Ниту еден збор од погорниве не ми е соодветен за прокрастинација, одложување можеби ама познавајќи една таква личност, стварно зборот ми е соодветен за личноста оти збирштина од карактерни особини ми е Ако најдеш соодветен збор, кажи, радо би го употребувала. Значи треба зборот да означува мрза кога се работи за обврски кои не ти се по мерак па ги оставаш за последен момент (со надеж дека може друг ќе ги превземе или магично сами ќе се решат) но во глобала не си мрза, безделничар или ебаваш сојки Флегма ли, не знам.
@x.Daisy.x, @Bridget, ја веќе реков дека немам ништо против зборот и најверојатно ич не би ми ни бодел очи кога луѓе би го користеле во соодветен контекст и се разбира, со усул. Ама, 99% од луѓево до лани не ни чуле за зборов, а сега одеднаш, не можат да си го замислат животот без да го употребуваат секој ден, па секој десетти збор им е „прокрастинирам“, „прокрастинатор“ или „прокрастинација“. Јок, не паѓам ја на такви фори. Уствари, трендов ме асоцира на еден друг збор што исто почнува со „про-“, само што овој не е латински. П.С. Ако ми текне подобар синоном на нашки, ќе пишам - оние погоре ми текнаа у моментот. П.П.С. Дејзи, ако видам на друго место зумбули за садење, ќе ти пишам.
На тема зборот procrastination, еднаш ми се падна на spelling натправар и ја го утнав и не освоив ништо. А самоуверена бев што да ви кажувам , и од што се изнервирав дека сум утнала не ни видов каде ми беше грешката. Не ми евоцирајте веќе горки спомени.
Понекогаш може да се случи да не го добиеме тоа што го посакуваме. Но сепак тоа да е најдоброто нешто што може да ни се случи. Се се случува со причина...
Dinner for one е најбезличниот оброк на светот. Јадење за да преживееш. Нема сласт, нема уживање, нема потврда дека е убаво зготвено. Нема желба да биде убаво зготвено. Пиењето кафе сам е само обид за расонување, будење или навика. Никогаш нема да го има истиот шмек како пиењето кафе во друштво. Ни спиењето сам не е убаво, креветот одеднаш е преширок, преладен, пренаместен. Човекот не е создаден за да биде сам.
А за сѐ друго ќе се согласам со тебе, освен за кафето. Јас кога пијам сама кафе тогаш можам да уживам, да одлутам некаде со мислите, да размислам во мир за некоја одлука која треба да ја донесам. Пиењето кафе со друг ми е навика, ете да не биде на „суво“ муабетот. Ми го нема некако истиот тој вкус и мирис како кога го пијам сама.
Навика. Јас какао пијам сама. И црн чај со млеко, како права англиска лејди Тоа никако не ми се друштвени пијалоци.
Ако не се потрудиш АПСОЛУТНО нема да успееш. Секој преземен чекор ја крши апсолутноста и ја јаде за ужина.
Здраво Феминки Сакам да кажам дека сакам да ви е убаво, убаво ми е и на мене. Уживам во овие дождливи денови иако некој дел од мене посакува и да види сонце, конечно. Не знам за кај вас, но во Гвг заврна снегче пред една недела, а траеше дури три дена. Во овој град има снег на 5те, 6те години така да искористивме за една убава прошетка. Градот беше баш глетка за опис во книга... Поздрав накај вас.
Тивка мартовска ноќ на исток ѕвезда свети, купив 8мо Мартовски подароци сила и моќ ми ветиија . Ми се заврте песнава во глава.
Мислам дека нема баш соодветен превод на "прокрастинација". Различно е од џаболебарење, зашто прокрастинаторот си наоѓа нешто корисно да прави. Пример, место да сработи денес, ќе го средува плакарот, ќе го исчисти цел стан или ќе се убеди дека е многу важно да заврши некоја друга работна задача што не е приоритет. Пример, место да работи на месечен извештај со рок од неколку дена, почнува проект со рок за наредниот месец. Избегнување приоритети е всушност, и себе-убедување дека сепак нешто корисно правиш, а не џаболебариш. Спиење, гледање филм, фејсбук - тоа е џаболебарење. Прокрастинаторот се фокусира на помалку важни задачи за да се чувствува корисен, и на крај пак се чувствува виновен. Друга психологија е ова. Не знам кој би бил соодветен термин на македонски, ама не е ни безделничење, ни џаболебарење, дремење. Ебавање сојки може.
Често кога станува збор за луѓе што имаат мака со проблематична околина, многумина знаат да се фокусираат (дури и со прекор) на (не)можноста да се одбраниш и да вратиш во иста мера, макар и ако се работи за ранливи личности во најранливи години. Не негирам дека како дел од борбата за своето јас и свое место под сонцето, во животот е несомнено важно за секого да научи на свој начин да се одбрани од секакви луѓе – но гледајќи ја пошироката слика, не е ли поважно и повредно за потенцирање искоренувањето на негативните појави од кои треба да се браниме? И тука секако доаѓаме и до муабетот за воспитувањето... Да, важно е на глобално ниво родителите да ги учат децата да знаат да се одбранат или игнорираат потсмевање и психичко малтретирање во училиште, но многу поважно е што повеќе деца да бидат воспитани да не бидат bullies од кои некој ќе треба да се брани. Полезно е женските да знаат начини да се одбранат во случаи на сексуално вознемирување, но неспоредливо поклучно за општеството е машките да се воспитуваат да не се однесуваат недолично (за нешто посериозно и да не станува збор). И воопшто за секоја ситуација во животот – една личност во развој никако не е правилно да се воспитува да биде „ѓубре“, без чувства, да гази сѐ пред себе без осет за никого, туку баш спротивно – да биде таков човек што нема никого да предизвика на момент да помисли дека жали што не е воспитан на ваков начин...
Кога негувателка во заедничка група со родителите ќе пише дека дома со децата треба да се вежба лева и десна страна за полесно и побрзо да се научи зошто тоа го бараат и на тестирање за запишување во прво одделение, а родител и враќа - Затоа си ти таму ставена, да вежбате секој ден, имате време и повеќе време поминувате со децата од нас родителите. Кога родител најситна обврска ја одбива за своето дете дома, кога очекува негувателките да им ги воспитаат децата, да ги научат на манири, бонтон и основна култура, што останува за големите обврски што тек допрва доаѓаат?
На крај, Можеби сите ние сме светилки. Во потрага по нашата сопствена темнина, само за да покажеме колку многу сите можеме да блеснеме