Сакам да кажам дека сум горда на фактот што сум женско затоа што токму на денешен ден пред 100 години, едни од најголемите женски борци во историјата - Клара Цеткин и Роза Луксембург решиле да стават крај на половата нерамноправност. Честит 8-ми Март!
Убаво е што на денов насекаде можеме да слушнеме и прочитаме како се зборува со свесност за родовата рамноправност и со правилно (се разбира, позитивно) толкување се спомнува поимот еманципација. Но, уште поважно... да се надеваме дека секој нареден 8-ми Март сè повеќе (ќе) станува ендемска појава да се зборува за жени во малограѓански стил, со (обез)вреднување на нивната личност според некои квази-морални норми - посебно и пред сè од страна на други припаднички на нашиот женски род. И да, за една девојка/жена нема правило дека треба да биде или емотивна, елегантна, модерна, женствена, во понатамошните години посветена мајка, или силна, независна, успешна, амбициозна индивидуа... Можеме да бидеме што било, може да сме разноразни комбинации од сето ова - сè додека тоа е по наша сопствена желба, дел од нашиот индивидуален карактер и лично посакуван животен стил - и притоа имаме неприкосновено право да нè почитуваат и должност и ние да се почитуваме за истото. Среќен нека ни е, дами! А за машкиот пол - знајте и запомнете, нема нешто пореспектабилно (и попривлечно ) од мажи што длабоко го познаваат и почитуваат вистинското значење на празникот и воопшто феминизмот.
Малечка јас,татко ми на овој ден освен за мајка ми, носи подарок и за мене.Посебно слатко чувство кога си мало девојче. Уште трае чувството,јас големо девојче.
Гледајќи ги мажите како гледаат изгубено во рафтовите полни цвеќе не знаејќи со кое „подобро ќе поминат“ кај партнерката се прашувам дали не знаат дека нас и требаат мажи кои ќе не насмеат кога е тешко, нас ни требаат мажи да не храбрат кога мислиме дека е се изгубено, нас ни требаат мажи да ни бидат крилја кога душата ни е скршена, нас ни требаат мажи со поглед да ни се восхитуваат на силата која ја носиме во себе, нас ни требаат мажи кои ни аплауираат кога тврдоглаво се бориме со животот, нас ни требаат мажи кои едноствано ќе не галат по косата , додека мирисаме свежо направено кафе... А цвеќе... е цвеќе ќе си купиме сами, и ќе го одгледуваме, поливаме и сакаме секој ден....
Премалку е да кажеме дека те сакаме, премалку е да кажеме дека си најдобрата мајка, затоа ти благодариме што ни овозможи да почувствуваме што значи да имаш мајка бидејќи без тебе ние не би биле тоа што сме денес.
Чудни се луѓево, како едвај да чекат некој повод, празник за да излезат да прослават со пријателите. Свесни ли сте дека не е само овај ден во годината? Среќен празник драги феминки да сте живи здрави и вечно среќни
Знаеш што ми треба сега...Да избегам, да заминам некаде каде што никој нема да ме познае, ни мене ни тоа што се крие под моето име.Ми треба судир со реалноста затоа што вака во оваа ситуација си правам само проблеми самата на себе, на своето срце. Како стрелката од часовникот се движи така се мислам дека побрзо ќе експлодирам... До вчера ми беше симпатија, и ти ги следев чекорите ако може така да се каже....кога ќе ми лајкнеше слики одма и јас ти лакнував тебе.Те додадов на фб...и ништо не ми пиша и сосем случајно вчера ми пиша...Ме изненади и како мало девојче кога ќе види благо, скокав од среќа...ама океј секој разговор мора да заврши...Ми даде доволно добар знак дека ти се допаѓам...и сега топката е на моја страна и јас морам да ја фрлам ама едноставно сум толку збунета што не ни знам како да ја фрлам...
Right Brain: Part of me loves you Left Brain: Part of me hates you. Right Brain: Part of me needs you. Left Brain: Part of me fears you
А кој е проблемот ако некому му е мерак сам да си ја измие колата, колку и да е скапа? Шо ви е бе луѓе? Шо ви е, стварно?
Додека во Македонија сите чекаат да им ги покачат платите, Канадските доктори во Quebec започнале штрајк само затоа што им ги зголeмиле платите... и тоа поради една едноставна причина: patient care
Ми треба само еден ден некаде каде што е мирно. Еден ден некаде каде што нема притисоци ,каде што ништо нема да ме боли , каде што нема да има негативни луѓе околу мене кои ќе ме трујат . Еден ден без овие паметњаковичи околу мене мрчејќи за се живо, еден ден без стрес и без финансиски проблеми со многу многу сон. Ми треба еден ден слобода. Многу ли е тоа што го барам? Само тишина,ќебе, 5-6 филма и добра храна . Да почнам да дишам...
Има луѓе кои се аутомотив ентузијасти и им се гади кога ќе видат како се уништува автомобил со четка за рибање теписи. Имаш нешто против нив?
Имам против аутомотив (или аутомото ) ентузијасти кои мислат дека само самите тие заслужуваат добар автомобил.
Јас сум самоуверена, успешна, силна, самостојна, вредна, модерна жена и јас...сама ќе си купам апарат за вафли.
Не знам колку сме будали ама има и будали над будали. Надвор врне истура тој си пере колата. Немам коментар. Не ми се верува дека бев сведок на ова.
Сегде во светот во понормалните земји на 8ми март се полни улиците со жени, со пароли ,излезени да протестираат,да покажат револт и на тој начин да свртат внимание кон борбата за еднаквост,што уствари е и суштина на вчерашниот ден. Додека кај нас, е општа спротивност. Денот се почнува со некој мотивирачки badass статус,пошто лајковите значат нели, па се оди по фризери и шминкери за вечерта, каде место улиците се полнат кафаните и се изнапиваат како стоки пардон на изразов, дека полова еднаквост нели, а оние пак со малце подлабок џеб си дозволуваат да се опиваат револтирано у Виена, Будимпешта и слично. Ама што разбираат западњациве нели, си грмиме..
Многу се радувам вака кога пука сонце и кога ќе си шетам по маало. Па кога ќе поминам од кај 7г еспресо и Броз кафе, па кога ќе ви ги видам дебилните фаци во нив, исперчени, а автомобилите паркирани на Партизанска и зафаќаат цела лента, кочат сообраќај и безбедност. Па така кога ќе ми дојде една желба со еден клуч да поминам со еден удар да изгребам колона од 50 метри. Не може автобус да се престрои па се крчи сообраќај. Абе милина. А ти бате дека носиш костумче мислиш дека си курац и пол, а си еден обичен сељак или ако си ќелав мора да си мафијаш што никој ништо не ти може... Па ако дојде пајак, што е ретко, паника во Лас Вегас...сите скокаат од маси масовно да си ја спасат колата... абе лепота од живота.