Луѓето постојано зборуваат колку напорно работат на работа, си ја исполнуваат должноста, многу се вредни и слично, и пак еве се мислам, во државава се како да стои. Или премногу заслуга си даваме себеси, или ги лажеме другите. Бендер пред некој ден пишуваше за синдромот "зошто лоши работи им се случуваат на добрите луѓе", и го делам неговото мислење. Сепак овие изминати месеци не можам да престанам да се прашувам, зошто лоши работи им се случуваат постојано на истите луѓе. Зошто болестите се наследни, зарем не е доволно еднаш семејството да поминува низ таква ужасна болка? Или секоја уште пострашна... Нема универзален одговор, нема карма, нема виша сила, зошто нема решение? Деновиве се прашувам, дали треба да почнам да се молам? Лицемерно ми е. Не верувам. Ми нема цел. Ми останаа зборовите, и зборовите после целиот овој период бледеат, како да немаат тежина, како да тоа идно -ќе биде добро- звучи магливо и тенко. Ќе се држиме за рака и во прегратка. Ќе се надеваме. Ќе бидеме благодарни, секој на тоа во кое веруваме. Бидете малку фини, драги мои.
СДК....си беа сите стари нови политичарчиња од идна Северна балканска вукојебина на лижење дупе у америчка амбасада вчера! Па кој најдобро излижал ќе покаже времето! m.mkd.mk/galerii/site-vo-farmerki-na-priem-na-ambasadata-na-sad#26
За најзлоупотребена стара мудрост во последно време од страна на закоравени, игнорантни и згора на сѐ нарцисоидни луѓе ја прогласувам „Она од што паметниот се срами, со тоа будалата се гордее“. Ummm, продолжете да се тапшате по рамо дека сте токму вие од страната на паметните...
Сакам да кажам дека према тоа шо имам врвено на забар, кога видов како е да се прај заб кој не ме боли се збунав. Ептен неочекувано. Дали добивам нов поглед кон праењето заби? Дали можеби некој ден ќе престрашам? Не знам. Се сомневам. Ама знам дека денес си поминав ... Океј.
Сакам да му кажам на Шилегов да намали малку со тоа ракијата да се освести малку поминаа одамна славите и празниците и да му се заблагодарам оти прскаше со крстена вода против комарците. Со ракија ли ги мачкаш раните од комарците Шилегов? Ако и пивни си како превенција. Во Jули ли се прска против комарци? Па ово нема ни у Београду.
СДК дека поголем женкар од жена-НЕМА Ќе помине убава жена и ќе се извртам да ја догледам убаво од глава до пети
Барав дали постои тема на форумов за "Zero waste lifestyle" и најдов само една тема за рециклирање во која одамна нема постирано ништо. Во Македонија очајно треба да се превземе нешто окулу отпадот. Да се постават контејнери за различен отпад (хартија, стакло, био, метал, амбалажа...) и да има казни доколку некој во нив фрла нешто што не треба. Ќе не изеде ѓубрето луѓе... Во последно време се опседнав со овој начин на живот. Гледам да намалам колку што е можно на отпадот што го правам во прв план. Никогаш не може да се намали сѐ, но секоја мала работа има големо влијание.
Спојлер Многумина на форумов можеби ќе ме испцујат убаво за ова, ама сепак ќе си кажам. Не мислам дека секој има право да биде родител. Само за жал, наметнат е некој став дека сите треба да се венчаат до одредена година и да имаат едно дете минимум. Поради ова има толку многу осакатени личности на светов, психички или физички. Некако луѓево не обрнале баш внимание на фактот дека не е секој способен да биде родител. Сметам дека многу луѓе упропастиле нечие детство само поради тоа што не биле психички спремни да бидат одговорни за некого и да го водат низ животот. Да бидеш родител не е само да го родиш, да му купиш облека и храна и да речеш ете, си ја постигнав животната цел, толку. За жал, многу вакви примери има во мојава средина. Ако си родител не значи дека имаш право да наметнуваш твој став и твое мислење за посериозни теми или ако твоето дете кога ќе биде доволно созреано и може да разбира и оформува свој личен став за тие работи да го осудуваш и да се срамиш од него ако размислува поинаку. Родителот бил хардкор следбеник на СДСМ/ВМРО , па ајде сега детево од пелени ќе го влечка на митинзи, ќе го извитка со знамиња, ќе му облече партиски маици и капи поголеми од него. Ова не знае името да си го каже, ама знае да го извика името на партијата. Патриот и политичар од мало де. Пред децата нарекуваат некого педер, к***а, оговараат други луѓе, викаат, не знаат смирено да дебатираат за некои теми, се расправаат еден со друг поради политика, навредуваат некој ако е од друга политичка партија, ако има различна националност или верска припадност од нивната. После кога детето ќе порасне и рече нешто, се чудат од кај ги научило тие работи. Не сум родител, знам дека сега многу од вас ќе си помислат што има јас овде бурек да јадам за тие работи, што знам јас за одгледување деца. Можеби е до средината во која живеам, ама гледам многу вакви примери и се трудам да ги увидам грешките за еден ден решам да имам деца да знам што не треба да правам. Како најголемо достигнување во животот да им е ако детето е буквално исто како нив. Ако јас лично не се надоградувам како личност, ако не сум open minded и ако како родител не му кажам на детето дека во светов има толку многу различни луѓе и мислења за сѐ и дека е сосема во ред и тоа да биде различно и да има свое јас, како би можела да кажам дека сум успешно сум го израснала своето дете? Како тоа сум успеала ако моето дете не е подобро од мене во секој поглед?
Чувствoтo кoгa детенце сo дaунoв синдрoм ќе ти пoдaде рaкa, a вoзврaќaш сo нaсмевкa Ми гo рaзубaви денoт.
Другари,да разјасниме една мала работичка:мислам дека кога некој сам себе ќе се нарече или "прогласи" за добра и напатена личност,не значи дека бара некоја награда за својата добрина де,едноставно само си искажува став,како и за се општо Многу се мешаат баби и жаби во врска со денешната добрина,испаѓа дека ова го кажуваат само хардкор верници кои се прават добри само за да не одат во пеколот,чунки се плашеле да горат таму или пак дека чекале некоја награда. Ќе си кажам за себе,колку што се сметам за добра,исто толку се сметам за наивна и неретко глупава,ама јебига,таква сум,и не очекувам никакви посебни бенефиции од мојот избор.
Сакам да кажам дека станав тетка на една прекрасна манекенка. Конечно ми се исполни срцето со нешто мило,нежно,женско. Тетка е најсреќна....
Сакам да прашам , дали на форумов имаме тема за Creepypasta ? Ја знам темата за страшни приказни , но овие што сакам да ги постирам се видеа . Се опседнав со видеата на еден српски јутјубер , мислам дека 24/7 ги гледам . Многу убави приказни има па сакав да споделам и со вас .
Сдк дека решето ме направија комарциве, а уз тоа и еден апел, ако жените/женските на Градоначалниците читаат форум, да лобираат да се испрска што е можно побрзо, ама не со вода