Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    69.217
    Ме стави на место, браво! :clap:

    Процесот почнува од рана возраст, дома. Мислиш дека дете кое што не е воспитано од родителите ќе биде воспитано од учителките?

    Секако дека девојчето во случајот погоре не треба да се казни, никој не ја осудува неа. Во ваквите ситуации треба да ѝ се укаже дека не е правилно да се зима без да се плати и да ѝ се посочи правилен пример.
     
    На Yipman2, Rama, Purplelilac и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    13.333
    Пол:
    Женски
    Значи на девојчето не и било прв пат.. И кога доаѓала со родителите си ставала во ташна по нешто, ја виделе на камери многу пати.. Од после дознав од продавачот, често им кажувал на родителите дека си зема без да плати а ништо не превземале. Воопшто не планирам да укажувам и покажувам како треба, нит сум и мајка, нит сум и нешто блиска. Си има луѓе кои си се одговорни за нејзиното однесување.
     
    На Rama, душленце, DAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  3. EMMA EMILY

    EMMA EMILY Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски


    Искрено жал ми е за бабата што цел маркет ја дознал дека имала само 10денари што најверојатно им укажувала на дечињата, многу ми е жал и за дечињата што освен по едно лижавче се немало можност да им се купи по едно чоколадо, а најмногу ми е жал за вакви "душегрижници" што пишуваат колку излегле херои и ја изложиле бабата на јавен потсмев за нејзините внучиња. Верувам дека бабата баш и поради тоа цел маркет ја дознал дека има само 10денари,баш заради тоа што сакала да делува воспитно на децата од 5год и 7години.
     
    На buba4e89, *Ench@nted*, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Машки
    Не сум знаел дека ако дете украде киндер-јајце од продавница, не е виновно ни тоа, ни родителот, туку Фереро, кои ги смислиле, и маркетот, кој ги ставил до касата. :drunk:

    Ама ете, човек учи додека е жив. :D

    Плус, цела држава ја искрадоа, а ние за едно киндер-јајце сме се фатиле овде.

    Тоа се тие аргументи, кога сите се виновни освен тебе (или личноста со чија приказна си се поистоветил). (fingers)
     
    На Milobebence, Annath, Yipman2 и 30 други им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Ужасно се нервирам кога некој ќе ми рече абе ова биологија само бубаш, на памет се учи тоа, што има да разбереш. Набубај и тоа е. И тоа некој што едвај знае клетка што е...
    Не. Ниедна наука не се учи на памет само со зборови без истото да го видиш како изгледа.
     
    На Rama, k.frosina, КикиМаус и 10 други им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Драма. Никако не ви е жал за продавачот? Зашто на крајот од денот ни туѓиот срам, ни дете е не знае, ни трговците, ни капитализмот, ни Ким Јонг Ун ќе го платат тоа, туку продавачот. На крајот од денот разликата ја плаќа работникот од својот џеб, ни крив ни дужен.
     
    На Milobebence, Annath, Rama и 24 други им се допаѓа ова.
  7. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    70.711
    Не ми е јасно како мајки бранат деца што украле :x
    Дете се учи од кога ќе почне да разбира, што е правилно, а што не...
    Она што денес изгледа како ,,невина" кражба на чоколадо, утре ќе биде нечиј телефон, паричник, чанта...
     
    На Annath, Rama, Selest и 19 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.282
    Допаѓања:
    226.790
    Пол:
    Женски
    Читам и си мислам...Добро а не мислите дека можеби бабата намерно ги држи тие 10 денари во рака за да изгледа како да нема и да се сожали продавачот за кога детето ќе украде?!?
    Чим таа мајка знае, информирана е за тоа, зашто воопшто оди детето во продавница? ? Јас не би кажала на продавачот за во случај бабата да не е свесна. Но неа би и кажала. Не потпаѓајте одма. Може и родителите тоа го дозволуваат. Не знаеме
     
    На Rama, душленце, КикиМаус и 13 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.200
    Допаѓања:
    175.857
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто ама дур читав скроз исто мислев како @LiliBoz :tmi: Па штом објасна членката понатаму уште повеќе верувам во приказната. Дете не смее да кради, нормално е да мисли дека треба во одреден период од животот, и не треба да се кара туку да му се укажи, да нема нахнадни трауми туку да му се укажи дека згреши, да се научи како треба. За секое грешно однесување детето не треба да се кара туку да се разговара со него, да му се објаснува, да му се даваат примери, да се играат улоги. Ама ако однесувањето е повторливо, тука има проблем кој не смеј да биди игнориран. Не треба да бидам родител за да знам дека има проблем во повторливо неприфатливо однесување, така? :wasntme:
    Можам да се замислам некоја година од сега како работам како психолог во училиште и ми иди внатре девијантно дете ама родителот се противи дека уствари не знам јас какви мерки да покренам зошто не сум родител. 8-| Колку и да играм мајтап, страшно е што ова можи да биди реална ситуација. :rofl:
     
    На Rama, душленце, КикиМаус и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    На никој не му текна да направи тема за бабата и киндер јајцето :devil::rofl:
     
    На Rama, Purplelilac, k.frosina и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Мене пак ми е најјако она „ееее ќе научиш кога ќе станеш мајка“ за секоја критика кон игнорантност и неправилно однесување од возрасни (мајки, баби, што год)... :D
    Значи да резимираме, кога ќе родиме сите ќе станеме расисти (ќе сфатиме каква катастрофа би било дете да ти се заљуби во црнец/некој од друга вера), ќе ги разбереме и ќе им се придружиме на оние од Женски домаќински муабети што сликаат валкани памперси и даваат совети да се бања бебе во менструација... а најново - и ќе ги сфатиме родителите/роднините што не си ги воспитале децата да не крадат. Прекрасно. :D

