Да ви кажам многу го подржував Даниел Кајмаковски и овие денови кога излезе новата песна со Жејко имаше многу негативни критики за песната, незнаев дали да ја слушам песната од страв дека нема да ми се допадне стилот кој го избрал и секако песната и едноставно ке се разочарав од нашиот Даниел, ама еве денес сепак решив да ја слушнам и сама да оценам, и да ви кажам многу ми се допадна лесна песнича, баш за летово убава, позитивна и баш ми е мило што не ме бар мене разочара незнам што толку негативни реакции за песната незнам совет слушајте ја па одлучите сами http://www.youtube.com/watch?v=Ev3q2xLn_PU
Најважните одлуки во животот ги носиме ние. А тоа значи дека сами ги контролираме нештата што ни се случуваат.Ако одлуката била погрешна, секогаш имаме можност за втора шанса.Никогаш ништо не е изгубено.Учиме од нашите постапки. Некогаш нештата се случуваат неочекувано, непланирано,ќе не пресретнат изненадно,а ние сме тие што одлучуваме во која насока ќе се одвиваат. Работите се поврзани, за сè има причина. Постои логика во тоа дека сè на овој свет е поврзано. Работите и личностите кои ги среќаваме, тука се со причина која ќе ја согледаме порано или подоцна.Но,битно е да ја разбереме причината за нивното постоење во нашиот живот.
Се разочарав од една од другарките... Искрено изгубив респект за неа! Прогледав низ прсти на тоа што откако фати дечко не запостави другарките и на крај другите испаднавме криви. Не ми се верува колку е крената во облаци, а всушност спуштена ниско. Толку разгалување не ќе е на арно. Ја разгалува дечко и, па очекува од сите да биде разгалена. А таа секогаш и во право и знае да цени се што има! И да постојано спомнува што направила за нас и тоа и е успешна закана кога одбиеме да направеме нешто што и е во корист. На школо цело време е со „најдориот другар“ кој всушност го сакаше до пред да се фати со дечко и и сеуште не го заборавила и има чувства кон него, а тој само сака мување. Пред некое време не ми даде да седам до неа на клупата оти требало да седи со „другарот“. Да, до таа точка дојдовме, бркање на другарка поради машко. А го има најдобриот дечко на светот, дечкото огномети и пукаше, уште што нема направено за неа, а таа го прави љубоморен со „другарот“ кој попат, цело време ја зафркава. Луѓето почнаа да ја гледаат како предмет. Ја користат за популарност, буквално се сликаат со неа за лајкови Како што кажав и дечко и и другарот ја креваат во облаци со комлименти, па таа постојано вика дека е грда за некој да и вика дека е убава и се претвори во „малечка“ како што ја вика дечко и Мој другар постојано како „нејзин најдобар другар“ ја зафркава и преку зафрканции и ја плеска вистината, а таа го мисили за најдобар другар и не сваќа Во секој разговор го споменува дечко и На час по музичко пеевме песни од Тоше и таа побара да ја пееме малечка, заради дечко и. Епа важи, ај сите ќе пееме и рапуваме Space bound оти потсеќа ме на тој што го сакам
Денес и` е роденден, а и точно 3 недели откако не зборувам со неа. Три недели откако 9 годишно другарство се уништи за миг, ама тоа покажува всушност какви се луѓето. Кога ќе се скаравме за малку секогаш јас се извинував, а таа ми се лутеше дека секогаш сум била попаметна. Овојпат ја оставам таа да се извини, овојпат таа нека биде попаметна. Дури и не ме викаше, кажала преку една другарка ако сум сакала да сум дојдела. Сепак јас тоа не го сметам за покана, требаше сама да дојде да ми каже, а не преку други. Овојпат сум црврсто решена нема да и попуштам, од многу дозволено ги понижува сите, нела сфати каде и е грешката. Сепак и посакувам среќен роденден. Не сум јас таа што треба да казнува, порано или подоцна ќе сфати каде грешеше, но нема да е исто. Скрши нешто полно со сеќавања и доверба градени со години, потоа лепи го. Не е исто нели?
