СДК го знаете она чувство кога ви доаѓа пред вас се живо да искршите и истепате,а се воздржувате ете до толку сум бесна
Никогаш нема да не биде како народ,и никогаш нема да научиме основна култура.Денеска на кејот на вардар(доле на стазата каде што се,трча,вози точак,тротинет,ролери и итн),видов две различни фамилии млади брачни парови,со буквално бебиња од 1,5-2 годинки,така лабаво си ги пуштиле децата да им трчаат по стаза,а родителиве мува не ги лази,а кога ке се случи најлошото тогаш џева дигаат,и ке се тепаат и све.На едниот брачен пар им пријдов најкултурно,дечки ве замолувам да се качите на горната стаза,каде што е за пешаци за да не дојде до некоја незгода,само онака лабаво ме погледнаа и ништо не ми одговорија,нормално јас си продолжив да трчам,чим на нив не им е гајле за нивното бебе,дете,мене па ич.По безобразен и неук народ од Македонштинава нит имала,а ниту па ке има некогаш во светот.
Секоја година традиционално имам пост во темава дека сакам летово да замине. Не сакам лето, не знам како луѓето го сакаат, уствари не знам кога престанав да го сакам, веројатно кога престанав да одам на школо и не ми е веќе асоцијација за одмор од обврски. Распустите ги минував со книги, буквално од сабајле до вечер и тоа ми беше многу драг период од животов. Лето може ќе сакам ама да живеам некаде на некоја плажа, покрај вода, во некоја тропска идила, во бела куќарка со школки...вака на вреливе улици. Јок. Сега сакам есен, се заљубив во есен кога тргнав на факс, дворот на Шумарски сите знаете колку е убав на есен, со лисија насекаде, со растрчани студенти, мириса на нов почеток, се е така скриено во дендролошкиот парк. Сакам есен оти се чувствувам секси кога сум облечена и покриена, џемпер и кожна јакна, фармерки и кратки чизми, мирисам свежо секогаш и не ми се топи шминката од фаца. Малку површна причина ама тоа е една од работите ради која ја сакам, прва. Втора...храната...пити, цимет, чај, јаболки, зимници, топла, комфорна, вкусна храна, под ќебенце си читкаш додека надвор истура дожд. Желба ми беше да ја дочекам есенва низ Лондонските улици, во Хајд парк покриен со жолтило, да ме фаќа малку сонце, а јас да чмаам со книга во рака. Нема да ми се исполни, се одложија некои планови, ама ќе ја дочекам другата, решена сум. Вчера отварав стари албуми, листав и листав стари слики, ми се вратија еден куп спомени, се разнежнив...имав среќа да пронајдам личности кои ми го разубавија секој период од животот, од основно па до сега. Имам само неколку блиски пријателки, секоја со свои бубачки и секоја оригинална на свој начин, толку ми се драги. Вчера им пишав една емотивна порака, ги изненадив дека јас никогаш не сум тип што изразува емоции на тој начин, никогаш не ги гушкам или бакнувам онака, не им кажувам дека ги сакам, не им изразувам никакви такви видливи емоции, ама знам дека знаат колку ги сакам, знаат оти се грижам за нив на друг мој начин и тие знаат да го ценат и мило ми е што знаат. Ете такви луѓе требаат во живот. Јас сум лојална личност, мене секогаш, секој може да ме побара за совет, утеха, разговор, услуга, не сум многу по забави ама го знаат тоа па не ме ни бараат Ама ако им треба комфортинг молчење со убава храна јас сум секогаш за. И за возврат барам само тоа, најбитно ми е тоа, лојалност. Сметам дека тоа е особина која треба да ја поседува човек што сака да е добар. Ѝ се извинувам што ќе ја спомнам @WildMk во муабетов, затоа и ја разбирам во врска со отворениот брак што го има, оти таа е лојална, на себе и на партнерот, на врската која решиле дека сакаат да ја градат, на тој начин, базирана на искреност. Оти тие се такви и не е фер да не бидат лојални кон себе, секој веројатно нема да разбере, ама не ни мора. Од моите пријатели и партнер и фамилија барам таква лојалност. И многу работи неповрзани кажав, ама ми се спие. Ај чао.
Од плажа само Beach Boys годинава кај пуштив Кокомо, ми се оди и на Аруба и на Јамајка и на Бермудите и на Бахамите. Баш сум скромна.
