Понекогаш многу се нервирам и замарам со некои работи. Подоцна сфаќам дека не зависат од мене и дека не можам да променам ништо. По некое време ми станува сеедно за се. Ама болката и/или разочарувањето во моментот е големо.
Многу мизерни луѓе со IQ и EQ во минус си мислат дека можат да навредат со претпоставка дека некој е геј/лезбејка или дека му треба психијатар. Тоа пали само кај сличните на вас, со ставови и мозок заглавен во минатите векови. Останатите знаат дека во ова нема ништо негативно и навредливо, и дека и луѓето за кои навистина важат овие работи се еднакви, ништо помалку вредни и „нормални“ од нас
Како прво жал ми е што околу мене гледам возрасни луѓе опседнати со социјални мрежи. Во ред ми е донекаде за тинејџери но овие другиве за кај се бе. Како второ многу работи ги добиваме откако ќе престанеме да ги чекаме. И сега што?
^Браво Сдк дека го видов Михајло качен на бандера,го оправаше форумов. И да ми го врати клучот што му го дадов Инаку ќе ги пресечам каблите И пак ќе немате Фемина
Еден хејтер на лето дојде само да се искаже колку ми годи овогодинешнава летна клима. Мирно се спие, нема јаки жештини, се шетам лесно преку ден, функционирам нормално. Сакам есен да е цела година.
Некои луѓе колку повеќе се материјално богати, толку повеќе се сиромашни во душите! Вчера не бевте каде што сте денес, а којзнае дали и утре ќе ве има таму!
Најгреота ми се луѓево од тип што не си гледаат свое гајле туку се секираат за комшиите и коментираат: "Шо ќе му се 2 коли на Станче од 5ти?!" "Зашо иде 2-3 пати на одмор оваа Цветанка од другава зграда?!" "Ќе ми шета ваму таму таа Цветанка, абе иди си тука блиску, ќе ми се праи нешто, не можам да ја смислам оваа." "Шо се враќа со толку кеси од шопинг оваа Трајанка од 6ти спрат, само трошат на глупости овие." Глејте си у свој двор, место да се замаравте кој колку има, кај бил, шо праел може до сега ќе постигневте нешто и вие. Се си мислам само тука сме вака заостанати, да завидуваме ако комшијата купи нешто или ако шета некаде...
Мајка ми пак запна дека треба да си најдам некој. Кога ќе дојде твој дечко на гости ? Само тоа ми спомнува. Ту,бре,ту...... Млада сум.Образованието ми е на прво место.Дечко можам да си барам и да си најдам и кога ќе имам 30. Ама,нема да скокнам во брак така лесно.Малку ќе го мачам за да го испитам дали вреди.
Вчера во некоја фб група имаше постирано 2 фб страни mkd girl selfi,така нешто, рекоа демек преземале, краделе фотографии и ги постирале таму..отворив и препознав 2 феминки кои имаат постирано овде фотографии, значи ако сами ги имат пратено, ок, нивна одлука ама ако навистина се преземани и постирани без нивно знаење стварно срамота..значи до каде се отидени нештата, колку болни мозоци, а јас кога ќе прочитав да не се ставаат слики од деца на фејс ми беше смешно, си велев е да бе некој нема др.работа мои слики ќе чепка..ама испадна дека стварно има такви..
Па нај паметно би било да се затвори..и во групата пишаа да ја пријават ама штом си ја нашла значи уште постои..
Сакам да кажам дека голем процент на мажи во Мк ги изневеруваат своите сопруги, не треба да се правите слепи пред реалноста. Никому не е од корист...
Штo сaкaш дa пoстигнеш сo пoстoјaнo трубење нa еднo те истo? Тoплa ли вoдa измисли? Анкетa ли нaпрaви пa имaш тoчни инфoрмaции? Кoгa ќе ми кaжеш сo кoјa, кaде и кoлку време ме изневерувa -oк, вaкa шo кoрист oд твoетo пишaнo? Дури не ги фaтиме -верни се.