Си решив веќе да не се замарам. Сите шо сакаат у слободно време да се расправаат со мене ќе добијат само бланк простор. Не ме интересира ништо.
Од рабоќето кои ме изненадија у периодов...госпожички - мадами, кои ти подаваат рака за поздравување, ама у стил на мадамите од времето кога мадамите носеа рУкавички и џентИлмените им ги целиваа рукичките. И, коа една таква мадама ќе ми ја подаде така рукичката, шо се прави?! И ја бубнам, или прво прашувам, а оваа рачичка каде се' била и дали е миенка?! Па послемка терам адетите џенлменски. Гаддем со некои женски биќиња. Гаддем.
За прв пат имав можност да погледнам низ телескоп во ѕвездите. Тоа што го видов воопшто не наликуваше на топка која е во пламен како што учевме во училиште. Секоја изгледаш различно, уникатна, во различни бои, со различно треперење кое наликува на мандала цртеж.
Запомни дека твојот најдобар пријател си самиот ТИ. Исто како што ги слушаш и почитуваш пријателите, слушај се и почитувај се себеси без никакво осудување....
И така. .. Одамна не ставам слики на Инста или ФБ. Доста се оттргнав од тие работи.. .Стварно ми е глупаво, јас на кафе, чкрап чек ин, хаштаг... Јас на работа, пиеме Нес со другарка ми, јас во Будва.. Итн.. Не знам, ете не сум тој тип што живее за да биде виден. Мислам дека во последно време,толку сме преоптоварени со тие филтери, Инста, Лајкови, срциња, толку што заборавивме да живееме, чувствуваме. Ми велат, зошто си чудна? Зошто немаш слики? А, добро,зошто секој мора да ја знае мојата приватност? Луѓе... Тоа е тоа.. Пис.
Ќе ја бубнеш и на чело ќе ја допреш. Зар турскиве серии не те научија ништо? ________________ Како ќе дознаеш дека некој е вегетаријанец/веган, пошто ретко кој сам да си каже?
Сакам луѓе што сакаат и што работат со страст. Што сè уште се мачат со своите несигурности, а им велат на другите како се прекрасни. Што се наоѓаат на дното, а ги подигнуваат другите горе. Што се соочуваат со сопствените стравови, а ги охрабруваат другите да не се плашат. Сакам луѓе што остваруваат туѓи соништа, луѓе што прават добро без причина, луѓе што постапуваат како луѓе. Верувам дека нема ништо поубаво на светов од љубезен збор, поглед или постапка кон друг човек. Не постои нешто помоќно, повеличествено и повредно од емоцијата што еден човек може да ја предизвика кај друг. Чувствата се скапоцени. Среќен е оној што прави добро само зашто така му текнало. Ама навистина среќен.
Што полицаец ќе беше ти? Ме застана пред половина час, бараш сообраќајна и возачка дозвола. Барам, барам и барам, ама никако да ја најдам сообраќајната, а меѓувреме ми соопштуваш дека возачката ми истекла. Ме пушти со изговор другпат да си носам сообраќајна. Додека се враќав дома се прашував да не е ова 1ви април. Сообраќајната ја најдов забутана во предниот дел на колата. Среќа инаку ќе го папав за баналност.
Неделно резиме на животов...првите 15 години од животот ми беа најубави и траеа ми се чини 10 века.После тоа почнаа од слободен кас да преминуваат во галопирање без смисла.И се добива некој вештачки мирис и вкус,како течат годиниве дури и нагорнува.И се трошат и ронат годиниве без смисла. Не знам каде ги изгубив тие 15 години,ако некој ги најде нека ми ги врати.
Едно од најраните сеќавања од моето детство е тоа дека на видео касетите покрај Бушава азбука и Дајте музика, имавме снимка од концерт на Балашевиќ каде беше облечен во црна маичка по кратки ракави со Душко долгоушко на неа. Го памтам како да беше вчера, целата слика од него ми е во глава. Со сестра ми како деца немавме поим кој е тој чичко, само нè интересираше зошто зафаќа место на нашите касети со детска програма После некое време сфативме дека е пејач кој татко ми особено многу го сака и му ги знае сите песни напамет. До ден денес знае да запее некој негов текст што се вклопува во одредена ситуација Колку пати кога касно ќе се прибереме со сестра ми, нè пречекал пеејќи ни ја: Pa dobro gde si ti?? Sto ne navratis kod kuce sam popodne... Израснав слушајќи ги неговите песни, до душа повеќе како препев на татко ми, отколку оригиналните верзии Знаев дека никогаш не му бил на концерт, па чекав прилика да го изненадам, макар и без повод. Кога Балашевиќ беше последен пат во Скопје пред 4 години, не бев вработена и немаше никакви шанси да си дозволам да купам карти, кои тогаш за мене не беа нималку евтини. Ама си ветив дека кога ќе дојде нареден пат, ќе се снајдам како знам и умеам. Кога пред неколку месеци беше најавен концертот и беа пуштени картите во продажба, буквално истиот ден отидов во Југотон и ги одбрав најубавите места. Со сестра ми напишавме една убава честитка, ги спакувавме во кутија со машничка и не додржавме ни да дојде месец март кога се родендените и на мајка ми и на татко ми, па им ги дадовме порано Беа скроз изненадени, прво затоа што не очекуваа подарок месец дена порано, второ затоа што не очекуваа ТАКОВ подарок Синоќа беа на концертот и еве и денес не престануваат да раскажуваат колку добро си поминале И искрено не знам кој е посреќен - дали они што конечно отидоа на концерт на Балашевиќ, или ние што ги гледаме така среќни
На тешкиот начин учам дека многу, многу поважни се луѓето кои се добри со тебе, те почитуваат, не те потценуваат, те сакаат, те тераат да сакаш да живееш и сл. отколку оние кои го вадат најлошото од тебе, кои те третираат подолу од ѓубре, на кои не им е важно дали си добра или не, кои не се плашат да те изгубат... Само ми останува да чекам, да чекам да бидам меѓу оние прекрасни луѓе со кои ќе бидам понатаму во животот. А дотогаш ќе бидам силна, ќе трпам. Што не сум истрпела досега, па уште за малку...
Некои луѓе несвесно ти го шират видикот. На некои позитивни нешта што не си сакал да ги видиш,а функционираат така. Навистина било добро да не си брзоплет.