Што се жалите од времето бе? Дај уживајте, за 3 дена е Јуни. Јас како лето да не сум видела, уште од Март точно ги бројам деновите до Јуни. Лето, плажа, коктели, згодни момци.. Има нешто поубаво?!
Знаеш дека си отворила и летна сезона и распуст ти дошол пред време, кога веќе не памтиш пред колку дена си легнала пред 1 саат ноќеска. Со чинија јагоди на тераса и релаксирачко филмче, уживанција во Франција... Значи чудна навика имам, секогаш штом зграпчам малце време да имам помалку обврски, биоритамот експресно си го превртувам, отсекогаш си сакам да седам до доцна кога сум послободна. Особено летоска, се` ми е поинтересно ноќеска, обично после 11 ипол добивам и апетит за грицкање све и свашта, и идеи за филмчиња што сакам да си ги гледам... Уживање ми е овој период од годината, мислам има убавина во сите годишни времиња ама летото за ништо не го давам. Ме асоцира на среќа и безгрижност, весели моменти, позитивна енергија на сончевите денови и таа посебна свежина на летните ноќи, што те исполнува и релаксира, ти влева безгрижност и истовремено ги разлетува пеперутките во стомакот... Леснотија, радост во пастелни бои, баш како облеката што ја носиме овие месеци. И така, јас да ве поздравам со една сончева песничка од летното цеде со најрелаксирачки и највесели песни што си го изрежав. Уживајте, сакајте, сонувајте и насмевката нека ви биде најубава шминка во топливе денови. http://www.youtube.com/watch?v=_yey6vKSnH0
Досадна станав со натпревариве мои. Секој месец по еден. Утре на ликовно. Без да ми посакате среќа никаде не одам.
http://www.youtube.com/watch?v=IJihBuoEhDk Не знам за вас ама јас сакам да кажам дека песнава е феноменалнааа за лудо денсање до сабајле и со коктел во рака нема никако да ми здосади преубава песна цел ден ја слушам и си играм И сакам да кажам пријателке моја дека сум горда што те имам за пријателка,од толку другарки што ми свртиа грб ти никогаш не го стори тоа и нема да го сториш мило ми е што те познавам и што те имам за пријателка...
Многупати до сега сум пишала дека се гордеам со брат ми, а и како да не сум кога постојано пријатно ме изненадува со правилно донесени одлуки Пред некое време доби поголема сума на пари, и еве го решил дека ќе ја искористи за да си плати полагање за возачка дозвола Горда сум затоа што не се расфрла со парите, знае правилно да ги искористи. После напорниот ден решив да се опуштам со кафе и пудинг од чоколадо со јагоди уште дечко ми да беше тука, ќе беше совршено .
Додека бев во основно, заедно со неколку девојчиња од мојот клас работевме во училишната библиотека. Сите имавме задолжение по еден ден во неделата, да остануваме во библиотеката после часови. Памтам тогаш имаше едно девојче, четири години помало од мене, кое беше редовен посетител. Беше ситна и малечка, со кадрава коса и огромна пасија кон читањето. Доаѓаше редовно, и ми се чини дека немаше книга во библитеката за нејзина возраст, која ја немаше прочитано. Читаше постојано - книга за книга. Немаше другарки, другите деца ја одбегнуваа, па често седеше со нас во библиотеката. Откако почнав средно, повеќе не ја видов. Сé до пред некој ден, кога случајно ја сретнав на една матура. Пораснала, се извишила, ама ја познав. Ги изгубила преубавите кадрици кои ги имаше како мала, ама станала прекрасна девојка. Не ме позна, а јас ѝ го заборавив името, ама ѝ пријдов и ѝ се претставив. Толку ѝ беше мило што ме гледа, што ме изгушка! Ми рече дека се сеќава на мене и на сите денови кога останувала со нас во библитеката за време на големиот одмор, затоа што немала со кого да седи. Си кажавме која до каде е со животот и се најдовме на иста бранова должина во однос на читањето и пишувањето. А јас слабо стојам со имиња и пак заборавив како се вика. Ама никогаш нема да заборавам колку беше среќна кога ме виде и се потсети на деновите поминати во училишната библиотека. Ми ја стопли душата
