Во комшии живее една стара бабичка, која за жал веќе страда од деменција... Пред некој ден, го прашуваше на нејзиниот син да не е загубен и каде е мајка му Мислам дека потажно нешто уште долго нема да слушнам
Многу често гледам на насловна на фб луѓе кои споделуваат статии како ,,Жената Бик е најпривлечната жена од сите", ,,10 причини зошто жена во знак Водолија е најдобрата партнерка за вас", ,,Жена Лавица- чудесна и непредвидлива" со хаштаг #leo #thebest и уште десетина срца. Буквално секој пост е за знакот и тоа колку се тие горди што се баш тој знак и што со тоа можат да оправдаат секаква постапка или искажан збор. До знакот е де, не до нив. Секој човек има вредност, квалитети, добри и лоши страни, без разлика на хороскопскиот знак.
И кога ти е најтешко блескај. Не го гаси своето светло. Оти кога ти имаш таков однос кон проблемите правиш пат и Господ да ти помогне.
Jaс и не памтам дека некогаш у животов сум направила нешто вредно, коа сум била срекjна. Али затоа пак, од сите сранja градини. ) И замоци.
Ќе ти "влезе" некој во животот, сосем случајно. И се гледате првпат и правите најнормален муабет, како да се знаете одамна, само не сте се виделе изминатата недела, па да си поприкажете. @LiliBoz
Жешко ви е? Температурава на телово немате поим колку ми се усогласи со надворешнава. А бре се потам...и ми прија. Уште малце и ќе почнам да си пливам во пот, ама така ми е убаво, како од Норвешка да сум се вратила. Ах.. Норвешка Кој знае, ако доволно досаѓам, може на некој ќе му се ску*чи и ќе рече "на ти ма краво, и карта за лет и смештај и парички за трошење, оди да не те гледам" Ако не можеш да му помогнеш на човек што го сакаш, кога му е најтешко, што к*р значење имаш у животот. Многу ми е...све. Многу сум гневна. И немоќна. И повеќе не знам на што да се надевам.
Луѓенцата кои постираат вакви „мудрости“, нека ми пратат онолку „храброст“ колку што ним храбрите би им било потребно за едно шетање рецимо околу Медитеранот или на Алјаска oд каде се гледа поларна светлина... Препорачливо да е конвертирана и преточена во чек. ФМП.
До некаде во право се Ај собери храброст и барај секој член на фемина да донира по 1 денар за да одиш до Аљаска, доволно пари се
Дека секој си има различен извор на среќа, јасно. Ако мојот начин на живот мене ми е супер, на некој друг не му одговара и си има други правила по кои се води и други работи кои му носат среќа. Конкретно, мислам на љубовта, меѓусебните односи и верноста. Мислам дека никогаш досега на форумов не се оправдувало неверството толку колку сега и никогаш досега не биле наречени гревчиња оние девојки/жени кои се верни и кои истото тоа го очекуваат за возврат. Некои наоѓаат задоволство во изневерувањето, во што ми е тешко да поверувам. Она што сакам да го кажам е дека никогаш тоа мало задоволство не би можело да биде поголемо од една единствена личност покрај нас, тоа никогаш не може да биде поубаво од една единствена личност која вистински се грижи за нас, која знае дека не сме совршени но се однесува како да сме, дури поради тоа и повеќе не сака, една единствена личност која со нас споделува сѐ, која е тука и кога е добро и кога е лошо, една единствена личност за која би направиле се и која би направила се за нас. Не знам какво е тоа задоволство да држиш за рака личност на која и велиш дека ја сакаш, а истата вечер заминуваш на друго место. Наредната вечер на некое трето место. И да велиш дека тоа е како зачин во врската. Не, тоа не може да се спореди со чувството на сигурност кога си во прегратка која знаеш дека е само твоја, не може да се спореди со она чувство кога сфаќаш колку му вредиш на некого и дека си му причина за среќа. Една цврста врска полна со разбирање, труд, пожртвуваност, има непроценлива вредност.
Мразам измишљотини ,недокажани работи и бомбастични наслови. Најнова: КОМАРЦИТЕ НАЈМНОГУ ГИ НАПАЃАЛЕ ЛУЃЕТО СО КРВНА ГРУПА А Божем комарците во Авицена работат
Пааа, малце утнале крвната група, ама да имало некое истражување што покажало дека повеќе сакале нулта крвна група, и трудни жени меѓудругото. https://www.mosquitnoband.com/why-do-mosquitoes-like-me-more-than-anyone-else/ https://www.treehugger.com/health/7-reason-mosquitoes-bite-some-people-more-others.html