Исфрлање на негативните мисли, кои ме демнеа во последно време, и повторно внесување на позитивност во мојот живот. Враќање на стари, но добри навики, обновување на стари пријателства, а и безброј нови. Сите не важни работи и луѓе ги оставам зад себе и продолжувам напред. Другарка ми чека бебенце. Не знаете колку се израдував кога дознав. Плачев од среќа. Не можам да верувам колку брзо си минува времето. До вчера ние бевме деца, а сега таа ќе има свое. И тоа е. Периодов малку се запоставив себе си и ги исфрлив сите добри навики, а се вратив на лошите, но сфатив дека на тој начин само си штетам себе си и решив повторно да внесам енергија во животов. Љубов, слабо се наоѓа. Веќе и го заборавив значењето и смислата на овој збор. Ќе си дојде и таа, со тек на време. И онака не сум единствена која нема љубов. Не дека не ми е потребна, но можеби и подобро е вака.
Кога не оди,не оди и не оди. Ми застана среќата на тоа поле. Некако премногу се мачам,премалку добивам,ама ајде да се надеваме на подобро утре! Како и да е, поминаа три недели исполнети со студентски активности,секоја вечер исполнета со порака од него која ми беше на некој начин приспивна песна за да заспијам. Денес една активност(терет) помина,уште една остана па конечно после месец дома... Едвај чекам да си одам, да го видам него... Ќе му ја дадам најсилната гушка на целиот свет,ама баш буквално најсилната! Феминки имајте убав ден, убав викенд! When you want to succeed as bad as you want to breathe,then you`ll be successful. За арно,за убо.
Отворив Смешни мислења,да се насмеам вака од сабајле... Читам,читам и наеднаш гледам мравка лази,се вртка околу глувчево.Маусот де. Да не помислите дека имам глувче за домашно милениче Чекај,тука е моментот.Ја гледам госпожава уште се вртка па го зедов маусот и ја бркам по тастатурава.Па земање маусот и бум! Ја отепав Успешна мисија! Чекај бе,па сега си велам ај да беше слон...ама мравка ?!?
Здраво Млади! Здраво здраво. Вечер, танцувам ко да нема утре. Другото... Ништо не е важно, а важното не е тажно! Ќе си рипам ко пуканка во боја.
Да се забрани аскот со закон! "Wewe srckiiii aj videoo i glupirajte see * " " Za Petranka videoto xexe" Ок.Што се дешава? Се срамат јавно по видеа,мислат интересни се,а не сфаќаат колку се глупи. Скурчени ми се вакви луѓе,еве најсериозно.
Ќе умре некое магаре, така ми личи, леле греота за магарето. Сфаќаш дека си разочарана кога слушаш турбофолк, дно дна. Катастрофа што ми бидна сега пак.
Денес сум многу срекна , барем заесга . Бев малце во шопинг за полуматурата и сум пресреќна . Ми се допаѓа се што си купив само изгледа футанот што ми е за полуматурската вечер ќе морам да го скратам малце . А изгледа денеска ќе ни ги даваат сликите што ни се за табло . Едвај чекам да се видам како сум излегла бидејќи не сум многу фотогенична . Подоцна ќе одам на тренинг па сум уште посреќна . Само се надевам дека нема пак да се изглупирам пак на тренингот . Во последно време ми премина во навика само да правам грешки на тренинг . Се надевам дека ќе го разбијам малерот денеска . Имајте убав ден .
Не сфаќам како може некои луѓе толку да ги исполнува дружење во кое главни теми се трачеви и копање по туѓи тајни. Еве не знам, ама мене дури ми станува непријатно кога ќе почнат во мое присуство да озборуваат и исмејуваат некого што го познавам. И да, додека заинтересирано слушате прераскажување на нечиja тајнa од некого кому со целосна доверба му билa кажанa како на свој најблизок, не помислувате ли дека утре тој „пријател“ исто така ќе раскаже нешто што вие ќе му го доверите? Едноставно не разбирам што добиваат луѓето со мешање во туѓи животи...
