А тек какво е чувството кога ќе се видите после два ипол месеци? Непорценливо. Љубов на сите страни. Спојлер Ама еднаш беше тоа и реков никогаш повеќе.
Нема ништо поубаво од своето.Денес го сфатив тоа.Бев на шопинг и тоа ме носеа до Куманово со такси.Не да ми беше грдо со таксито, ќе си излетав надвор од колата..Влегуваш во кола, наместо сабајле поспана да се релаксираш со возењето, напротив повеќе заспиваш. Српски песни, народни..тоа што секогаш ме онерасположува, па поради тоа бев бесна за време на целиот шопинг.Ама на враќање..рај.Татичко со неговата, нашата кола де..Не чувствуваш дупки по патот, си слушаш антена 5 од оние забавни песни, си џускаш во колата , ах преубаво. Ма не само песните, ме радуваат и музичките вести и се на радиото:точно е толку и толку часот, температурата во центарот на скопје е.., рекламата за Скопје сити мол...Аии, милина.Незнам зошто но сето ова ме потсеќа на лето.Можеби затоа што летоска одам во Скопје и си поминувам најубаво..
Се сеќавате на Нова година каков замарантус бев со моите тестови!? Е, да знаете сега пак ќе ме трпите. Следнава недела мислиш колквиумска. Овојпат многу полошо од Нова година. Понеделник - Ништо Вторник - Географија и германски Среда - Историја и математика Четврток - Македонски Петок - Ништо Не дека во петок ништо нема да правиме тест. Биологија, сто посто. Можеби ќе речете убаво, два дена слободни. Ама мене сто пати поарно ќе ми е секој ден по еден отколку да се трупаат вака. Како и да е. Викендов ќе мора нешто да повторам географија, тоа ми е тешко, германски - и така и така. Математика е лесно, а и за историја ќе мора да учам, ама рече дека ќе го направила на заокружување, да не’ спремала за екстерно, така да чил аут. Спојлер СДК дека коонечно има сонце, значи фала богу. Денес кога шетавме се испржив едно убаво, ама многу ми е гајле, сонцето си го сакам повеќе од се’. И пак немавме пролет, ама важно сонце има.
Оној момент кога брат ти го учиш како да се тепа и му викаш на шала да мава у тебе и он стварно ти мава бокс. Среќа не ме мавна силно, мал е. Па кој ми е крив кога боксерска вреќа изигравам, ај отидов лед да земам дур не сум потекла. Убаво ми рече ...... прав фајтер ќе биде од него, добро е и он нешто паметно кажал.
Е ова се вика ЕГОИСТ, ги претставува ромите во парламентот кои среќа е воопшто да живеат во куќа повеќето се бескуќници или живеат во картонски куќи, преживуваат со питање и буричкање по контејнери крадење, да продаваш и купуваш старо железо е веќе висока класа или да собираш пластични шишиња или да имаш тезга и се најлесно купени гласачи. И ете вака нивниот претставник прави свадба http://tvorbis.com.mk/index.php/magazin ... -000-gosti за неговиот син додека неговиот народ одвај крај со крај врзува . За жал не е единствен во Македонија.
Јас сум единствена која со текот на времето станува подобра и почесна. Кога бев мала правев триста глупости. Ми доаѓа од земја да се треснам кога ќе се сетам. Тогаш бев - ни во пеколот да не ми дозволат да влезам. А, како што минуваат годините престанувам да „сум лоша“. Многу е чудно. Сите велат дека децата се најчисти, најневини, не знаат да прават зло. Добро, можеби од невиност и неразмислување правев глупости за кои најверојатно ќе се каам уште долго. Бог да чува. Е добро де, на крај најважно е да се покаеш и промениш, значи простено ми е, нели?
