Земаш чадор во случај да врне дожд, ама надоаѓа бура. Тој чадор е премал за да те заштити. И тебе и оние кои сакаш да ги спасиш. Посакав да те прашам дали изгледаш толку среќна и кога си сама со себе.Посакав да те прашам колку те боли таа лажна насмевка што пред сите неуморно ја носиш. Колку тежат солзите кои ги криеш зад сјајот во тие очи тажни кои предолго светлина не виделе.Колку те гребе тој зарипнат глас кој те издава понекогаш кога ти се плаче, а се смееш.Дали горчината која ја носиш во себе нема да ти ја отрови душата, зашто предолго ја криеш. Горчината е полоша од најевтината цигара. Сакав да те прашам, како издржуваш да се справуваш со толку многу работи додека во главата како досадни муви, ти кружат мисли со брзината на најбрзиот европски воз. Мисли од кои немаш мир ни кога спиеш. Мисли кои те пратат додека се будиш, додека го пиеш првото кафе, додека ја палиш цигарата, додека јадеш, додека читаш, додека заспиваш...Сакав да те прашам зошто пробуваш да се објасниш некому кој не заслужува да му упатиш ни буква. Ха, има многу кои зборуваат дека преживеале бура, а не знаат што е бран. Сврти го грбот на сите кои не заслужуваат да ти го видат лицето. Поштеди си ги зборовите пред оние кои те слушаат за да ти паметуваат. Точно знаеш кои се, точно знаат и тие, ама се прават дека не знаат каде грешат. Исправи ја таа паметна глава, затвори ги очите и пушти ги солзите нека течат додека не пресушат. Овој свет за тебе е провинција, малечка.Овој свет не видел и не знае ништо.Зарем ќе им дозволиш да продолжат да те кршат?! Зарем сеуште ќе ти напукнува срцето од нечии зборови кои вредат помалку од ништо. Ако го одеа тие твојот пат, точно знаеш каде ќе беа сега, а погледни се ти. Ти се бориш против светот. Ти поместуваш планини, ти запираш бури, ти топиш ледови. Сосем сама. САМА. Посакав да те прашам како успеваш да не полудиш. Наместо тоа се смеев со тебе кога ми се плачеше. Наместо тоа научив да живеам како мојата кожа да се срасна со твојата. И чекорев лесно како на себе да носам херојски кожув. И престанав да им се објаснувам на оние кои ме слушаат за да ми паметуваат. И им свртев грб на сите кои не знаслужуваа да ми го видат лицето.Со страшна и чудна леснотија и со брзината на најбрзиот европски воз. Сега патуваат во мир.
Лажат кога ќе кажат бројаните денови брзо поминуваат сосема обратното е . Еден ден ти е рамен на век кога чекаш нешто да се случи кога ќе поминат тие денови. Среќа ќе беше брзо да минуваат.
Sdk sekoj den pravete nesto od sto se plasite. taka ke se uverite deka naprotiv voopsto ne bilo strasno. Zivejte go zivotot so polni gradi, sekoj den kako da e posleden. Nikogas ne mozeme da znaeme koga stvarno ke bide
Денес кога се враќав кон дома имав време да шетам по снегот што се стопил. Ми крцкаше под нозете мразот. И ме преплави едно преубаво чувство,ослободеност од сите стеги. Ми летнаа мислите ко бели гулаби се стопија во белите пуфлести облачиња. Горе бели облаци долу бели снегови. Белина,чистота душава ми ја преплави.
Денес некој со својата појава, сосема несвесно ми даде голема лекција, Ете така молкум ме потсети дека иако сега душата, очите, облеката се обоени со црните тонови како немоќта, бесот, пискотот на срцето, тие околу нас, ете тие што рака ни подаваат се оние со кои кога најмалку очекуваме ќе ги славиме добиените битки, тие се оние со кои ќе ги облечеме сите бои од спектарот, ќе сјаеме и само ние ќе знаеме какви ни се раните кои сме ги поминале заедно... А дотогаш...е дотогаш мора само да се држиме цврсто во ова бура, цврсто еден до друг....
Ме потсети на една изрека. Година поминува ама еден ден никако. Но, добро е додека имаме што или кого да чекаме, причина да и` се радуваме на иднината. Кога вреди да се чека
Сакам да кажам дека сум тажна. Едвај чекам да се тргнам од некои луѓе. Едвај! Да зависеше само од мене одма. Но во брак со мало бебе сум.
Да удриш женскои тоа вработена во полиција во униформа,вршејќи работна задача. Правиш две злодела Насилство врз женски пол. Напад на полицаец. И да се шеташ на слобода после се ова
Смартфониве треба да имаат и потсетник за на која автобуска треба да се симињаме, пошто ете прееска една девојка во автобус си ја пропушти станицата зјапајќи во телефонот.
И двете се злодело не дека не се. Но како и што напишав: ,,Насилство врз женски пол" Нели бевме,сме против тоа,па казната е ×2. Но во случајов е ×0 https://m.mkd.mk/makedonija/politik...ochka-kampanja-protiv-nasilstvoto-vrz-zhenite
Пa нели физички пoслaби беa, вo рудници не мoжеле дa рaбoтaт, сo кoпaчи истo, тaкси не мoжеле дa вoзaт зaрaди ризикoт нoќе некoј дa не ги нaпaдне, штo сегa не е јaснo? А кoгa се пoкaжувa силa нa некoј нееднaкoв нa тебе, секoгaш е пoгoлем прoблем, кaкo нa пример кoн дете, или инвaлиден...Акo сме еднaкви тoгaш признaвaш декa мoже вo рудници дa рaбoтaт и вo Мaкедoнијa пaт?(вo случaј дa рaбoтеше кaкo требa)
...и најважно, дека ти продолжуваш да живееш преку нив, твоите гени продолжуваат да живеат во се' пософистицирана варијанта! На овој начин и самите ние никогаш не умираме вистински, дел од нас секогаш продолжува понатаму!
Нестрпливоста ми е непријател, ете, конечно сфатив. Колку пати се имам изнервирано поради тоа што некој доцни, не ми одговара веднаш на итен е-мејл, или откажува средба поради х причини. Секој пат поради ова дел од денот знае да ми се расипе, затоа што сакам сѐ што сум наумила веднаш да ми се исполни. Колку сум била во заблуда.
Имаше една изрека, навикнете се на човечката неправда, така ќе бидете посреќни, па си го применувам ова, рамнодушна си сум.... Од едно уво влези, од друго излези....
Едноставно е да се биде во улога на судија и да се анализираат туѓи одлуки кои произлегуваат од одредени причини. Безобразно лицемерно е осомничениот да се третира обвинет. Фрлете ја суетата настрана и не бидете слепо уверени дека тоа не може да Ви се случи. Се додека не се најдете на местото на страдањето, е премногу дрско да се осуди некој. Всушност, многумина оставаат подобар впечаток кога молчат.
Кога треба секој ден по 8 саати просторот да ја делиш со токсични и безобразни луѓе, најдобар лек е молчењето и слушалки на уши.
^ А ако не можиш слушалки да си приуштиш ради работното место. Ќе си замислуваш слушалки и ќе си потпевнуваш. СДК се повеќе и повеќе лошотилоци по луѓето. Само отров да се пушта.
Не рекле за џабе сам што ќе си направиш, не може никој друг. Некогаш се мразам себе си, што сум толку мрза( не знам дали е правиот збор) за себе си. Секогаш другите ќе ги ставам пред мене, отколку самата јас. И на 30 не научив себеси да се ставам на прво место.