@+++ Нема потреба да се извинуваш...твоето предупредување не го сфатив како навреда.... Ми лежеше на срце да споделам,искрено немам проблем да си пишам тука за анксиозноста,имам опишувано дури и епизоди од паничните напади,сум давала совети и поддршка и тука(анонимно)ама и "јавно".... Што се однесува до форумов,за првпат го кажав тоа со самоповредувањето,тоа беше многу одамна,еднаш истово и го напишав на една помлада девојка во порака,да се осмелив да и понудам помош(иако не ми побара)ама често ја читав дека минува низ истото,за жал не добив повратна порака,и се повлечив и ја испочитував одлуката на молк.... Навистина не знам што да кажам,не сум ни безгрешна ни светица луѓе,ама срце ме боли кога читам и гледам кој низ што поминува,се мачам,се борам да помогнам,оти сум преемотивна и знам како е да си отфрлен и исмеван од другите.... Никој не може да ме натера да пишувам ако јас не сакам,ама верувајте дека самата сакам,со тоа и сама си помагам а и можеби на другите... Реално,повеќе на помош сум наишла тука,анонимно одколку во реален живот... Првпат минатата година кога пишав во темите за анксиозност и депресија и веднаш две членки ми рекоа,и ти ли стигна да пишуваш тука...не им се веруваше,оти пред тоа бев сосема различна личност,затоа ве молам имајте повеќе разбирање и тука,ама и надвор,не знаете внатрешно кој со што се бори... Точно е дека и сама си "помагам" многу,ама секоја друга помош или убав збор значи и тоа како... Имам уште многу да пишувам,ама тука застанувам. И ве молам не се расправајте поради мојот пост...
@Rama ти си златна Не е битно од каде црпиш енергија, битно си имаш свој извор. И се додека те прави среќна, или на било каков начин ти помага, don’t stop. Ако сакаш да збориш - збори, ако сакаш да пишуваш - пишувај. Ќе не има секакви овде, се сложувам со Крсто ама ти секогаш ќе бидеш посилна од нив, да знаеш. ******************* Многу лоши вести читам периодов, што сега последнава, дека се родило Бамби во скопска зоолошка ми израдува срце. Абе малку треба за среќа бе.... Бамби
Нема ништо полошо на овој свет од прости покондурени сељаци. Да, СЕЉАЦИ, СЕЉАЧИШТА, стомакот ми се превртува од вас, вашето понашање, селските фори, вашиот изглед и моралисување. Градот ни го упропастивте и грда слика давате за него. Кој сака нека ме нападне, не ми е гајле.
^ Немам ништо против тебе но мене ми е жал кога ќе се роди некоја животинка во ЗОО. Цело време помагам на една возрасна особа онака Оти е сама со ќерка и, и покажувам кај има “наши” (Југословени ) вработени (кои мене никој не ми ги покажа по некоја случајност сама ги открив )зошто знам како е да си нов тука и таа почна да ми го навредува моето занимање сега имам и дошколување и она упорно ми кажува како она разговарала со некој од таа област како небило убаво платена и коа ќе завршам ќе бидам како исто... Не ми дава срцето од култура да и кажам да си ја гледа својата работа ама се оддалечив иако секој ден сме заедно тука за 2 месеца си го покажа лицето,а јас среќна сретнав некоја за дружење. Луѓето се неблагодарни и убаво и е кога повредуваат или како што кажал некој -“Бегај подалеку од наш” Браво за девојката Рама ,со последните зборови ми ги насолзи очите како лично мене да ме праша....
Во принцип, сум против зоолошки и не сум била таму од една екскурзија во 3-то или 4то.. основно. Ама за Македонија збориме. Толку сме, една педа земја. Се живо истребија диви ловци и риболовци по шумите и езерата. Пиле нема да запее.. Пустош оставаат после нив.. Целата флора и фауна е изретчена од човечката алчност. Поголеми се шансите да преживее во зоолошка него ли надвор, каде демнее опасност од сите страни. Не знам, можеби грешам... А околу другиот муабет, @душленце не си земај се при срце. Твоите дела на твојата совест, нејзините зборови на нејзината. За да си имаш мир со себе. И подалеку од негативци.
Луѓе на кои секогаш, за сѐ, виновен им е некој друг, луѓе на кои секогаш прстот им е вперен во друг, кои не знаат за самокритичност, на кои никој и ништо не им чини а самите никогаш не се погледнале во огледало, кои секаде гледаат маани, освен кај себе... Подалеку од такви.
