Ми се смачи од 'светици' кои се 'грозат' од муабети за секс! 90% од нив 'паѓаат во несвест' на муабет од стилот: Сакам да испушам к*р, а испушиле километри до сега. Тоа што не зборувате отворено за секс, не ве прави ни 'фини', ни 'поштени', ни 'префинети', ни 'побожни' ни ништо...Ве прави лицемери, кои се срамат и плашат од сопствените физички потреби и реакции на вашето тело! Со своето молчење и лажење и криење, предизвикувате да ве ословуваат со 'курви'... Затоа што на секој му кажувате дека ви е 'втор', а првиот беше еднаш и 'случајно' ви го стави. Па после мажите имаат неточни информации за тоа дека: замислете!! И жените уживаат во сексот!
Кога читам мислење од некое женско корисничко име, се надевам потајно дека позади него стои маж. Ако навистина е жена-ептен очајно.
Само што се прибрав, фамилијарно излезени. Преубаво поминав искрено. Ми фалат такви вечери каде ќе се собереме сите заедно и да правиме муабети. Не мора да се чекаат посебни прилики за да се направи вакво нешто повторно. Жал ми е само поради тоа, се чека нешто да се случи било добро или лошо за да се собереме. Ако, веројатно така е дојдено времето.
Знаев дека за некои е повообичаено и општествено прифатливо маж да плука, пцуе, да се пијанчи и дрогира, додека посебниот шок кога жена тоа го прави не е на дејството, туку на тоа дека е женско. Али не знаев дека и за „ненормални“ (по нечиј критериум) постови на форум тој некој се надева дека се од машко, оти ако е жена тек тогаш било ептен очајно... #секојденучамнештоново Општо вака, продолжете да ви е поприфатливо сешто од машко, па после истите и слични патетични жалете се дека сите машки се исти... А, се прашувам, заостанатоста и неедуцираноста на кој пол повеќе би личела, а од кого би била шокантна... хммм...?
А не ме ни знаете во живо!! Па некои, шок ќе ги удри, кога ќе видат дека во живо звучам и се однесувам, уште 'помашки'. Пушам цигари, стегам пива, зборувам гласно, седам 'како машко', одам 'како машко', гледам жени по улици 'како машко', зборувам за секс 'како машко', ждригам пред сите 'како машко', прдам пред сите 'како машко'... Културен шок ќе ги мани, поголем од таков да би посетиле некое Амазонско племе, во природен хабитат п.с. Пукаме од стереотипи, значи!! Кај нас секој е магинализирана заедница !!! освен: Светите, пресвети!! бели, македонци, христијани, стрејт, мажи Спојлер: п.п.с. со ташаци ко леблебии
Сакам да кажам дека ме нервира идиотското однесување на некои мажи,посебно на оние кои ја сметаат жената за предмет и е во посед на маж.Тој предмет служи за готвење,чистење,перење и „забава“. Бре ?! Ако одела премногу облечена,била болна или терористка. Ако одела разголена,била распуштеница,ороспија. Ако не му служела на мажот,била ненормална. Аууууу...................... Толкава непочит..... А,не им текнува на простаците дека маж не може да постои без жена!
СДК дека ми е жал кога ги гледам моите родители колку се мачат и работат,и сега си замислувам како ме изгледале и се мачиле за мене од бебе со маки и безпарици за да ме пораснат и сеа некојси идиот да лечи комплекси брз мене и да си игра мајтап,ма ќе го удавам бре,не сум родител но сигурна сум дека е многу тешко да гледаш како чедото ти страда и тоа заради некојси motherfucker што нема друга работа ни воспитание па ајде ќе малтертира некоја што си го троши и времето и нервите на него наместо да ја гледаат како кралица,затоа како што велат старите очие 16 кога бираш со кој ќе го поминеш животот бидејќи нема да страдаш само ти туку и твоите кутри родители,еве очиве и се наполниа солзи,ПМС ли е што ли е незнам.
