Сакам да кажам, постои таков тип на девојки кои поради Х причини во пријателството не можат да бидат нормални и природни. Сѐ се сведува на лигавење, исфорсирани плитки муабети, глумење лудило, праење селфиња со истите фаци и пози - како од калап вадени. Да не зборам за правењето драма у случај куче да почне да лае покрај нив или нокт да се скрши. Па тоа крај на светот е. Епа не фала, никогаш не ми притребало тоа. Машките се подобри пријатели кога станува збор за дружба. Едноставно го нема тоа што го има кај женските. Нормално, морам да напоменам дека не генерализирам, иако ова на прв поглед изгледаше на генерализација. Нема да ги ставам во ист кош сите луѓе, затоа што не се сите исти. Сѐ уште постојат нормални и кул женски кои се сѐ обратно од тоа погоре што го наведов, но и машки кои се бетер од женски, па не можеш да оствариш пријателски однос со нив. Како и да е, поентата ми е дека ако веќе треба да бирам помеѓу машки и женски пријатели, попрво би одбрала машко.
Сакам да кажам дека денеска испаднав најголемиот дебил што некогаш живеел на планетата земја. Тоа чувство на дебил е исто како чувството да те уринира некој од ќерамиди. Простете ми на вулгарниот и простиот израз.
Од денов денешен јас лично и персонално се одрекувам од марула! Моја рака не пипа тоа, а не па да вкусам. Ми скокна крлеж. КРЛЕЖ еј!!!! А колку салати имам изедено наназад кога ќе се сетам! Лошо ми е.
Само очите ... Само тие ги издаваат оние што не сакаат ... Само тие знаат да покажат што не знае устата ... Само тие знаат да покажат љубов, грижа, нежност, недостигање, потреба, ненаситност... Само тие знаат искреност да покажат кога не бараат во секој друг ... Само тие може да ни покажат слабост, солзи ,трепет... Ах... А тоа толку време го имав заборавено ... Да гледам само во очите и да верувам, повторно да верувам во љубов ...
Немам навика да цитирам, али за мене сиве овие работи што ги наброја уживам да ги правам сама. Првото кафе обожавам сама да го пијам во тишина и уживам да јадам сама, тогаш со најголема сласт јадам А за делење кревет со љубениот, сеуште не сум доживеала, така да не знам. Ама баш ми е убаво да си се ширам сама во голем кревет, кнап.
Исто така од немиена марулата може да се добие и кучешка тенија.Познавам една жена со ваков случај.Јас од кога дознав нејадев еден период после со лупа ја миев
Сакам деца,и на гости кога ќе ми дојдат се однесувам пристојно и кул со нив,се до моментот кога ќе почнат да ми чепкаат и претураат по личните работи,а мајката си седи настрана,си пие кафе и ми вели насмеана:ако не сакаш да ти чепкаат,стави ги во друга фиока работите! Молам? Во моја куќа јас да кријам и преместувам лични работи,само оти децата на комшивката или на некоја стара роднина сакале да претураат и растураат
Абе, кога ќе дојде ред да мораш да си зготвиш сама, само за тебе, да седнеш и сама да си се најадеш, одма се менува размислувањето
Си ставив маска за лице и остава нежна резеда трага. Јас со маската не лице и со насмевка на уста. Ми текна така кога ме виде либето и ми вели леле алергја имаш цела и исфрлена на лицето,позеленето ти е.
Еве една идеја до мајките на форумов. Кога веќе ја започнавме фештава, подарете им и вие нешто на вашите ќерки за Осми март. Нивен ден е исто толку што е и ваш. Само не им купувајте тенџериња или средства за чистење на попуст. А да, ако имате машко и женско дете, потенцирајте му на момчето дека освен вам, треба да и' честита и на сестрата. Бидејќи не е woman appreciation day, туку нешто сосем друго.
Косата ми се крева кога некој ќе ми каже "Зошто пушиш, се труеш само!?". Не сфати народов дека секој што сака тоа ќе си прави. Дека тоа е личен избор и дека таа реченица е демоде веќе. Личен избор и право е тоа. Секој е свесен за последиците. Доста се гледаше во дворот на комшијата, погледнете и во вашиот малку!
Не е лошо сам да јадеш, ниту да пиеш кафе, има некоја посебна уживанција во тоа. Тешко е кога истото веќе си го правел со некого, па одеднаш столчето до трпеза празно станува. Мене ми годи кога сум сама, ама некогаш е и неподносливо тешко. На тема 8ми март, гледам вчера по продавнициве жени бараат подароци за други жени. Има нешто убаво во тоа жена на жена да подари, посебен комплимент е. Добро, за момент се запрашав и која од тие купува за некоја што ја вика "курва", а која за "поштената", некоја можеби и за колешката на која и прави сопки секој ден. Мислам, најверојатно има и такви што бараа подароци за онаа недомаќинката, кариера што се фатила да прави, а не знае едно гравче да свари, а има и од тие што купуваат и за некоја што уште деца не родила, иако секој ден и даваат "морална поддршка" за истото... Се надевам нема такви од типот "сама си го барала" оти такво лицемерие ни во двор не треба да пуштиш. За денот на жената, посакувам сите мајки да ги научат своите синови дека се еднакви со ќерките во своите обврски. А жените, ако не можат цела рака, барем прстот да си го подадат меѓу себе. Барем за работите кои сите не засегаат. Среда ден, сончев ден Доста филозофирам, да одам на работа