Се прашувам дали има нешто што не им смета на луѓево во денешно време. Толку негатива и плукање по се живо и диво, страшна работа.
Не постои такво нешто... Кога некој се замара - зошто се замара? Кога не се замара - зошто не се замара? Ако се управиш па ќе ти најдат нешто негативно пак и така. Наместо да ти ги кажат позитивните карактеристики они те утепуваат со негативните.... Лист бел и црна точка на него : Што гледаш? - Црна точка. А листот што е бел не го гледаш??? ..... И така
Многу поискрено и поразлично е да ги потенцираш кои се, наместо да споменуваш од околу, до тогаш не можам да видам ништо позитивно и во ова "плукање". И на друга тема те забележав, и искрено, не знам што те затерало што фокусот ти е тебе на конкретни луѓе.
Пред некој ден се видов со другар кој пред неколку години замина во странство и дошол да се видиме на кратко. И бидејќи не сме се виделе откако замина сакав да направиме квалитетен муабет како во старите добри времиња. Ми вели тој: Брат сите овде со кои разговарав се жалат дека било лошо и дека не се задоволни од животот тука само ти не ми се пожали за ништо зарем само тебе ти е добро? Му реков: Зошто краткото време кое го имам за разговор со тебе да го потрошам на такви глупави муабети, кога можеме да си направиме квалитетен разговор оти не сме се виделе долго време и прашање е дали пак ќе се видиме некогаш...
Таман работа да можам да ги потенцирам сите, многу е долг списокот. И дај аман не се пронаоѓај во секој мој пост, не сте само на форумов такви, многу ги има.
Реално срам ми е,а неможам да го гледам,одвратен и лицемерен,а кога ми пиша прочитав и ништо не пишав,тоа беше пред 3-4 месеци и оттогаш појма немам како се зближи со моите и ете го надвор седат,во секој момент очекувам за жена да ме побара од татко ми а сигурно е 15-20 год постар од мене,срамота.
Во два, фокусот сега сум ти јас. Претходно на друга мислеше. Утре некоја трета. Можеш малку да олабавиш. А и некако не си поразлична од тоа што го потенцираш... дури и далеку понегативно делува. Ок е. Ти пречи ти пречи и тоа е. И мене ми пречиш еве ти со ова, ми пречат и некои други, но не ме спречува и лајк да им дадам во друга тема ако се согласувам или да ги игнорирам у друга, ама нема да ги прозивам и да ги навредувам. Ај за промена запрашај се ти во кои спаѓаш.
Да кажеш. Нема зошто да ти е срам. Само кажување за такви. Ќутењето е најголем проблем во вакви ситуации.
Тоа е зошто ти самата си се пронашла, а не зошто јас конкретно за тебе сум пишувала. Тоа што ми пречи го пишувам тука а и во лице го кажувам, па никој не ми замерил до сега, барем на блиски луѓе и луѓе со кои сум опкружена секојдневно. Никого не навредив во моите постови, само сакав да кажам како што впрочем гласи и темата. И да, ми пречел ФБ, не сум веќе активна. Ми пречат одредени теми и постови од одредени луѓе па ги прескокнувам, воопшто не ги читам, не си го трошам времето зошто не вреди. Така и ти, ако ти пречам игнорирај ме, не се обидувај да ми објаснуваш што да пишувам и мислам за одредени луѓе и теми.
Иначе, немам ништо против фотки од свадба, всушност симпатични ми се, преубав спомен. Само не можам да ги поднесам оние со прстен на рака, смешни ми се. За МЕНЕ ЛИЧНО, подобра опција е откако ќе се вериш, на најблиските лично да им кажеш, а на сите останати повремено кога ќе ги среќаваш. И потоа кога ќе правиш свадба, стави си фотче од прославата, супер, топ. Ама "she/I said YES" тип на фотки... nahhh.
1. И јас сум да се каже за чичето. 2. Да не тагнете сите што не сме ви по ќејф ради..што год. Нот. 3. Мора да почнам да си ги сркам витамините оти без нив ни пола човек не сум. 4. Јутуб и рекламите ја претераа. Некој веќе пиша шо ќе пишев пред 3467 дена. 5. Заборавив.
Аман од - секоја невеста е убава. Ама аман и од секое бебе е убаво. И невестата и бебето се најубави ама на мајката Во сите останати случаи се работи за вкус