Кога пишувам често ми се случува да не ми текнува македонскиот збор за некој поим и да го лупнам англискиот. А лично ме нервира кога ќе прочитам дека некој друг го прави истото (апдејтира, даунлодира, рандом, мајндсет). Си го открив синдромот и кај мене. Пијам чаеви од камилица да си го решам спиењето. Доцна си легнувам. Во последно да се стане наутро за на работа ми е најтежок предизвик. Било што лошо да ми се случи во текот на денот е минорно во споредба со будење.
Овој мајчински инстинкт што го имам за сестра ми, мислам нема да исчезне и 50год. да наполни. Ја премислив цел ден, 100 пати и пишав и и се јавив. Буквално од првиот пат кога ми ја даде мајка ми нејзината рака и ми рече дека е на моја одговорност, до ден денес не се смени ништо. И пет деца да имам, таа секогаш ќе ми биде како прво дете.
Толку многу уживам во моментов што толку многу ми се спие а не се давам Ноќите ги паметам и доживувам по мирот а утрата секогаш ми даваат надеж за нешто поубаво..
Има нешто посебно во звукот на четките, додека миеме заби заедно секоја вечер пред спиење, што те тера да мрднеш кук. Па додека јас денсам низ купатило, ти дополнително правиш најразлични звуци со свиркање и потчукнување раце. Па доаѓаме до нашата песна и ја пееме надвикувајќи се, во еден глас, секој во свој филм. Комшииве мора да се среќни со нашиве концерти секоја вечер. И кој тоа вели дека за концерт треба талент бе?!
Можеби немам тетки на фб да ми пишуваат дека сум најубава, ама затоа мајка ми работи дупло да ги пополни сите празнини На крај краева, бар нејзе сум и убава
Колку повеќе сум во оваа работа, се повеќе согледувам дека не секој е створен за работа со луѓе. Се познава кому тоа му доаѓа природно, кој се форсира а има и такви кои воопшто не се ни трудат да остават каков таков добар впечаток. Да почне секој од себе, да се запраша дали ја сака работата која ја работи. Ако одговорот е НЕ, прашањето тогаш е зошто и понатаму сте тука ? Твоето незадоволство се одразува не само врз клиентите, туку и врз врз колегите. Кој е должен на дневно ниво да се справува со твои фрустрации и незадоволство. Ти си лицето на фирмата во која работиш, од каде потребата да содзаваш лоша слика за местото од кое земаш плата и јадеш леб. Тимска работа-исто непознат поим. Не си поединец генијалец, успехот се должи на целиот тим. Тоа е многу повеќе од стручно техничка соработка, затоа што низ синергични напори крајниот резултат е наш, заеднички. Не лично твој. Сето тоа се одразува врз групната мотивација и работната атмосфера. Изгледа многу едноставно, ама како да му го објасниш ова на особа која имала цееели 3 години стаж..
Кога и да сум тажна или нервозна,мачињата ми приоѓаат и предат.Дури и кога ги карам(кога рипаат на маса),тие пак ми приоѓаат и се галат. Многу ми се допаѓа нивната лојалност. Ех,камо и луѓето околу мене да беа полни со љубов и разбирање. Ама,не се.Секој си гледа за себе и нема проблем да изврши предавство.
Денес овој пост го посветувам на мајка ми. Таа која не израсна со сестра ми. Не штедејќи се, без да мисли на неа, ние да и бидеме на прво место. Да си ми жива и здрава уште долго. Среќен роденден мамо
Цитирам... "Fascinira me to koliko mirisi mogu da nas potsete na minule doagađaje i vremena i vrate nam osećaje."
Ако нешто лично и интимно чуваш за себе или го споделуваш само со тесен круг на најблиски луѓе, не значи дека не си го доживеала или пак се срамиш од истото. Искреноста со секого за некои работи е избор што зависи од карактерот. И чувањето на приватноста, и отвореноста од друга страна - се релевантна опција за секој човек, без разлика општо на неговите ставови.
Дали сум во право, кога мислам дека повеќето од нас, би можеле да се сменат, доколку поединец би ни пристапил со разбирање, објаснување и искрен и темелен разговор? Или само се занесувам дека можеме воопшто да влијаеме како поединци, на мислењето, ставот и однесувањето на друг поединец? #прашањакоиискреномемачат п.с. Доколку има соодветна тема, дали може да се префрли ова мислење и да поразговараме за ова?
Сакам да кажам дека цртаните се и за возрасни личности, дури и се доста позабавни како возрасен. Па сега сум на „мисија“ каде си гледам цртани кои ги гледав како дете. Иако и тогаш ми оставиле впечаток, сега ми се сеуште интересни, ама поради многу различни причини.
Мое мислење е дека може. Зависи на кој начин пристапуваме и зависи до карактерот на другата личност, ако добро ја разбрав поентата на горенапишаното.
@WildMk многу е тешко на некој да му смениш став, особено со грешен пристап. Ама, факт е дека сите се менуваме и не сме истите личности кои бевме вчера, а не пак години наназад. Така да дали јас лично можам да влијаам врз некој друг? Најверојатно можам, со вистинскиот пристап, колку тоа брзо ќе биди изведено - не знам. Некогаш работите можи да бидат скриени и потсвесно да почнат да влијаат покасно, некогаш директно и одма. Апсолтуно ништо не е црно и бело.