СДК во себе носам огромен товар што ќе го носам до крајот на мојот живот. Господ ми е сведок колку ми е тешко и криво..али колку и да сакаме времето неможеме да го вратиме. Секој момент,секој час,секој ден по малце полудувам,се осеќам осамено,напуштено,несакано многу боли душата
Секој од нас својот крст го носи,на кој му е полесен,на кој потежок,но со верба во бога ке го изодам патот носејќи го баш крстот кој ми е доделен од него-сполај му
НЕ МОЖАМ да ги поднесам луѓето од дијаспората кои на фејсбук испраќаат пораки ШТО ДА ПРАВАТ луѓето кои се сеуште во државава на референдумот! Зошто?! Глупи ли сте, прости ли сте, досадно ли ви е?! Ама дојдете овде и правете тоа што планирате, кој си ти мене и на народов да ми кажуваш што јас овде да правам, а ти си отишол зад на Господ грбот и си го ладиш?! Проста раја!
Сдк дека мразам а истовремено и многу ми е смешно кога луѓе употребуваат зборови без да знаат што всушност значат, само за да звучат попаметно .
Ме гледаш и во мене го гледаш светот, ме сакаш најмногу од се, ме следиш со поглед како да сум единственото нешто што постои. Не можеш ни да замислиш дека за многу кратно време ќе станеш свесна за се околу тебе, за остатокот од светот надвор од нас. И дека ќе има денови кога ќе мислиш дека ме мразиш и дека сум твојот најголем непријател. Запомни само, дека и тогаш, јас ќе те сакам најмногу на светот.
ПА , во моја одбрана ФМП мислев дека е Фак Мај Пуси или нешто такво дрско, aли драго ми е што не е форумов на тоа ниво... Yet. Спојлер: Anywaaaaaay Сега кога е све разјаснето, кога е зачуван интегритетот , кога е безбеден индетитетот и осигурeнa е невиноста на форумот , можеме слободно да се вратиме на првобитните мисии. Спојлер: Pssst Socustvo za banot na Special , Dangel i Karaglija , sigurno nesto drsko imalo vo licni poraki mmmm , we shall never know mmmmm...
Многу се нервирам кога некои родителите или тие самите се стваат пред децата. Па тоа и во наследна особина преминува... Не не во ред,детето е најважното ,детето е пред се без разлика дали има 5 , 25 или 50 години...
Сдк дека обожавам кога знам дека некому сум помогнала или сум направила некого среќен.. Бест филинг евр!!! Ми се чини, можам од чуството да живеам само...
Таман ја привршувам со тинејџерството, мама почнува да влегува во климакс. Мислам дека ова е една од најголемите последици од раѓање деца после 30. Со лесно нека ни е по дома.
Сакам да кажам дека кога очекувате менс, не носете на мајстор лаптопот ако не е тоа апсолутно морално, особено ако менс ве мачи толку многу па да се шо прајте мора да е од кревет. Така да са ом да си легнам дур ми се наполни таблетот и да го силовам за гледање серии зошто се осеќам дека животот си го преспав.
Технологијата отиде усвет, што се не измислија и направија..абе како не направија некое апче за воља да добиеш....како мрцина сум, незнам што ми стана
СДК ко ќе влезам у продавница за долна облека нема шанси да излезам без да купам нешто. И ете така си се подновив.
Откога научив да се радувам и на најмали нешта и откога поедноставив одредени работи, ми се разубави животот.