После некои теми овде, мислам дека многу луѓе мешаат природно и неприродно со добро и лошо. Ќе звучам малце geeky ама фрустрирана сум кога паметњаковци ти држат предавања колку треба да ја сакаме природата, не треба да ги кршиме законите, дека природата ни дала и ни дава живот. Епа погодете што? Природата е исто така полна со негативни работи кои можат да ве убијат. И неприродата е полна со позитивни работи кои до ден денес му помогнале на човештвото. Лец старт - Мутации - природна работа, движечки главен фактор во еволуцијата. Нстануваат и спонтано. (не само ако некој акне нуклеарна бомба) Ама знаеме дека истите се лоши кога се лоши. - Бактерии, вируси, протозои, паразитски габи и остали паразити и болестите кои тие ги предизвикуваат - сосем природна работа. Паразитизмот е вид на симбиоза, кој патем е вид на интеракција меѓу организмите. Ама никој не сака кога ќе закачи некој паразит во себе нели? А да, и кога ќе фатите паразит, примате лекови, кои се неприродна работа, а ве лечат од природна лоша работа - Да ве нападне или касне животно е исто така природна работа. Отровните печурки и растенија кои можат да ве убијат се исто така природна работа. - Фактот што бактериите денес се сe' поотпорни на антибиотици е исто така природа - еволуираат во посилни. - ГМО - е ова не е природно, ама не значи дека е лошо. Ни самата не можам да заземам страна без детално да ја знам молекуларната стуктура на едно ГМ растение на пример и влијание на тие молекули внесени во друг организам. Затоа седете мирни А јас во иднина ќе се навратам на постов и ќе дообјаснам - И да напоменам - некои плодови кои ги јадеме денес веќе се со изменет генотип. И ако некогаш видите плод поголем од вообичаено, не рипајте веднаш дека е ГМО, туку едноставно можеби е полиплоидно растението - спонтан случаен процес при оплодувањето - Лекови и вакцини - спомнав погоре - неприродна работа кои ве спасуваат од сосем природна - паразити и болести. За крај: бананите кои ги јадете одамна претрпеле некои промени во генетската структура, полиплоидни се и без семе, а природата прво ги дала со семе и диплоидни. И....радиактивни се. Сериозна сум. Уште нешто - кажете ми пак дека хомосексуалноста е лоша зошто не е природна работа
Молекуларен биолог мој најубав Заборај да му спомнеш и за Арсенот: Природен е, не е ГМО, нема глутен, нема масти, нема шеќери... ништо нема што спаѓа во 'нездрава' храна. Сега, има мала нус-појава, тро (отпоќе) е отровен, ама природен си е скроз
Последниве 2-3реда од п(м)с-от се твое лично видување,а за другиво слатко ме нсјмеја Ти чупе верно е дека си од битолсктата околија потполно ти верувам Се мајтапам малку,сите сме која помалку-попојќе такви ко што не опиша ама во живо особено тука но но но
Вчера фино лепо се исповедав накратко тука кој ми е најголем страв, оп денес ми се рефлектира истото у животот. Од сега само фини работи мислам и пишувам!!
Пред некој у маало,слушам еден комшија(лихвар,еве ти 1000 ден,дај 2000 ден),му вика на некоое си типче,што бе да му се јавам,абе тој треба да е некоја јака фаца бе за да се јавам јас,јас само на главните им се јавувам,не вртам на обични смртници.Јас слушам и не ми се верува(а прцлево,завчера се испили,25 год),си викам во себе,еххх кутро детенце,не е свесен колку ке скапува по затвори во овој лош филм.Ама мора и вакви да има нели,иначе кој ке врти 1000 ден низ маало.
Цел ден се обидувам да најдам удобна положба во кревет зошто ме уби стомакот од менструални болки, ни апчиња, ни течности, ни клима помага и откако претходно фино лепо сум ги одбила некои ликови за на плажа, ми стигнува друга порака дека сум можела само да се сончам без да пливам. Некои луѓе не можат да прифатат НЕ за одговор. На 50+ степени да стојам на сонце со циклус, омалаксана и со болки, зошто? Дека некои се плашат да бидат одбиени во предлозите и идеите. Нели, што замислиле мора да го реализираат, па ако треба со инфузија ќе те земат. Абе, одете таму бездушни копилиња.
Прв повик : Јадеше ли нешто ? Да,макарони. Втор повик(по 2 часа) : Дали јадеше ? Да,па нели ви кажав веќе ? Трет повик(по 45 минути) : Имаше макарони.Ги стопли ? Важно е добро да се најадеш инаку ќе се онесвестиш на топлово. Добро,бре,толку бргу заборавате дека веќе ви реков дека ги стоплив и изедов ? Моиве ми изгледаат дека подзабораваат.... Од друга страна,ми годат моментите на нивна грижа.
Не ги осудувам луѓето, не ме интересира кој како се облекува, кој колку партнери има, што прави како прави-нивни живот. Ама таа што ми е најблиска другарка е опседната со тоа да ги вреѓа и етикетира сите околу неа без разлика што не ги познава како само она да е перфектна, а не е да не кажам ни просечна.Недај боже да си девојка на нејзин бивши или некој кој го свиѓала одма стануваш ку*ва ефтина глупа проста неписмена грда "глушец" у фаца и многу други погрдни имиња кои би требала да навредувам до утре. Немам право да етикетирам некоја како ку*ва само затоа што некој не ми возвратил на љубов или одредена девојка е поубава, поуспешна и позгодна од мене, каква логика има? Имала секс дрвојка со дечкото и одма ку*ва е "се дала"И го имам кажано ова, не еднаш повеќе пати ама џабе пак истото. На сите ни се случило понекогаш да навредиме некој во некој момент ама ова е претерано едноставно ме труе ме изморува напорно ми е да го слушам тоа секојдневно ми создава притисок комплетно ме напнува ко да немам други проблеми во животот што да правам не знам не сакам да расипам односи со неа ама не можам ни да издржам веќе...Некој совет?
Другарката е страшно несреќна и неисполнета. Сум имала таков случај во друштво. Затоа сите ја избегнуваа. Само дистанцирање од такви луѓе. @Kitty23