Годинава е чудо. Мислам до крајот на истата очекувам да отвориме породилна болница или во најмала рака жена да ја фатат породилни болки во мој двор. По трет пат ми се омачува мачка дома, додека никој нема, преку отворен прозор и тотално непозната. А ни се окучи и непозната кучка. И уште не ни е јасно како луѓе не можат да најдат луѓе за да ги вдомат па Анима Мунди мора да им посредува. Сите до едно се одомуваат. Ќе видиме новиве како ќе пројдат. Се сеќавам дека еднаш дури и вдомив едно мало маче дури и преку фемина! Сум се пресрамила бре еј, отидов и го однесов дури до Аеродром. Мислам дека феминката не е активна, Сенс или така нешто и беше јузерот... Башка што имаме наши домашни миленици... и секогаш се чудиме како не ги гонат. Се чини дека безвредно ги чуваме, само за љубов. Ма тоа бре треба да штити територија... И тоа мачката моја и секоја нова прво чека таа новата да се најаде, па после она. Некад ми доаѓа да ја шлапнам меѓу уши да се опамети, ама после си викам ќе треба и чврга да си удрам сама на себе зошто истото го правам. Ај прво да помислам на другите, па после на себе, ама затоа па некој друг ќе ти се налути зошто си мислела на другите, а не на таа личност прво... и сам себе во каша и мука. Сериозно од практични причини треба да се мисли прво на себе. Ама шта ќеш... И то... Јас и мојот мини тим и вкупно 15 гаџети. За секого по 3 пошто еден ти е малку. Гледам само кодови и букви, различни анимации и паралакси. Ќе биде долга и исцрпувачка ноќ. А уморна сум до степен...прееска се обидов на живи луѓе да употребам опција од макс тв. Сакам да кажам, сакав да го премотам назад да чујам што ми рече... не од заебанција, туку сосема како јасна наредба на мојот мозок, не слушна, премотај го... Фор гад сејк се мрднувам. Послаба за три килца и со огромна насмевка на лицето. И температура. Гледајќи какви лепотици се оценуваат како велелепни убавици и фрштат селфија на сите страни, се извинувам, не беа тие селфија, беа портрети...ќе почнам и јас. Не сум лепотица, ама барем сум просечна, што знам, имам и јас добри денови. И патем...деновиве си го пеам ова. Ја научив од почеток до крај... пејте си ја, убаво на душа доаѓа. You with the sad eyes Don't be discouraged Oh I realize It's hard to take courage In a world full of people You can lose sight of it all And the darkness inside you Can make you feel so small But I see your true colors Shining through I see your true colors And that's why I love you So don't be afraid to let them show Your true colors True colors are beautiful, Like a rainbow Show me a smile then, Don't be unhappy, can't remember When I last saw you laughing If this world makes you crazy And you've taken all you can bear You call me up Because you know I'll be there And I'll see your true colors Shining through I see your true colors And that's why I love you So don't be afraid to let them show Your true colors True colors are beautiful, Like a rainbow Се сакаат сите луѓе после неа, многу, ама и до нешто друго ми е. Критикувам од што сакам те љубам,сакам да помогнам, некогаш или почесто глуп ми е начинот, но во суштина се крие добра намера, ај кент хелп мајселф. Ама луѓе кои ќе ја извадат сета гнасотија на светот, а мразат луѓе без причина, не ги поднесуваат луѓето оти така им текнало,а технички никогаш немале причина зошто,ништо не им е згрешено, не знаат да подадат рака...од тие да се плашите бе лепотици. И тие ви го солат денот на фб со статуси, навидум мудри, а уствари се украдена мудрост. Ама кој знае и тоа однесување за какво добро е. Сигурно си имаат тажни причини зошто глумат срдечни со сите, а вас не можат ни да ве погледнат, а ништо не сте сториле. Сфатете го како тажно и глупо и видете им ги вистинските бои. На крајот сакаат само да бидат прифатени и тоа е нивниот начин. Ајде ќао...видимо се.
