама верувам дека мојата волја е и негова волја. Тоа е патернот во мене и спојот на моите и емотивните заврзлами на татко му. Денес бев до кај моите на кратко измеѓу девет обврски и во средбата со својот дом, ми навираат солзи. Мојот кревет, моите книги, купчето цедиња, Едит Пјаф нацртана со чкорче од париските долапчиња на Монмартр, перницата со Гарфилд и ресите на прекривачот... Не сум веќе дете, но во мене имам дете и уште едно дете и многу многу љубов што ме поплавува и преплакува од што така... Хаос сум. Жива сум, и за тоа благодарна. И денес пржевме суџук за ручек и инстантно се вратив по инстанбулските улици. Гравчето го погодив 10 + и вечер ќе имаме аудитивни борби. Животот е навистина, неверојатна, едноставна приказна.
Па јас во темата за Астрономија постирав интересно прашање за кое имам белешки и пресметки, како и нова тема за Паракосм во психологија ама тоа е ... никого не го интересира, никој не одговара
Ееееее, и јас така еднаш се чудев што се случува. Одам прв пат на специјалист и сите спремни со мала пажња. Луѓе од цела Мк имаше, на закажано на мој термин чекав уште 2 саати. Влегувам внатре кога што да видам, освен ординација, женава може да си отвори комотно маалска продавничка. Или бифе. И не претерувам, ама имаше 3 огромни кеси ПОЛНИ со поклони, и плус торта на биро. Па се врти натаму, си каснува парче па ми се врти мене ме прашува. У меѓу време и други пациенти во ординацијава се врткаат, чекаат и они преглед, ВНАТРЕ. Оди ми вика соблечи чорапи да видам, зима со лупа гледа и си чматка. НА 10 цм ОД МОИТЕ СМРДЛИВИ НОЗЕ ИЗВАДЕНИ ОД ПАТИКИ. Секој пат кога бев, истата слика пред очи. Си мислев баш, добро што им прави на волку поклони. Па не може да се испијат/изедат, утре нова тура иде.