Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    101.419
    Пол:
    Женски
    Jас ,потпишана на форумов како луничка (не без причина сум потпишана со мала буква,тоа е поради мојата маленкост),сакам да дадам едне совет на сите идни мајки,мајки кои имаат деца пред пубертет,овие другите преживеани се малубројни на форумов така да нема зошто да ги прозивам.
    Zначи драги мои за чување на деца ви треба да имате силно вооружување и тоа:
    -живци, трпение и по можност некое ладно оружје од типот на сукало.

    Rаздразнета од нивното однесување од понеделник имаат воведено посебни мерки за комуникација во куќава.Nа што личи тоа,да се вратат од училиште и веднаш да се пикнат во нивните соби како во мечкино дувло.Zначи нема добар ден или добра вечер кога се враќаат од некаdе,нема догледање,чао било што на заминување.Nе можеш да ги извикаш да ги прибереш на маса за ручек,не си ги извршуваат обврските и мислам дека предвреме се распуштија.E затоа од понеделник нов дневен ред.Sекој ден се должни да поминуваат со нас барем половина час ,да поразговараме за било што.Tелефоните ќе им ги одземам ако уште еднаш се случи да ги исклучат,мора да имаат доволно пари на сметка барем за една смс порака или барем за титкање.Nема прескокнување на главните оброци,нема грицкање и фрлање ѓубре во собите,семејството е поважно од интернетот,нема ноќно јадење,или ако веќе тоа го прават да си соберат позади нив.Sобирање на чорапите и нивно спарување пред да се џитнат во корпата за перење,средување на алиштата кога ќе се вратат од училиште,ќерка ми помалку да троши (јас искрено не знам ова дете колку може да изеде),да научат да штедaт.
    Sе извинувам поради првичните големи букви на латиница,син ми ми ставил на компјутеров windows 8,заборава дека јас сум постара и не се разбирам доволно.
    Oдам да го најдам сукалото.
    [​IMG]
     
    На united, anuskaNESTLE, bittersweet и 44 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.763
    Допаѓања:
    141.771
    Уште наутро кога ке видиш ваква реченица, ти иде да се разочараш од тоа какви родители има на светов.
    Некои викаат не требало расизам, требало да сепочитува различноста, требало да се сака секој, и наеднаш, некој родител, го научил своето дете да мрзи вмровци.
    Дека се хулигани.
    Епа, со оглед на тоа дека сум вмровка, ако има собири на феминки, да знам да не го плашам девојчево ако дојдам. Оти дома ја учеле дека можам од чиста мира да ја претепам.
     
    На Abeja и Lella им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    ^
    Се додека различноста е во тоа едните да имаат поголеми права и олеснувања од другите, ќе има вакви поделби. Биди си ти во група поразлична во идеи од мојата, ќе си бидам во вера, религија поразлична од твојата и ќе те почитувам се додека имам исти права, привилегии и обврски како твоите.
    Но очигледното фаворизирање на едните и толчење по глава на другите не носат во фрустрации и омраза. Борете се за еднаквост и правда, не само за свој газ да гледате, па може така ќе дојдете до почит.
     
  4. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Многу сум негативна периодов, не ми се прави муабет со никој, не ми се дружи со никој, дома се затворам во соба, плачам... Се што правам во текот на денот го правам механички. На сабајле станувам нервозна, не може да ме насмее ништо во текот на денот, мрчам цело време, абе не можам да се поднесам :doh:
    И се мразам што не можам да ставам насмевка на лицево барем кога сум надвор, за да не ме приметат сите дека сум тажна а баш би сакала да можам ама јбг
    Ама јас знам што ми е проблемот, само не можам да го решам оти се замарам со се`.
    Ех, да можев за што и да се изнервирам да ми помине лутината одма, ама не е така, ми стои внатре, во душава, ме јаде и не можам да го поднесам тоа . Несреќна сум и можам во секој момент да заплачам, толку ми е тешко на душава што кога плачам не можам да престанам :(
    Од една страна си викам "ајде, се` ќе се среди, ќе биде како што треба, не се нервирај, си ствраш стресови" од друга страна "не може така да биде, мора тоа да се реши, место да бидеш весела и среќна, деновите ти минат несреќно" и што да правам сега? Гласовиве во главава цело време контра маваат, не знам како да постапам?
    И така секој ден си се тешам дека ќе биде подобро ама некако тешко, ја губам надежта а тоа е многу лошо :|
    На интернет па веќе не ми се отвараат страниве, или голи жени гледам или несреќни случаеви, катастрофа.
    Ај доста мрчам :swear:
     
