Околу оставањето на работите да течат Спојлер Два калуѓера на аџилак стигнале до преминот не некоја река. Таму здогледале девојка во долна облека, која очигледно не знаела што да прави, бидејќи водата била длабока, а таа не сакала да си ја упропасти својата облека. Без ниту еден збор, еден од калуѓерите ја качил на грб, ја пренел преку реката и ја спуштил на другиот брег. Калуѓерите си го продолжиле патот. Меѓутоа, по еден час, другиот калуѓер почнал да приговара: "Сигурен сум дека не е добро да допреш жена. Тоа е во целосна спротивност на забраната за близок контакт со жени. Како можеше да направиш нешто што е спротивно на монашките правила?" Калуѓерот што ја пренел девојката преку реката не одговорил. Продолжил мирно да оди додека конечно не забележал: "Ја оставив покрај реката уште пред еден час. Зошто ти се' уште ја носиш?" Мудроста на мајсторот на зенот
Гледам почнале и филмови да надсинхронизираат. Помислуваат ли воопшто на глувонемите или баш им е гајле? Цел свет става и титлови и надсинхронизации, да можат сите да гледаат, ние само намерно постојано маргинализираме дел од населението.
Денес дознав дека и навредувањата не допираат до мене. Не дека некогаш допирале туку се почесто се појавува она чувство на згаденост од некои луѓе и тоа блиски што ти се. Не дека им е битна твојата среќа туку даа си ја нахранат гордоста ако навредат. И уште се запрашувам зошто побогу ги чуваш во пријатели? Такви не ти требаат...силен глас во мене вели, бриши памет да ти дое за друг пат.
Моментот кога сакаш да го мотивираш помалото сестриче да научи како да направи основна работа и наеднаш таа те прашува нешто за кое нит НАСА нема одговор Се прејадов сладолед,оф од благо,оф за благо
Се разбудив со помислата дека денеска ќе биде прекрасен ден. Станав порано од сите дома за да уживам во утрото, сама и во тишина. Незаменливо е чувството кога по вредно завршените обврски седнувам на појадок, подготвен без брзање, баш по мој вкус. И тоа на мојата сончева тераса, каде веќе го чувствувам мирисот на пролетта во цела нејзина раскош... Дека и летото полека се наближува Денеска ќе биде убав ден, а утре уште поубав. Планови, подготовки, соништа што ќе станат реалност...
Она кога ќе кажеш дека си се сменила, дека си проживеала сѐ, дека си ја нучила лекцијата и ете другиот ден заебеш сѐ и пак по старо си тераш. Не ништо не сум научила.
Ден. Станав со толку многу бес во душата, со заби остри како шило, со крволочна желба да бидат повторно тапи. Да ги заријам во нечие месо, парчиња да кинам. Плукајќи го туѓото искинато месо да плукнам и дел од болката насобрана во мене.. рикнав денес, кога видов дека во мене не остана ни сантиметар кубен празен. Полна сум сештотини. Се наоѓам некаде помеѓу темно црвениот кармин и желбата да легнам во прегратки кај моите и да ми ги скротат сите суштествени стравови. Проклето го сакав карминот како дете. Мислев гордо ќе го носам. Сега го имам. Ама лажно ми стои. Уште не можам да одгатнам како се пие пијачка кога носам кармин, без да имам грижа на совест за мијачот на чашата. Некогаш навистина треба да престанеме да мислиме на мијачот на чашата. Некогаш мислите се грижа, некогаш се комплетно лудило. Каде е границата, не знам. Во мене вријат милион желби, како желби на прваче. Се плашам дали се желби на прваче. Дали светот ме гледа како незрела будалетинка, многу ми е страв. Ама пак, кој е овој свет да ми суди, кога е ова еден онесвестен свет. Обесвестен. Дали ми е облачно во главата? Или можеби треба да сфатам дека облаците го покриваат сонцето, кое дава лажно чувство на надеж кога го осветлува и изметот на асфалтот, при тоа терајќи не' да мижуркаме од својот силен блесок? Колку измет немам видено мижуркајќи и греејќи ја душата на радиоактивна топлина? Ме чека важно запознавање. Некаде си ја посеав душата додека бев натоварена со општествените морални камења. Најтешко е да склучиш пријателство со самиот себе. Да научиш да се сакаш. Без маска, без лажење, без оговарање позади грб. Да се сакаш и да не си судиш. Да се научиш дека ете, тоа си ти, и дека не си скроен за да го задоволуваш цел свет. Дека некогаш зборовите се само зборови, и да не дозволиш да те фатат за врат како некое невоспитано детиште што зграбува за крилјата нежни шарени пеперутки во пролет. Ми рекоа не гледај во облаците. Гледај пред тебе, да не паднеш. Оваа зима кога гледав горе, ги видов мразулците кои како темпирано шило висеа од еркерите на зградите.