    Добро, знаете ли вие колку деца се запознале навистина со сиромаштија, ограничени средства а со тоа и скратена безгрижност од најмали нозе - а никогаш не посегнале по нешто туѓо и неплатено? (facepalm)

    И стварно треба да се ограничи работава со цитирањето во темава. Не се должни луѓе што сакале да се искажат со нешто во што нема ама баш ништо спорно и контроверзно, да се развива дискусија од нивен пост ради некои што си бараат рчка или пак и тотални падобранци.
    ФМП :drunk:
     
    На Rama, Srckata28, душленце и 18 други им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.282
    Допаѓања:
    226.790
    Пол:
    Женски
    Еве јас сум мајка. :)D) Да е мое би умрела од срам и ако се повтори после лекции дека не треба така онда нема да го носам со мене извесен период во маркет.
     
    На Rama, Selest, душленце и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.827
    Допаѓања:
    80.756
    Пол:
    Женски
    Од приказнава со децата, бабата и Киндер јајцето, не ми е јасно зошто никој не рекол Во ред е, нека земат, јас ќе платам.
     
    На 8463., Rama, Purplelilac и 6 други им се допаѓа ова.
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.525
    Пол:
    Женски
    Не е срамота да имаш 10 денари, ама срамота е да крадеш.

    Јас еднаш земав по грешка седум денари повеќе кусур од продавница ко мала, грижа на совест ќе ме убиеше, еве на 25 години уште ја памтам случката.
    Се знае, кога ќе каже постар не може, не може. А не земаш и пикаш во ташна. Посебно за дете што оди во школо.
     
    На Annath, Rama, SV1911 и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Bella Mare

    Bella Mare Нов член

    Се зачлени на:
    21 април 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    6D620FD3-81F0-4443-A13D-E9A69D71D91B.jpeg
     
    На CaraMia, buba4e89 и Avokado им се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.868
    Допаѓања:
    173.442
    Пол:
    Женски
    @Bella Mare да крадеш - е срамота за тебе.
    Да дозволиш внуците да ти крадат е срамота и за тебе а богами и за родителите на тие деца... родителот е одговорен за тие деца иако до помлад малолетник не можат да завршат во казнено-поправна установа..
    Да немаш повеќе од 10 денари е срамота за оваа скапана држава што не уништи до корен.
    Да дозволиш цел дуќан да те разбере дека имаш само 10 денари - е срамота за самата тебе, не те научиле на бон тон..

    Да дозволиш да се зачлениш на форум само за да се истуриш на некоја членка е немање на основна култура....
    ...или чекај... твоите деца крадат па ти ги оправдуваш сите останати?
    Ако крадат, подобро научи ги дека е лошо, во спротивно еден ден ќе завршат во затвор:!:
     
    На Annath, Rama, Purplelilac и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Децата се истренирани крадци од мали, бабата (знак прашалник дали им е вистинска баба) е една од членовите на тимот, продавачот соработува со нив и се прави дека не гледа (на попис нема да ги преброи киндер јајцата правилно и ќе е ок) а не знам и колку вреди и полиција да се вмеша оти и таму имаат луѓе.
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    43.504
    Како да не , у затвор ќе и завршат децата...Си знае она шо занат ги учи, политичари ќе бидат...И она гледам по дипломатијата е...

    Ај некое од улица дете леб да украде, да го жалиме, па и да не е од улица, али да краде мо*ано благце...

    И плус бабава намерно си праела филмои да ја жалат, као демек не можела дома да им каже дека само 10 денари има, или уопште да не влагала у дуќан СО ДЕЦА, БЕЗ ПАРИ...Него им давала знак на децава да крадат...Дај не ме је*и, не бидете наивни...

    Бабата за уши, не децата. Ако и е...Таа да имала срам, немало вакви глупости да прави, па уште и ќе ја жалиме. Туф, туф...
     
    На Yipman2, Rama, SV1911 и 14 други им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Јас заборавив пиштол играчка во џебот кога си игравме со едно комшиско дете кај него дома, уште имам трауми од случката. :worried:
     
    На Rama, КикиМаус, crimson и 6 други им се допаѓа ова.
  20. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Сестра ми долги години работеше во маркет. Секој ден им доаѓала бабичка за да си купи леб и млеко, и секогаш со себе носела платнена торба. Еден ден ја виделе бабичката како во торба си става локум и други производи, а на каса во корпата ги однела само лебот и млекото да ги плати. Одвај ја убедиле да ја отвори торбата и да ги даде работите кои немала намера да ги плати.
    Секогаш на попис им излегуваше огромен минус кој за жал самите си го плаќаа од свој џеб.
    Жалосно е што има луѓе кои не си ги учат децата на основните работи, на основна култура, манири, добро однесување, бон тон. Децата на тие основни работи се учат уште во предшколска возраст. А,ако не се научат од мали, на старост ќе прават глупости без осет, тронка совест и срам.
    Плус, жалосно е што некои луѓе се толку свилени и патат од големина, па очекуваат касиерките да им се поклонат, насмеат, спакуваат производите па може и до врата да ги испратат зошто "на нив тоа им е работа".
     
    На Annath, Yipman2, Rama и 21 други им се допаѓа ова.