Колку што ме нервираат пешаци на велосипедска патека толку ме нервираат и велосипеди на патека за пешаци.
Никогаш нема да ја разберам потребата од ставање слики од лекови, влошки и тампони во темата 'Што последно си купивте'...
Кога ќе имам слободно време и енергија ќе отворам втор профил на Фемина со женски ник и ќе си играм мајтап со овие загорениве што ви пишуваат по лп. Фмп.
Менструален календар си водат. Плус кога додадеш присутство/отсуство на кондоми, одма можеш и датум на зачнување да пресметаш.
Го пишав у темата, сега и тука да видат повеќето колку сум паметен и да се уверат дека сите машки не се исти. Фмп - фала многу пријатно.
@Mr. Right на прашањето - Како да привлечам повеќе ликови со ник у фазон zgoden345? би те посоветувала да пишеш во темите за секс, конкретно 'Денес сакам да имам секс со...', подвезици и долен веш општо, секс со женско да/ не, сексуални фантазии и сл. А за најголем одзив, напиши секс-прикаска. @DAngel е ако има и слика од долен веш, знаеш дека мензисот поминал. @Alishan30 фала многу пријатно.
Скокам од пладневна дремка и тргнувам да го преживувам денот мислејќи дека е утро, кога тој веќе да ти бил преживеан. Среќа моја убаво сум поминала, со позитивни новости, со се. Па се израдував, повторно... Ти благодарам дремке што овозможи така интензивни чувства да ги искусам два пати.
Само животот ќе ти покаже каде сме згрешиле.. Боли душата гори за тоа што се случува што се осеќаш сам и покрај тоа што има околку тебе еден куп луге...
Денес 2 работи ми се за кажување на репертоар. Првата е за муабетот што го почнала @Someonespecial за интро/екстроверти. Јас сум на мислење дека секој човек е таков каков што е, меѓутоа многу влијае и друштовото и околината во која ќе се најдеш. Кога сум со другарките од средно, јас сум најтивкиот човек на планетава Земја. Нивните теми на муабет ми се крајно досадни, затоа што се состојат од оговарање на пола град, кој со кого се омажил/оженил, кој кого го изневерува, па кои биле најјаките мафијашишта низ Скопје (ме заболе искрено), па колку се палат на такви тиквари тоа нешто страшно е. Најмногу ме нервира кога ќе ме приметат дека си ќутам мудро на тема со кого се гледам и ќе почнат да ме буцкаат таму, као чил, ако не сум ви кажала самата, нема да ви кажам и на глава да застанете. Со друштвото на бившиот дечко исто, збор не зборнував, пошто мојот колку и да беше либерален другарите негови мислат дека жена освен за домаќински муабети не знае за друго да зборне. Кога ќе почнев да дебатирам за нешто побитно одма следеа глупави "шеги" на мое име, на почеток се палев ама после научив само да ги игнорирам. Со колегите сум си полиберална и посвоја, а во последните две години си запознав милион нови пријатели, сите со слични интереси, па сега не може уста да ни затвори некој кога ќе се почнат теми од типот на историја, уметност, филм, музика, книги и рандом trivia shit. Затоа најбитно е да си најдеш друштво кое ти е на исто рамниште, јас верувам пример дека на другарките преку глава им сум дојдена со тоа што се гасам кога тие почнуваат со нивното. Втората работа само ќе ја опишам, вие донесете заклучок. Ми треба да најдам автобуски превоз за друг град. Отворам на официјална страница, пишува еден термин. Ѕвонам на автобуска да го потврдам, не се јавува никој. На шалтер добивам 3та информација. Мораше преку сто луѓе да се јавуваме па да видиме кога уствари има последен автобус, пошто човек ако се води кон официјална страница или да чека да му се јават вработени кои плата земаат за тоа да куцаат карти и да дигнат слушалка ќе си остане со курот во раце. Мој најискрен совет, секогаш кога не сте сигурни за автобуска линија, одете и на лице место проверете си, немојте да треба да плаќате хотел после кога на страната ќе пишува 11 пример, а последниот автобус во 8 бил.
@Lella @GirlLove Сите живи суштества на планетава произведуваат одредени количество на светлина, и тоа поради хемиска реакција на нивните клетки во организмот. И секако дека човекот испушта одредена светлина (најмногу на образите, вратот и челото), но таа е илјадници пати послаба од степенот што човековите фоторецептори можат да ја забележат, односно перцепираат. Ако случајно мислевте на очите, човековите очи немаат рефлектирачки слој како кај животните, позната како "bright-carpet" и поради тоа кога силна светлина удира во нашите очи (како светилка), не гледаме никаков вид на рефлекција, за разлика од животните кои го имаат тоа рефлективно ткиво...
Сдк дека денес ми било именден а јас појма сум немала.Па и родителиве стиснати цел живот криеле од мене само да не се трошат Или пак во времето на моето детство не беа така популарни имендениве.Се знаеше имаше за Николче Благојче Марија.