Го посетив форумот на кратко. Брзо напишав неколку убави реченици,за да не заборавам никогаш, како се чувствувам. Да бидам доследна на моите емоции и конзистентна , дека, секогаш го искажувам она што го чувствувам.Не е проблем и тоа што премногу чувствувам... Во секакви форми, нијанси и скалила. Без разлика што некогаш замислувам несовршен крајолик... Таква сум, несовршена.
Моментот кога правиш "сезонски попис" на лаковите за нокти и забележуваш дека потрагата по конкретната нијанса, всушност не завршила безуспешно зашто бараната црвена боја (малина) се сокрила со натпис заборавено меѓу останатите.
Не, бидејќи секогаш се средува со еден телефонски повик од татко и, во смислата: Дали знаете вие која сум јас? И сите професори ќе се припотресат... Навистина патетично- на таков начин дефинитивно не се заслужува почит... И мене целиот факултет ме почитува ама тоа е поради мојата интелигенција и придонес во науката, иако се уште ни факултет не сум завршила. Меѓутоа, би рекла дека системот во оваа држава е виновен за ова. Во Канада, на пример, од искуство на училиште знам дека ни најмалку не ги интересира ти која си или кој ти е татко, ќе го добиеш тоа што го заслужуваш без никаков исклучок, ама претпоставувам дека овде работите се одвиваат на многу поинаков начин.
- Леле колку е убава... - Што тоа? - Хм... Венера!? Мислам дека е Венера. Првата ѕвезда на западното небо. Многу е убава и светла. Рано е уште, само што зајде сонцето. Пресветло е за други ѕвезди. - Венера е, ми потврди. И таа ситница, тој штреберски испад, само уште еднаш ми потврди дека си вистинскиот за мене. Да не мора да си ги "организирам мислите", да размислувам дали ќе ме разбереш или ќе мора да се трудам да ти објаснувам. Лесно е, не си ми компликација во животот, напротив, неопходен дел си од него. Сѐ е полесно откога сум со тебе, сѐ е поубаво...
Одејќи по гости деновиве приметив некои работи. Не дека не сум ги знаела, но сега многу воочливо ми стана. Машките и женските деца се ужасно многу различно третирани и израснати. Одвратно ми беше кога братучед неколку години помало од мене, сите го чукаа по грб, му велеа како „станал маж“, па му нудеа демек пивце, па тоа некако уште повеќе го направи маж и мораше да се прокоментира, па потоа го советуваа како уште повеќе маж да биде. Ова звучи едноставно и поентата ке ми беше повалидна да ги чувте коментарите во живот но... преку глава ми е да слушам 2398282 варијанти на иста шега за мојот дечко (што го немам инаку) и за тоа како сум фатила дечко. Бидејќи очигледно најинтересното нешто во врска со мене е што сум девојка и што потенцијално имам можност да фатам дечко. Бидејќи мојот братучед не мора да биде учен да биде мажиште. И мене и него нека не остават на мира со нивните определени улоги за машко и женско во глава. Разликата беше во тоа што нему му беше пријатно вниманието што му го посветуваа ама тоа не значи дека е во ред. Спојлер Имам чувство како да зборувам глупости. Да можев поубаво да се изразам добро ке беше.
Никогаш , ама никогаш , нема да ми биде пријател ,- пријателот на мојот непријател !! Поздрав бичиззз
Непријатно е кога на форум некој член, кој е активен подолго време, им се обраќа на оние што се прилично нови на арогантен начин. Каков ли синдром е тоа.