OMG колку се луѓето на ова понебје шокирани ,фрапирани кога ќе се отвори тема секс. Еволутивно наназад како најприроден начин на размножување.И не разбирам кој се го дојсе штркот и дали се во наводен обид за замонашување неинформираните 30 годишни попаленковци кои толку лесно се загреват на мислења во секс категоријата , ко да не виделе ко да не слушнале. И така си глумат сексуално освестени , а не е жив ако не му го покаже селфито голо од женска му на другар на кафе. Катастрофа, смирете се.
Манијаците се во лп, и ме интересирало дали жени би прогонувале маж кој е активен во таа категорија како нас што не затрупуваат со лични пораки мажите. Не ја одбегнувај, најдобрата забава таму е. Се имам смеено до солзи Ако си фаќач на сеир секако.
СДК: - Денес ко ќе викне некој у банка “ова е грабеж!“ не знаеш дали он ја ограбува банката или дошол рата да плати...
Не се качувам на орбитреков да вежбам за да не го разбудам бебето, па седам до него и тивко си јадам. Еклери!
Правото на слобода на говор, како и сите други човекови права, е нешто загарантирано и неприкосновено. Ама, како и со сите други права и слободи, исто така носи со себе и одговорност и обврска. Можеш дури и да гледаш низ прозорец како истура ко од кабел и да се инаетиш дека пече сонце (карикирам), дека тоа е твое „различно мислење“ и имаш право да си го кажеш. Нормален човек нема физички да те нападне, ниту закон ќе те гони. Ама, за чудните погледи, потсмевот и сарказмот во врска со тоа, кои исто спаѓаат во слободата на говор на другите - самиот си одговорен и ќе си ги трпиш. А за говор на омраза и негирање на туѓите права, ќе добиеш и посериозно заслужено неодобрување. Да, рамноземци и остали теоретичари на заговор и припадници на одвратните таканаречени „фобии“, I'm looking at you
Добриот, чесниот и праведниот човек кога ќе погреши нешто се извинува поради својата грешка. Лошиот човек кога ќе погреши не се извинува поради својата грешка туку тебе те прави луд и те убедува дека ти грешиш.
Чувствувам огромна потреба целиот свет се со најблиските да ги ставам на 48 место на листата на приоритети, а на сите останати 47 јас и само јас. Ама не можам, не знам како...
Колку и да сакам да бидеме блиски повторно, ако нема волја од другата страна џабе ќе се форсира. Пробав, изгледа не иде.
Сакам да кажам дека многу луѓе со комплекс на безгрешност, толкуваат поими различно. Истите тие луѓе се доста прикриено агресивни, а зборуваат за мир, љубов, почит, разбирање. Ве молам отворете речник и побарајте значење на зборовите кои ги користите. За ваше добро секако. И не, не го мислам ова иронично како вашите молитви за спас на душа на грешниците. Јок. Најискрено.
Она кога некое фино ново човече (али стварно ново) се зачленува тука и вели дека цел форум му/ѝ изгледа полн со позитивна енергија...
Денес бев у магацините на Мулер, у тоа дисконт дуќанот и една жена од Македонија купи преку 30 пакетчиња ,по 8 евра едно, и во секое внатре имаше палета за контури, 5 хајлатери ( мешано гел, во прав, и течни ), 3 мат кармини, 10 лакови за нокти, печати за бјути маркс, тетоважи за тело и друго нешо ситно, се од Катрис , се со поминат или веќе му е при крај рокот ( и ја си купив, ми е гајле ), после зема едно 100 комада сребрен со светки, и со розев патент несесер , 50 центи парче, и едно 20 парфеми со пројден рок од Живанши мислам беа, од 100 на 10 евра. И многу се напизди коа виде дека сум земала црно ковчеже со 3 прегради, огледало, ово оно за професионална шминка, од 35 на 7 евра само оти му испаднало тоа курчето за отварање ( си го залепив ја дома , беше у кутијата). Сигурно ќе го шитнеше за 2 иљадарки тука на наивнава раја на Фејсбук. Ај да ја видам тука у Германија нека продава ѓубре у непријавен дуќан, на Фејсбук. Јебем ти државата.
СДК... Некои едноставно размислуваат во обратен правец од стрелките на часовникот. Си било еднаш... Си било некогаш...