    На l0vE...-love и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  5. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    СДК Добар ден на сите.. имајте убав ден!! Ве сакам :inlove:
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    СДК многу е убаво времето надвор.
    Конечно топло сонце.
    Посакувам да можев сега да одам да шетам по надвор да си размислувам за убави работи и да уживам во сончевите зраци.
    Време е да престанат сите лоши работи што ни надвиснаа над глава последните недели, време е да се насмевнеме и нешто убаво да почне да ни се случува. Време е за фини нешта, (надежта последна умира) :)

    Ви посакуам убав ден :sun:
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
  8. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
  9. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Денес два пати ќе направев глупост со облеката :D
    Сабајле, брзо се спремам. Важно се дотерав во белите фармерки и среќа на излегување се погледнав во огледало на белите фармерки ми се познаваат розови гаќи 8) Брзо се пресоблекувам, па брзо накај школо и пак задоцнив 8)
    После, час по ФЗО и нели последни денови ретко кој вежба и влегуваме 4-5 девојчиња да оставеме ташните во соблекувалната и само што влегувам низ врата, ја фрлам ташната и се фаќам за токата, да раскопчам каишот и белите панталони, набрзинка да се пресоблечам го гледам другарот во нашата соблекувална :rofl: Божее кој срам ќе пукнал :$ :D Влегол да се сликат со другарка ми :fubar:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CutieWithABeauty

    CutieWithABeauty Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    1.249
    Пол:
    Женски
    Еее богзнај колку време не сум играла салам кошарка..почнаа некако да ми недостасуваат теренот,кошот,кошаркарската топка,5 соиграчи,5 противници,скокањето,трчањето,крадењето на топки,радоста кога ќе дадеш кош,нервозата кога противникот ќе ти даде кош итн :D
    И затоа конечно денес на Физичко игравме кошарка..иако долго време немав салам играно..сепак добро изиграв..имав неколку поени,некоја лепенка,некој скок,украдени топки колку да сакаш..и искрено не се жалам..ее 3-4 месеци немав играно и мислам дека нималку не изиграв слабо денеска :^)
    Како и да е..возбудена си сум..уште 22 дена до мојата полуматура..и кога ќе кажам дека сум среќна другарките веднаш ме напаѓаат "Ааа ти сакаш побрзо да се разделиме..А ти вака..А ти така" Абре луѓе како кажале старите..кој сега се смеј..кога ќе дојде тој момент најјмногу ќе плаче,нели?
    И јас не сакам да се разделам од нив..но што да се прави таков е животот..па на крај краева ова ќе биде нов почеток за сите нас..ќе стекниме нови пријатели,ќе влезиме во други училишта,ќе запознаеме нови наставници..и според мене кога овие работи ќе се случат..Е ТОГАШ ВЕЌЕ ЗАПОЧНУВА ВИСТИНСКИОТ ЖИВОТ! ;( :wasntme: :D :tmi:
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Одам,на дружба со книгата...|(
     

    Прикачени фајлови:

    • b.png
      b.png
      Големина на фајлот:
      148,6 KB
      Прегледи:
      690
  12. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Сдк дека секогаш кога е во ред помислете што би било кога не би било во ред односно за постапките кои ги планирате во иднина дали можат да го нарушат вашиот спокој или не.А не како мене секогаш кога сум во гомна јас тогаш помислувам како би било да било се во ред. -.-
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Нема ништо поубаво од кратка попладневна дремка после бањање. Онака ко мачките,прспивам пола саат-саат максимум и тоа на каучот во дневна. Не знам зошто спиењето ми е најслатко таму. :)

    Мислам дека треба да ме пуштаат по куќи да им определам место за спиење, одбирам места што се весели,светли и полни позитивна енергија. Иначе нема шанси да заспијам.

    Фин ручек после спиење,ново катче цакум пакум организирано и полно како окце и највесела на свет сум.