Порано ми беше најдобра другарка, како сестра. По успешната изведба (на патронатот) седнавме на сокче тие што учествувавме, а во нив бевме и јас и другарките и бившата другарка. Ја гледам како се смее на моите кажани глупости оти попаметна работа немам и го гледам детето во неа и пак, чувствувам некаква близина спрема неа. Па со неа растев, ама не пораснав со неа, си мислев дека засекогаш ќе ми биде другарка, ја сакав како сестра. А потоа ја гледам сегашната неа, иста е од кога што се смени, од кога „порасна“, стана самобендисана и почна на другарките да им го понижува и потценува изгледт, се вброи во тие mean girls. Ги слушам нејзините смешни озборувања и си викам „Интересна е, ме расположи“, а потоа си викам е да, седам со неа по многу време и уште многу ќе помине за друг пат вака да седеме, дали секој ден би ми било смешно озборувањето на изгледот на другите? Попрво би ми било патетично одколку смешно... А потоа ги гледам сегашните другарки, иако изгледаа здодевни со главите во телефоните кога ги повикав ми го посветија нивното внимание, јас со нив припаѓам, со нив сум слободна и СВОЈА. Чудно е и смешно ми е како се се менува. Со бившата другарка веќе се помирив дека е во минатото, таа е еднинствената личност со која се помирив дека е сменета и дека треба да ја пуштам да оди, ама сепак би сакала да ја паметам така каква што беше кога бевме мали и да останеме барем на едно „Здраво“.
Го дочекав најсељачкиот момент у својот живот и во вечни векови... Седнам на састанак, неформален пред да прејде у формален, во ресторан... Ми доаѓа келнерката и ми носи вино...у 1 попладне, на ова жешко и ми вика од менаџерот. Тој батката се попнал на шанк и ми прави живели. Луѓево ме гледаат чудно, јас се препотувам буквално, викам...благодарам на деловен состанок сум, вратете ова. Келнеркава се враќа и ми носи визит карта, ми вика менаџерот ви праќа визит карта да закажете деловен состанок... Умрев!!! Пцовисав!!! Рикнав!!! Го гледаш батево се смешка, едно дебело, набиено, кога господ го создавал рекол ова е заебанција...абееее...да не ви објаснувам!!! Не очекувам дека некој договор ќе падне после денов...сто посто си викаат леле оваа... Од дистанца пресмешно е, во себе си умирам уште од срамови и знам дека нема да стапнам веќе никогаш таму и ако не испадне ништо од разговорот, ќе му отидам со чекан има све да му искршам у ресторанот! Добро нема,ама ми оди!!! Другарка ми ми вика, леле барем да бил згоден и угледен, па да ти поласкало, па од комично во романтично. Луѓе мили... како да ви кажам... ама Остин Пауерс. Патем смешна ми е песничкава и необично забавна. Одамна не ми уловило увце македонска песничка. http://www.youtube.com/watch?v=JqmxxxHLbmo
Денес бев Крале Маркица! Си одеше си одеше една будалетинка по патот така спортски облечена и правец кај белиот човек(заболекарот)...го вадев единствениот млечен заб шо ми преостана...Бев некако полуисплашена и со брзо потезно движење се стросав и заминав на вадење...И така му седнав таму и ми прснаа дупла доза од едно демек за да се здрви местото како анестезија...и ја зеде тоа клештата и ја вртеше ја вртеше тоа клештата и забот падна кај мене! Толку мало забче имаше дури и 3 проценти кариес! Додека се вртеше тоа клештата добив напад на извикување на самогласката А...17 години ќе се сторам и акам како некој кога ќе е бркан од збеснат петел кој сака да те клука и како стадион је био дупке пун да те стори...ете така јас бев и после 30 секундното викање на А буквата се изваде тоа забот и ме болеше да си кажам право ама Крале Маркица издржала! Ете така...ја сам издржала И кога ќе дојде 10 јуни секоја трета бандера се мислам да ја бацам...ама не на српски ете тоа е тоа
Поголем малер од мене не постои и нема да постои! Значи некои работи само на мене ми се дешаваат. Само денеска ми прегоре лаптопот,кој нема ни цела година,а да напоменам дека како очите го гледам. Потоа ми се истури цело шише средство за чистење врз ќилимчето од купатилото,и пак да напоменам,цимерката го оставила отворено,а на мене ми се истури Аа да,да не заборавам,после толку месеци не правење ништо на косата,денеска одлучив да ја испеглам,ама како и секогаш,мора нешто да се случи.Додека го чистев купатилото,туш батеријата почна да шприца насекаде и лом ме напраи,и сега изгледам како Кралот Лав(во најлоша верзија)... Не знам кој бил тој Марфи,ама ми го зел пикот на мене Не за друго,страв ми е да чепнам нешто,и јадење не си зготвив,да не запалам нешто,оти и тоа се има десено