Не заборавајте, утре требате да бидете нечи(в)и родители. И прво треба детето да си го научите да пишува правилно, а подоцна и на такви нешта дека депресијата и несоницата на пример, не се забава и аздис. А да, и како се прават деца - бидејќи колку што знам, не можеш да станеш нечиЈа мајка без пенис и сперматозоиди Сакам да кажам... човечката глупост нема граници
СДК срам не срам,сеуште сум по пижами,и не сум мрднала подалеку од двор,и не ни планирам,оти надвор е Есен невидена,те врни,те ми студи,и ме фатила некоја мрза Не сте свесни колку многу ми се пие пиво....уште од синоќа го мислам,одам во маркет синоќа пред да затворат и не ми дадоа,во мое село не бил уште стигнат законот за укинување на временски ограничена продажба на алкохол Додека го пишувам постов пијам Швепс(Битер Лемон) и си замислувам дека е пиво
Се извинувам што цитирам. @Someonespecial, тој кој го шернал напишаното, дали ја шернал и машката верзија, каде место пениси и сперматозоиди, стои вагини и бело прање? Зошто и момците утре треба да бидат татковци, или за нив е океј да имаат живот пред да направат деца? Кога веќе се мрчи, барем нека се мрчи ферски за сите.
8 момчиња се спасени од Тајландската пештера! Неверојатно е како успеале да ги извлечат 4 км од земја, тие луѓе се херои. Јака им душа на децата што издржале 2 недели во тотална темница додека пештерата се поплавува, се надевам дека ќе се опорават. Знам дека многу грди работи се случуваат ама веста ми го разубави денот.
На мојата среќа и нема крај, морав да си напишам Најомилен дел од денот ми е кога ѓевречарот ќе помини на улицата и ќе си купам ѓеврече. Сите мачнини исчезнуваат Си го јадам со преголема радост и сладост. А свеки ме молеше да ми зготви за јадење...
@Rama ти се восхитувам искрено. Како особа која долг период се бори со депресија знам колку чини за нас кој сме во таква состојба едно обично прашање, како си? Всушност за останатите кои не се борат со депресијата или било кој друга состојба е обично прашање, за нас, е посебно и многу битно прашање. Затоа ти се восхитувам што помагаш на другите. Голем човек и борец си очигледно, зборувај кога сакаш да зборуваш и пишувај кога сакаш да пишуваш. Затоа што и некој преку прочитан пост тука или било каде може да му се даде мала светлина на тунелот. Инаку и јас во други теми сум пишувала за мојата состојба и гласно зборувам зошто знам некој едвај чека да слушне дека не е сам,не е единствен сите заедно па дури и преку прочитани постови можеме да си помогнеме еден на друг. Те биди ми поздравена.
Сдк дека на нерви ми одат несериозни луѓе кои ги имаш чекано цел ден за да ти помогнат важна домашна работа, а тие се правдаат - со чекај уште десет минути да поседам на компјутер па потоа а всушност поминуваат саати. Мислам дај олабави, компјутерот е овде и нема да ти избега, а домашната работа е побитна од секое дебилче со кое се допишуваш само за да му го пополнуваш времето. Можеби ми оди на нерви затоа што јас сум перфекционист а не мрзелива за 5 минути во прашање работа па сакам да изгледа се како што треба. Денов инаку прекрасен, мене сите овци на број, и то.
Така е,се согласувам до збор со тебе. И ти исто продолжи да пишуваш и да си помагаш како себеси,така и на другите...бидејќи постојат многу личности кои не се разбрани,немаат каде да се обратат и читаат анонимно,добро ќе им дојде мала светлина во цел овој тунел. Те гушкам и јас,и само напред
Dobro e, ne sum bila edinstvenata opsednata so misijata da se spasat decata. TV mi e celden pusten na toj program I pak ispustam zosto nastanite se slucuvaat dodeka e nok kaj mene. Mora da bide, vkluceni se najdobri strucnjaci od site oblasti od cel svet. Jas da zamolam ako moze denov namesto 24 casa da se zgolemi na 36 casa za da moze se da si zavrsuvam, a ne raboti od denes da ostavam za utre. Toa znaci si iziveal 50 god, a vo sustina 75 god (po staro). Plus site raboti ke ti bidat zavrseni, se razbira I krecenje.
Ептен им се погоди што немаше врнежи и испумпаа доста вода, ако продолжи да биде вака брзо ќе ги извадат и останатите деца и тренерот.
Чудни сме ние луѓето. Бараме искреност, а не ја цениме, бараме совет, а не го прифаќаме, бараме помош, а ја одбегаваме. Вистината ако не ни одговара, ја преферираме лагата. И после светот не чинел. Не, ние не чиниме.
Во моментов знам што ми е најважно во животот. Една личност во која вложувам се`, се вложувам себе, целосно. И не ми е ни малку жал. Подготвена сум да се изборам со се` и секого. Нема да дозволам никој и ништо да ми одземе ни миг од среќата. Не е баш секогаш лесно. Но вреди...