    Имајте убав ден. :hug:
     
    На anuskaNESTLE, bittersweet, Foreveryoungiwannabe и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.399
    Пол:
    Женски
    Она чувство кога се каеш што си излегол надвор, зошто дома ќе ти било 100 пати подобро, со книгата во рака. Излегов да се релаксирам, а не да слушам некој како се жали.
    Очигледно згрешив требаше дома да си седам.
    И зошто упорно се некој ви е крив за нешто, не ти е никој крив, сам/а си крив.
    Или пак на некој сите не му чинат, само тој/таа си е арен/арна, епа значи во тебе е проблемот!!! :^)
    Не можам да ги разберам ваквите, преку глава ми дојдоа, се некој им е крив за нешто, пр. паднала се утепала ти си и крива, добила единица ти си и крива, како не, или тие вторите што никој не им чини, па никој не е совршен сфатете.
    Се изнервирав, а што убаво си преспав прееска одморена, викам ќе си се релаксирам надвор малце да се прошетам, умрев од учење ама ајде во петок официјално затвораме сезона на тестови, ама ништо од бизнисот. |-)
    Тоа е тоа... :| :D
     
    На Katerinceee, ColoursOfTheRainbow, sweet-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Ах, обожавам вакви сончеви, весели денови во кои насмевката сама доаѓа на лицето... :sun:
    И да, дефинитивно нема нешто што повеќе ќе те расположи од спремање изненадувања и подготовка за родендени. А детските родендени ми се милина, толку ме враќа во детството сето тоа бирање подароци по продавници и спремање на сите ситници, абе радости... :angel:
    Нема нешто поубаво од тоа да се посветиш на тоа да израдуваш некој драг, особено кога ќе добиеш детска, наивна насмевка и најтопла прегратка. ^_^

    Денов, убавини, цел ден нешто ме тера на смеење, некаква летна еуфорија ме обземала, имам вишок позитивна енергија за на извоз. Си ја вадам веќе летната гардероба, омилените фустанчиња и сандали, абе летото дојде веќе за мене. :D
    Одам јас да ја искористам летнава приквечерина со сладолед на тераса. :mm:
    Ариведерчи. :hug:

    [​IMG]
     
    На bittersweet, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Треба да почнат со производство на "bitch repellent".
    [​IMG]

    Ќе ни се најде на сите. Или нешто како аутан, се прскаш и кучките не ти се приближуваат.
    Може само да замислам каква заработка би имал произведителот. :rofl:

    Болни за внимание. :x

    ПРСССССС ПРССССССССССС
     
    На Loly77, SparkyAngel, ColoursOfTheRainbow и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Совршенство, за ова вреди да се живее :inlove: ...
    [​IMG]
     
    На Loly77, cresa-jagoda, Elennaa и 8 други им се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Првата лекција која се учи при станување дел од членството на Црвен Крст, е приказната за Анри Динан. Човекот кој во тешки услови на војна, успеал да формира организација која денес заедно со Црвената полумесечина, е најголемото хуманитарно движење.
    При таа прва лекција, секој волонтер ги учи седумте основни принципи според кои треба да постапува: хуманост, непристрасност, универзалност, неутралност, единство, доброволност и независност.
    Иако помина скоро деценија откако ја добив членската книшка од Црвен Крст, овие принципи можам да ги изрецитирам и во сон.
    Веќе неколку години не сум активен член, ама не сум заборавила на сé она што го научив таму во тие прекрасни години минати низ дружба само со позитивни ликови.

    Но, она на кое сум заборавила е тоа колку луѓето можат да бидат хумани.
    Да помогнат своеволно, без да бараат ништо за возврат.
    Вчера не бевме сигурни дали ќе успееме да најдеме доволно крводарители, а на крајот на денот се јавија и повеќе од доволно. Телефонот не престана на ѕвони! Даруваа крв луѓе кои не го ни познаваат човекот кому итно му беше потребна. Им благодарам на сите!

    И еден апел - дарувајте крв. Особено ако имате ретка крвна група. Не сте свесни колку многу може некому да му значи. Затоа што не секој може да ја одложи операцијата за еден ден, кога ќе му кажат дека во моментот во цела Македонија има само две единици нулта негатив.
     
    На anuskaNESTLE, bittersweet, Foreveryoungiwannabe и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Aneto10

    Aneto10 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    49
    Сакам да кажам дека денес ја направив една од најголемите глупости,средена нашминкана и ќе одам во бисер трговскиот да шетам и сум дигнала погоре пантолоните а маицата сум си ја дигнала до горе до прслук и се симнувам од такси гледам нешто сите зверат во мене и кога гледам маицата подигната целата хаха луда работа :)
     
  20. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Ако сте го гледале видеото од Bon Jovi- It's my life, ќе знаете што ми се случило. Само што јас не трчав, туку одев брзо. :D И на крај, стигнав навреме. :)