Никој нема повеќе од еден живот, но има многу од тие, покрај својот, што трошат и неколку туѓи животи.
Да ми кажеше некој дека ќе чујам нешто паметно во турска серија, ќе му се изнасмеев в лице. Се' додека го слушнав ова: Ж: Зошто толку се грижиш да и' помогнеш, си има таа пријатели, пријателката е банкарка, мажот и е адвокат М: Да, има пријатели. На збор тука се, но кога треба да и' помогнат навистина, никаде ги нема
Ладно пиво е погодно и ќе те излади во лето исто толку колку што ракија ќе те загрее и ќе ти помогне за циркулација во зима. RUN за псевдо научниците во Македонија RUN
Покрај сета рационалност, понекогаш посакувам да постоеше магија. Не во примитивен, бизарен и најчесто негативен облик за каков што има луѓе кои уште реално веруваат дека постои - туку онаква чиста, разнобојна од детската фантазија поттикната од цртаните филмови со кои пораснавме. Па да имам волшебно стапче со глобално дејство... Веднаш би ја отстранила целосно идејата за религии, па и држави - и би ги избришала сите граници во светот. Луѓето да се гордеат со она што го постигнуваат сами и што помогнале на другите, а не со местото во кое случајно се родиле или она што им го наметнале. Сите да имаме заеднички јазик со безграничен вокабулар, со кој секој би можел да ги изрази и најкомплицираните емоции кои ги чувствува во било кој момент, и другите да можат во срж да го разберат. Ниедно дете да не знае за страдање, сиромаштија, ускратување невини и чисти желби и безгрижност, а уште помалку болест - коишто ако ги преброди во иднина, би се нашол некој да паметува дека тоа е со причина и му било потребна лекција и искушение, па дури и на самата таа личност да ѝ внесе во ум дека тоа навистина било така. Да се доаѓа до „конфликт“ на ставови за вкусови за храна, уметност, музика, литература - а не за тоа дека некој поради некоја карактеристика е одвратен и изрод кој не заслужува права како другите, за врховни ентитети чие постоење не може да се докаже и за користа на моќници со лажни идеали на кои не им е гајле за обичниот народ. Луѓето да си останат различно скроени - по изглед, боја на кожа, очи, висина, тежина, форма, сексуалност - но сето тоа да биде радо прифатено. Да нема никаква потреба ниту од феминизам, ниту од либерализам, ниту од активизам... од никаков -изам, дури и оние за кои не се срамам дека ги поддржувам и се пронаоѓам во нив - бидејќи идејата за еднаквост треба природно да биде таму во човековиот ум. Многу луѓе имаат што да учат од децата. Да, токму така - не толку ниту од младината и тинејџерите, туку од деца на најмала возраст. Толку убави секојдневни случки има со нив, за пример и доказ дека како деца се раѓаме open-minded, невино хумани, добри, чувствителни, креативни, уметници... Но, како што кажал Пикасо за уметноста, така е и со останатите доблести - многумина по пат на она што си го мислат за растење и созревање, ги губат или им ги земаат возрасните влијанија, перејќи им го умот со лажен морал. Вистински созреани со емпатија и емоционална интелигенција сме кога трајно се враќаме токму на детето со тие доблести во себе.
За неколку дена колку што сум тука цело време размислувам колку би било убаво овој живот да го има и во Македонија. Ама не. Секогаш постои тоа Ама. П.С. За љубители на мачки тука има парк за мачки, со свои куќички и храна. Плус луѓето можат да ги галат но не и да ги хранат. Исто така има поставено статуа на мачка голема метро и пол целата направена во мозаик. А кај нас па што? Со што да се пофалам јас тука од мојата земја кога секојдневно читам "Маче отруено,фрлено,прегазено..." П.С.Изопачен народ сме.
Како бе вака ставаш слика од ножни нокти, нелакирани? Ќе те изедат од оговарање Требало да ги шкртнеш како Лила
Дебиливе пред Собрание ги молиме да не се понашаат ко да се сами во цел град. Пет души (ама буквално пет) го блокираат цело Скопје, цел ден. Дали можам да протестирам против луѓе што се без емпатија, без свесност дека постојат други луѓе околу нив што на 70 степени го поминуваат центарот за да стигнат на работа? Изреволтирана сум до максимум. ( и тука не влагајте у филм кој е за или против промена на името, него зборувам за чувство на соживот во заедница )
Жени, ризиувајте со маж, дечко, симпатија, мувач, е*ач, шта год, само не со фризер. Еден ко ќе фатите асален, држете до него, верујте, појќе се исплати.
Сакам да кажам дека дури сега и го заприметив потписот (или како и да се вика) со сендвичот на @DAngel . Еве ме, се смеам како луда веќе 5 минути, ми го направи денот
Посебен тип пријателства чија вредност ја ценам, се оние кои можат навистина функционално и искрено да опстојат и по големи паузи во комуникација - поради оправдани причини и разидувања во обврски и животни околности, која и двете страни ги разбираат. Без префрлање (во себеси) дека другиот те заборавил, без зајадливо (прет)чувство во воздухот дека по толку време те бара сигурно поради некаква корист - туку меѓусебно сметање еден на друг, искрена радост кога конечно пак сте се слушнале и отворање многу теми на муабет кои сепак сè уште ги имате. На секој му треба по некој ваков зрел и релаксиран однос во животот.
За да сфатат дека ни најмалку не е наивно земањето на истото,ај што не се почитува тој период од шест месеци измеѓу едното апче и другото туку се зема и за банални работи.Цитирам:Дечко ми не сврши во мене,ама мене ми беше страв од предсемената течност и се напив,или имавме секс со кондом сврши надвор од мене,ама ете страв ми е да не бил пукнат кондомот.