Зошто кога ние правиме нешто тогаш е оправдано, а кога го прави некој друг не е? Психолошки термин мислам дека постоеше за ова, не ми текнува сега.
Го имате видено тоа видеото каде што Срби играат оро со свирачи(со хармоника, со сè) во морето на Закинтос? Ах, Балканци, нема да запрат додека не го посељачат цел свет.
Нели беше тоа на Паралиа? Или и Закинтос го окупирале? Инаку, сакам да кажам... уствари ништо не сакам.
СДК како би сакала моментално да сум на некој rooftop со пивце и особа шо не мора да ја знам, онака да си ги изнакажеме маките уз пиво и муабет, да гледаме изгрејсонце со некоја chill музика у позадина, некаде далеку од овде...
Не се вели: Животот ми се смени за 360степени, туку за 180степени. 360степени е цел круг, и значи дека пак е во почетната состојба. 180степени е од спротивната страна на почетната состојба. Не дека е многу битна работа, ама малкуцка ме нервира, па да си кажам.
Ватерколо ? @WildMk Еднаш исправив една што го употреби изразов 360, и ми рече 'тебе математиката слабо ти оди '.
Кога сам себе ќе се прогласиш за НАЈДОБАР, можеби и за НЕЗАМЕНЛИВ... Чекај, кочи. Тоа треба да е мантра за подобар да си во животот? Мене тоа ми звучи на нарцисоидност и лечење комплекс. Кој видел знае. Едно е мантра-ќе успеам, јас можам, ќе постигнам.. а сосема друго е да се чукаш во гради дека си најдобар а уствари... зашто така мислиш? Зашто така ти рекле!? Дека треба да шеташ со раширени перја и да им ги буташ во очи дур проаѓаш на тие што АПСОЛУТНО НЕ ТИ ОБРНУВААТ ВНИМАНИЕ!? Хм.. а не е тоа за греота? Скромноста е доблест. Ретко кој ја има. Убавината лежи баш во скромноста. Не во голите нозе и длабоките деколтиња. Не по бесконечниот пар на штикли и вратоврски. Не во скапите парфеми. Тоа е само привлечност која утре ќе ја снема. А ти што стори? Каде се твоите пријатели? ГИ имаш ли?!? ХМ не. Имаше едно време. Ама ги избрка со своето его, суета..и желба за натпревар со сите за само да се докажеш дека тие се под тебе. Велат на врвот човек е осамен ама ти не си на врвот. Ти си во некоја пештера и замислуваш дека си на врв...За крај можам да кажам само-жал ми е. Жал ми е зашто не ја сфати суштината на животот. Жал ми е што мислиш дека уживаш а уствари не е така. Жал ми е за сите што ги имаш повредено а сеуште не ти текнува дека е твоја вина. Тоа е.
СДК Мразам лето. Кој сака бе да се поти ко свиња, да го касаат комарци, оси, стршлени, бумбари, пајаци, змии, кој сака да мора да брка да тепа 100тици факинг досадни муви, кој сака да се гори да се испече ко ѓуптин, па ризик од меланоми па глупости, кој сака да не може да диши на спарново??? Дали сте нормални сите вие лето што сакате?
СДК: Добро утро на сите освен на тие што имаат спиено доволно и не се дебели( нив веќе им е добро утрото)
На форумов има доста личности со недостаток на внимание, кои константно пробуваат да се докажат како се подобри од другите, како да немаат кому да се пофалат во реалниот живот.
Кога е лето,се буниме дека ни е многу топло. Кога е зима,се буниме дека ни е многу ладно. Ама,кога треба државата да се брани или да му се помогне на наш сограѓанин,или слабо не има или никаде не нема. Бре,бре,Македончето е едно и единствено !
СДК тие што го местат времето , со тие антините нека пуштат дожд и ладно накај нас испоцркавме. Не се издржува повеќе
Мислев дека сум woke личност до пред две недели, мислев дека знам сѐ, дека светот ми е на дланка... Потоа се уверив дека не е така, видов колку е важна перспективата од која ги набљудуваш работите. Kога се согласив да учествувам на натпреваров не ни очекував да излезе нешто посериозно од него. Cut to four months later во Барселона кога сфаќам дека е најдобрата одлука што ја имам направено во животов. Никогаш нема да ја заборавам атмосферата, смеењето, сплотеноста, чувството дека си пријател со секој што го гледаш иако не си ги знаете имињата. Имав можност да разговарам со луѓе од секаде во светов, а тоа ме натера да мислам дека, еј, јас и моето опкружување не сме центарот на светот (shocking ). Она што ми остави најголем впечаток е дека сме исти, во секој дел од светов, во секоја смисла. Низ разговор со врсници од Кенија, Тајван, Зимбабве, Казахстан сфатив дека проблемите со кои се соочуваат нивните држави многу наликуваат на нашите. Знаевте ли дека владата на Тајван пробува да го заташка проблемот со загадувањето на воздухот? Или дека сегашниот претседател на Казахстан е нездраво обожаван од луѓето таму како Тито што бил овде? Јас не знаев, а и еден куп работи научив, такви што не можат да се слушнат на вести, туку само со разговор еден на еден, со обични луѓе. Особено ми остана во сеќавање разговорот со еден Грк за нашиов проблем овде. Спротивно од тоа што би се претпоставило, не се натегавме за прашањето за името, туку се согласивме дека работава е врв на pettiness. Ми кажа дека на просечен Грк постоењево на нашава држава и нашето име не му претставува day-to-day проблем. Проблемите, како и секогаш, ги прават екстремно десничарските националисти. На обичните луѓе, едноставно не им е гајле. Поентата ми е, кога помислуваме на државите, помислуваме на владата на таа држава. Не мислиме што се случува внатре и не мислиме на вистинските луѓе кои живеат таму, на тоа што тие мислат за тамошните актуелни настани. Некако, како да сме скриени од вистинскиот свет. Не знам, ова искуство ми отвори еден нов огромен хоризонт, а и ми донесе еден куп нови пријатели, кои веќе ми недостасуваат многу. Се надевам еден ден некогаш ќе се сретнам барем со некои од нив.
СДК: Времево го обожавам, сакам летен дожд, посебно оној мирис кога врни . Само што го испив кафето и сега го проучувам форумов, опции и сл. , сум се регистрирала одамна, а и го следам форумов, ама никако да пишам и јас нешто, секогаш на брзање сум тука. Сакам вакво попладне кога можам да седам рает и да уживам, одамна не сум имала онака време за себе, ама затоа денес ќе го искористам максимално.