Денес си купив фармерки и ми беше мило иако не сум во топ форма веке три години ама сеуште ми биват 28-29, ах и многу ми е некогаш жал што толку убави фармерки имам ама не ми биват се 25-26 некој xxs па се чудам како сум влегувала во нив па сега на фб видов сликича баш пишува како се чуствувам денес
Чудно е, кога ќе помислиме дека сме сами, дека само ние минуваме низ тешкотии секогаш се појавува некоја личност која е тука да не потсети дека не е така. Ехх, кога би можела да и` помогнам некако..... Колку само ни е гадно општеството, колку се само злобни децата.. Зошто? Зошто има потреба од тоа? Што добивате ако уништите нечиј живот? Што добивате ако ја видите нечијата болка и солзи? Се чувствувам распарчено, се враќаат спомените, а толку болат. Се прашувам како можев да им дозволам да ме повредат, да ме одвлечат на дното.. да ме распарчат.... Се удавив во океанот од сопствените созли, се уништив, го уништив и телото за мирот кој никогаш не го имав. Ме уништија, ме убија, ха, но еве ме, пак станав. Сега сум многу поцврста, ја зашив поцврсто гордоста. Ќе ме турнат, ќе паднам, но повторно ќе станам и ќе се борам. Овај пат нема да дзволам да ја одведат и неа. Нема да дозволам и таа да го мине патот кој го минав и јас. Едан ситница, еден мал настан е потребен за да сфатиме колку многу сме силни. Не дозволувајте никој да влијае врз вас, запомнете колку многу сте силни. http://www.youtube.com/watch?v=HCpr_10YzGg Песнава ми е многу позитивна иако не слушам вакво вид на музика. Имајте убава вечер
Елена и јас се чуствувам ко тебе овие денови толку распеана весела насмеана дури цело време трескам глупости нешто безвезе сите ми се чудат што ми е т.е бев ептен расположена до пред малце се дури една личност не ме изнервира,како можат луѓето да бидат толку користољубиви бе,кога имаш пари сите те сакаат трчаат по тебе злато,срце дојди да те гушнам а кога ќе снемаш одма се губат па дури и едвај мрзливо здраво викаат,толку злобен народ што не можам дури ни да поверувам,ама јас секогаш кревам глава и идам даље си имам за кого да живеам зарем ќе се нервирам за луѓе што не ме заслужуваат мене и мојата добрина,како не бее,и само едно нешто не ми е јасно,зарем парите се повредни од пријателите???? Ај доста дрндам имајтеее убав ден не дозволувајте дождов да ви го расипе расположението после дождот изгрева сонце
Она кога,после цел ден по кафиња и одење на гости,ќе се вратиш уморна и наместо да излезеш во сабота навечер..одлучуваш да одмориш и да собериш сила за нареден ден....фантазирање за она што сакаш,каква сакаш да ти биде иднината..како би било кога ќе бидеме заедно?м? сигурно би бил пресреќен...ЕДЕН ДЕН...ЕДЕН ДЕН СЕ ЌЕ ДОЈДЕ НА СВОЕ МЕСТО,АМА ТАКА СТОКМЕНО Уморна сум од се...од сите глупости,празни разговори.. Она кога...ти треба мир и сепарација од хаосот надвор. Она кога со никој не ти се зборува освен со себеси,со внатрешното ЈАС ( колку сум му недостигала само ) Она кога веруваш и осеќаш дека утре ќе биде УШТЕ ПОДОБРО ОД ДЕНЕС,самооптимизам Bye,Bye...Имајте убава вечер ! Recharging my batteries...Just breathing
Ништо не се споредува со она proud чувство на измореност и исполнетост во исто време, кога после дооолг мрзлив период, конечно тоа „од утре“ ќе решиш да го претвориш во „денес“ и еден ден ќе посветиш на физичка активност. Бај д уеј, плус и цела нервоза и негативна енергија исчезнува по долга прошетка во која заменуваш седење во автобус со пешачење неколку километри и автобуски станици. Иако се подготвив со еден чадор којшто патем ми послужи и за сонце и за дожд во променливиот ден, а кондицијата си ја заборавив некаде спакувана и одамна фрлена под кревет, не за џабе се вика you never regret any kinf of workout. Кога на тоа ќе се додадат и позитивна енергија со одлично друштво, плус купените парчиња од шопингот со кој се наградив и кои ми се смешкаат додека си ги одмарам нозеве, се добива исполнет ден каков што одамна не сум имала. И така, ве поздравувам повторно со една кјут сликичка од оние chibird коишто постојано ми изнудуваат насмевка во последно време, имајте убав остаток од викендот.
Ова морам..уште ова Она кога случајно ќе видите на ФБ дека бившиот ве блокирал...I'm wonderinf WHY?! What a garbage! Она кога за Нова Година ќе го видите заедно со женската и така фино сакате здраво да му речете а тој ќе ја наведни главата надолу What a loser ! Она кога се дружи со ваш комшија и со женската одат заедно кај него на гости,а неговата кола паркирана пред вашата порта...Ironic ! Ама и тоа заврши.... Како ли досега не се самооуби?Како шо велеше... Ти посакувам се најдобро,како и да е..и за крај I WON ! Ќе ти покажам што испушти од раце.... Господ е ГОЛЕМ,ќе ги намести коцките...ВЕРУВАМ !
Сега читав на еден српски форум за убиството во Ѓорче, имаше многу лоши коментари од србите за нас, да сме се испоубиеле заедно со албанците, сеедно им е. Не знаев дека толку не не сакаат, замерки за признавање на Косово, за црквата. За помошта за поплавата едно скромно фала, ама другите работи не ви ги забораваме. Шта речи.
Срам да им е бе ние им помагаме од тука пари облека донираме а тие што ни зборат зад грб ццц е стварно народов е покварен и незаблагодарен,ама ај има господ ќе се сврти тркалото ќе дојдат и нашите 5 минути Што убаво е чуствотот кога знаеш дека утре ќе спиеш до кога сакаш дека не си на работа и ќе дремеш на фемина и до сабајле ако треба