Често луѓето ме прашуваат како се снаоѓам во мојата професија со оглед на тоа дека работам со децата со посебни потреби. Често гледам и негодување и ужас во нивните очи. Но, истовремено знам дека и се восхитуваат на мојата трпеливост и смиреност. Тоа сум јас, спремна да дарам безусловна љубов на најранливите, да пружам рака и топла насмевка. А колку само они ми ја исполнуваат душата и батериите до максимум. Жал ми е што некои од вас нема тоа да го разберат и ќе ме гледаат се уште попреку. Јас и понатаму ќе бидам горда сопственичка на таа титула и понатаму ќе направам се за една нивна насмевка.
Гледам мои слики, длабоко размислувам и доаѓам до заклучок дека сум многу сериозна кога се сликам, ретки се оние слики со насмевка, насмеана, а сепак не си се допаѓам како сум излегла, бидејќи ми била вештачка насмевката и така гледајќи ги сликите ми доаѓа една слика пред очи каде имам вистинска насмевка од срце, ми се допадна сликата и си реков дека само кога се смеам од срце со природна насмевка сум најубава, но ми требаат што повеќе моменти/ситуации во секојдневниот живот кои ќе ми изнудат насмевка од срце, насмевка со сјај во очите. Тогаш ќе ги имам најубавите слики кои со уживање ќе ги гледам и ќе се присетувам колку сум била вистински среќна.
Понекогаш се опуштам во животот и помислувам дека имам личност што ме сака. Оставам да ме гушне и бакне и си дозволувам да му вратам. Го гледам и неговиот лик ме тера да се насмеам од што ми е мило. Во себе си барам да ме допира и кога ќе ги осетам тие допири, буквално заборавам на сите тешкотии и срања во животот. Заборавам каде сум и која сум. Предам. Понекогаш се опуштам и разговарам за се' што ќе ми текне, мислам дека можам да кажам. Мислам дека значи ако кажам. Мислам дека имам личност што се грижи. Понекогаш заборавам дека сум сама. Сами сме. На никој не му е гајле за никого. На момент може ќе си помислиш спротивно, ама тогаш случајно се вовлекуваш во заблуда само зошто си се опуштил. А не треба да се опушташ. Не смееш да заборавиш дека не смееш да се опуштиш. Зошто ништо не добиваш од таквото опуштање освен кратко моментално задоволство. Но тогаш кога ќе ти текне, реалноста те нагризува така јако, што сфаќаш дека си само празен скелет што кога тогаш ќе испушти душа. Сам. Зошто на никој не му е гајле.
Она кога сфаќаш дека најголема инспирација за презентации на крвави теми добиваш кога ја слушаш Мараја Кери. Оди Марија Калас и нешто трудно и хопаааа следна на јутјубО Мараја и од еднаш инспирации, концепти, замисли за нешто што ни гробар не сака да чуе. Не знам на колку левели сум ненормална... Ама ова ќе биде дело за гордоС. У што се впуштив Богородице мајко и преслатки бебе Исусе...
Некогаш сум странец во сопствената кожа. Многу работи чувствувам, а не чувствувам ништо. Се обидувам да се пронајдам себеси, собирам делче по делче, со надеж дека ќе се склопам целосно. Малку страв ме фаќа, што ако тоа никогаш не се случи? Што ако секогаш ми недостасува некое делче?
120.000 администрација! Што прават сите полицајци, сите инспектори, сите судии, сите во обвинителство итн? Што прават сите? Спијат? Да земаат само по 200 евра месечно сите од админстрација, со придонеси, месечно одат на нив 37.200.000 евра. А некои и повеќе земаат. Значи сумата е горе-доле 50 милиони евра месечно! Само за плати и придонеси! 600 милиони евра годишно... најмалку... И што сработија за тие пари? М?
Мрзлива сум. Немам волја. Немам интереси. Немам доверба во луѓето. Единствено уживам во мачешко и кучешко друштво. Таква сум. Ако сакаат да им посветам внимание,тогаш треба да престанат да ми забиваат нож во грб. Инаку,никогаш нема да имаат вредност во моите очи,срце и душа.
Позади една насмевка, човек не може да претпостави што сѐ се крие. Најсилните се оние кои го занемаруваат она што ги боли и одат напред како да сѐ е во ред. Мора така низ овој живот. Мора човекот да се покаже посилен од неговите проблеми, само така ќе остане исправено и на нозе. Такви се силните луѓе. Можат сѐ. Тие преживеале и ќе преживеат повторно.