Како не даваат вакви совети? Сите организации за заштита на правата на животните во Мк кои што ги следам на социјалните мрежи редовно апелираат за вакви работи, пред се за заштита на кучето да не изеде отров, но исто и за заштита на минувачите од можни напади.
Анима Мунди се бунеа против маските кога најавија казни за сопствениците кои шетаат куче без маска. Плус, ми се случило да ги контактирам за животно кое му треба помош, а случајот не може да им донесе никаква слава или вест по медиумите и тотално ме изигнорираа.
Очигледно разни луѓе им работат во тимот, јас баш имам наидено на сосема поинаков однос од нивна страна. За маските веќе пишав, баш после случаите со труење пред некое време читав дека апелираа сопствениците да им ставаат маски на кучињата.
Ако баба лаже - интернет не лаже. Официјална изјава ти е ова, значи став на цела Анима Мунди, а не на поединци https://faktor.mk/anima-mundi-reagi...kuchinjata-dozhivuvaat-stres-od-maskite/Close
Македонците немаат граѓанска свест, не знаат да се самоорганизираат и да се побунат за своите права. Не ни знаат кои им се правата, ниту знаат за што треба да се бунат. Затоа имаме нефункционални синдикати, затоа само партија може да ве извади на протест.
Немам зборови да опишам колку многу ги сакам животните. Колку се само невини, мили суштества и колку малку им треба за среќа. Доволно им е дури и малку внимание да им обрнеш, да ги погалиш и цел ден ќе бидат весели и среќни. Толку многу љубов и топлина има во нив. Има ли нешто поубаво од опавче што мавта од среќа и тој сјај во очите кога те гледаат? Затоа не ги разбирам оние што не сакаат животни и што ги малтретираат. Не им верувам, за мене не се луѓе.
Вчера имав бубачка на кревет, ја истресов на под и ја покрив со капаче. Најверојатно умрела, па сабајлево ја собрав со правосмукалка. И тогаш ми текна, убив живо суштество (задушив поточно, веројатно умрело во агонија) само бидејќи бев малку spooked за да го извадам надвор, па тоа со капачето беше полесен начин. What a bitch I've become.
Непознатото и недоволно истражената вселена е токму она што ја прави мистериозна и понекогаш непредвидлива, но од друга страна и човековата љубопитност има тенденција да го проучи секој аспект, секој дел од универзумот со цел да ги засакаме уште повеќе нештата кои немаме можност да ги видиме секој ден. Така, во 2014 година, вселенското летало Rosetta успеало да ја фотографира површината на една комета. Но уште пофасцинантно е што една серија на фотографии била направена во една подвижна слика која ни дава претстава за површинската состојба на едно мало астрономско тело. Fun Fact: Точките кои бавно се движат кон дното на сликата во позадина се ѕвезди, додека светлосните црти кои се движат брзо во предниот дел се всушност честички од прашина.
Мајка ми кога ќе се налути, на вибер ми го праќа стикерчево: Спојлер Не можам да и објаснам на женава дека мечево вришти од смеење, а не од лутина. Ќе ме умри предвреме.
Koга читам ставови околу возраст за прв секс, абортус, секс пред брак и слични, само се надевам дека нема гинеколог и општо доктор што размислува вака и дека ниеден доктор не ја меша верата во професијата. Не, стварно. Замисли имаш 19-20 години, од скоро си почнала да имаш односи со дечко и одиш на гинеколог. И само што влегуваш низ врата, те гледа докторот помлада си и веднаш почнува да ти држи предавања. Му кажуваш дека од скоро си сексуално активна, а тој тука веднаш дека млада си за такво нешто и сигурно си избрзала што "си му дала" на дечкото толку рано, и дека во библијата пишува оти секс пред брак е греФ, и дека си нечиста. Потоа ти вели дека чим си почнала да шириш нозе, ( баш со овие зборови) има да знаеш и дете да гледаш, оти абортус јок, забрането е. И на крај ти скиснува и само си излегуваш... Или пак жена која била силувана, или носи плод со аномалии, или од друга причина сака да абортира, исто така слуша предавања дека убаво и било да шири нозе, или дека е убиец ако абортира, или дека мора да абортира со согласност од партнерот, оти нели, заедно го правеле, или пак дека има да роди и да го гледа кога веќе го направила. Само замислете сите да размислуваа на тој начин. Среќа не е така. Така да, прочитана библија не ве прави доктори и психолози, и не мешајте едното со другото. Особено седете си мирни зошто не знаете што утре ќе следува за вас. Знаете зошто одобрувам абортус? Како девојка, пардон да потенцирам, личност која има матка некогаш може да се најдам во тешка ситуација во која ќе морам да донесам тешка одлука, и најмалку би ми било гајле туѓото мислење. Оние кои глумат најпаметни лесно им е да се зборуваат од страна. Затоа најдобро молчете си, оти не знаете што ви носи животот. Не рипајте одма ама сигурно ќе го родам. Да повторам не знаете. И не можете од сега да знаете како ќе ви биде во тој момент. А луѓе без матка (зборам за мУжи конкретно) уште повеќе нека си молчат. И молчете си и за останатите теми околу секс кои ги наведов погоре. Оти да се мешаа религијата и медицината, хаос би било у некои случаи.
Ужасно изгледам,немам време ни за себе. Ми недостига да бидам секси и да си направам фризура,да облечам ново нешто и да ми рече некој "Леле колку си убава". После 2 недели седнав да се средам и ми се врати самодовербата тогаш има смисла изреката "Тешко е да си жена".
Гледам во последно време актуелен аргумент на најзакоравени личности се приказни дека имаат блиски пријател(к)и геј и жени кои абортирале, кои им се довериле токму ним такви какви што се, за тие свои најинтимни моменти - па од нивната болка и хаос во животот, заклучуваат и поучуваат колку е сѐ тоа погрешно. Да ви преиначам во помалку контроверзни проблеми за да разберете. Дали некој еве да речеме, за лична судбина со сиромаштија и врзување крај со крај, би се доверил на богаташи кои воедно се снобови и ценат луѓе според материјалното? Или пак замислете дете повлечено во себе или со комплекси за својот изглед, да си ја довери маката на најголемите bullies во нивното училиште. Не штима, нели? Не знам дали мислат дека сме толку глупави, или пак дека на ранливите категории кои ги поддржуваме им ја потценуваме интелигенцијата и изборот на луѓе во животот. Како и да е, не сте свесни колку е провидно.
Ме депримира лик од книга исто колку што и разочарување од омилена личност во реалниов живот.Толку многу и двете , и денес баш, на топлово. Па какви транзити кружат низ оваа топка наречено себство, за да ме заобиколат? И толку ли еднаш не може да ме прескокнат?
Не можеш да му се истураш на човек и да го изнавреѓаш под изговор дека во моментот си бил нервозен, па после да се лутиш зошто не бил расположен и да изигруваш жртва. Може да се случи еднаш, два пати, три пати, пет пати... Ама не секогаш.