Доаѓаш тука после неколку дена, во супер расположение ама пак тука хејтање читаш, докажување, паметување... Ништо ново. Истите луѓе, истите муабети.
Де еве кажи ни ти нешто ново, позитивно. Мене за тебе ми е, да не се полниш со негативности, зато наврати за некој ден
Сакам да кажам дека ретко на кој му е гајле за мене, за вас, и тоа е во ред. Викате "секој во свој двор" ама ако не е по ваше - не чини. Again, nobody cares.
Честитки, некa ти се мнoжaт.Милo ми е штo си свеснa зa нaвредите кoи ги упaти. Не ме бaнирaa бидејќи никoгo не нaвредив. Се ближи гoдишнинa oд несреќaтa. Вчерa брaтучед ми ме пoтсети нa тoј ден. Мислев декa се сеќaвaм нa сите детaли, нo вчерa ми кaжa декa кoгa ме нaшoл и пoмислил декa е гoтoвo сo мене, ме гушнaл силнo, a јaс сaмo сум се нaсмеелa..... Нo, oн не ми кaжa еден детaљ, a тoa е декa не си мoжел дa ги сoземеш сoлзите. И пo тoлку гoдини изненaденa сум кaкo јa преживеaв тaa несреќa. Се нaдевaм немa дa пoминaт гoдини дo следнoтo видувaње.
Се надевам дека ќе научиш нешто од случкава... Се надевам дека те подучив за некои работи... Ако не, на погрешен човек сум 'жртвувала' бан, и ќе ми биде жал
Чоек као ја, прае мафини, торти, колачи, пити у оваа доба. Вечерва изборот се падна на панакота. Не сум улава, ноќен ут сум ја, тенкју
Некои луѓе велат, како можеш толку да го сакаш и да сакаш иднина со него кога сте заедно само неколку месеци (или недели). Да, може. Кога некој почнува врска, логично е дека ја почнува врската затоа што ја сака личноста и со неа е спремен да гради иднина (настрана оние попатни авантури). Времето поминато заедно не значи ништо кога станува збор за големината и јачината на љубовта, личноста може да се сака силно уште од првиот заеднички момент. Така да, да, глупави се тие муабети од типот Кога го засака толку, само што почнавте да излегувате.
Ме потсети на теоријата на другарка ми.Според неа: Не можеш некој да го засакаш одма,со текот на времето ќе си дојде љубовта.Секогаш дебатираме...Според мене,постои љубов на прв поглед
Некои луѓе не знаат кај тераат со животот. Сакаат да успеат во животот, ама не прават нипто во врска со тоа. Млада си, сеуште можеш. Место да си гледаш нешто да направиш од тоа што си го започнала ти само кукаш колку ти е тешко со мажот и детето да завршиш факс. Разбирам имаш фамилија и тешко е со сите тие обврски. Ама кога треба да се превземе нешто за побрзо да завршиш тебе нигде те нема, секој пат обврски. Се се тоа само изговори. Еднаш, два пати, па и три пати ќе разберам. Ама ти веќе 3 години се маткаш така, а знаеш само да се жалиш како не ти помагале. Не може така. Преку глава ми е веќе да те слушам секој пат истиот муабет како се жалиш. Не ми е проблем, ќе те сослушам само почни и да превземаш нешто за тоа што си почнала. Со зборување нигде не одиш.