Значи, денес сум толку наелектризирана што почнав сериозно да размислувам за инкубација во периодов на ПМС, гризам се околу себе, способна сум така добро да ги оплескам работите и нештото да го направам едно големо ништо! Насмеана, изнервирана, нерасположена, депресивна, среќна, искршена... Се препотувам па после ми студи и сум измрзната, период кога сум во состојба да плачам на свадби и да се смеам на погреби, да се испокарам со сите околу мене, не знам како може да ме трпат кога ни јас самата не можам да се поднесам! Ваква никаква сум само за во некој изолиран кафез, и дајте едно fast forward за цела недела! Згора на се, цел ден ми се јаде нешто, најверојатно ќотек.
Иако и јас сум матурантка годинава, најискрено кажувам дека досадни сме како матуранти... Почнав на половина деца од моја генерација на фб да ставам да не ми се покажуваат веќе објави од нив. Па која е поентата вечерта пред матура да се изнасликаш 5000 пати (ај сликањето до некаде е оправдано) а после секој ден да ставаш по една или две слики во различна поза на фб? Да можеш секој ден да собираш лајкови? И ај сега секој ден ќе гледаме дали со фустанот и шминката си се свртела на лево или на десно, дали си се сликала со брат ти, баба ти или со комшијата... Немој да заборави некој како си била облечена! Па осет малку бре луѓе. Или поштеди не и стави ги сите слики наеднаш. (ама така нема да се соберат толку лајкови ) п.с. И со сликањето за на табло беше така. Се нашминкаа женскиве еднаш, се сликаа и дури после иде интересното. Се изнашетаа цел ден низ град (нели, да ги видат сите со шминката), па уште и се изнасликаа дома со различни алишта за да можат после да менуваат слики на фб (кои демек се различни, а со истата шминка) И што ако немам слика од матура? Светот се сруши?
Колку би било добро да имаше некоја гас маска, да си ја ставиш по потреба и да не вдушуваш и примаш никакви чувства..
Аха, што зборуваш мор? Нели знаеш ако не исполнуваш критериумот за број на слики, одма намалено поведение
Во ништо неможеш да бидеш потполно сигурен во животот,но јас сум сигурна во некои работи. Знаете како рекле ... кога една врата се затвора,друга се отвара. Мислам дека ми беше потребно во животот да дознаам кои се вистинските личности и да знам со кого си имам работа и со кого седам. До вчера ‘‘најдобра другарка‘‘ а денес не те ни познава. Ама ако,ова многу ми беше потребно! Повторно врне,незнам дали сум едниствената што ужива во дождот,додека седам на тарасата и ветерот нежно ме милува по лицето,додека го чуствувам мирисот на дождот.. А тој? За него имам премногу да пишувам. Обожавам кога ме гледа во очи,а во длабочината на неговите очи се крие многу добрина,многу љубов и милост. Со него и тишината ми е пријатна... молчејќи се разбираме за многу работи,доволно ми е само неговото присуство. Доволно ми е што знам колку ме сака и знам што се не би направил за мене,доволно ми е што му значам и што знам дека некој се грижи за мене. Доволен ми е само тој,и никој друг ... Имаше уште една реченица,незнам како точно гласеше но вака одеше: ‘‘ Измислија многу начини како да ти помине времето,но сеуште не измислија начин како да застане ‘‘ ...
Кај сте пеперутки, стигла солна киселина.. @Ivana Богами така ќе треба да ги уништам. Чаре мора да се најде, мора! Во последно време се мислам да земам на сред улица да се дерам "I DON'T GIVE A DAMN ABOUT MY BAD REPUTATION" озбило.. Гајле ги било за мене, мене не ми е гајле, тебе ти било.. лол Идиотизам.