Ја би еден бејкон бургер од ројал. Со плескавица+сланина. И еден веган да ми пратат, за пред него да го тегнам кашкавалот.
Жално е што денеска прославите се прават само да се соберат пари од гостите. Де роденден, де именден, па полуматура, матура, па дипломска, па сеа по новово тргање прваче, втораче бла, бла.. Никој веќе не носи поклон завиткан, па со машни, со дандании.. Последниов роденден добив само пари.. Тажно за мене.. Ич не се израдував како што мислев.. Не сакам пари, дај ми книга, дај ми нотес, дај ми не знам шо, смисли нешто, не сакам пари..
Се сретнав со другарка од средно (не заврши училиште се омажи на 17 години) си правевме муабет се убаво ја поканив на кафе одамна не сме се виделе и таа во сред разговор ми вика: - Леле извини цело време ти зборувам за деца, знам дека ти е криво што веќе моето прво дете ми тргна во училиште а ти сеуште си немажена Јас не знам што сакаше да каже со тоа "писателот". Се воздржав од коментари пред неа но се вознемирив за она "знам дека ти е криво" Алоо бре 23 години сум за што да ми е криво што не сум останала трудна на 16/17 години за тоа ли Морав некаде да се искажам
И седам сега така разочарана од времето што постојано дува,гледав серија ама нешто внатре ми зборува и сака да каже нешто ама нема на кого и незнае како.Па ако незнае да каже знае да напише.Патем си ја пуштив Слушам кај шумат шумите од Next Time. Е сега додека сум изнамотивирана за дебати и дискусии,пред да пуштам песна отварам фејзбук и секогаш кога отварам на прва објава ми е сител тв и вестите.секогаш си ги пуштам и секогаш ме интересираат тие политики(дали тоа е мојата идна професија).Сеуште недосозреана и недоинформирана штом едвај знам што ми се дешава со државава,Па чекај бадијала ли јас ги учев Кирил,Методиј,Климент,Наум, браќа Миладиновци,Па Мисирков па сите тие кое во сложувалката ставаа по едно делче и направија една цврстина која сега пука и се влече од сите страни?И не само што ги учев планирав и детално да ја проучувам историјата.Добро си зедоа Бугариве си зедоа Србиве па и Грциве.и сега едвај се гледвме на картата и сакаат и тоа да го земат,поништат избришат,како да не сме постоиле и како да не постоиме.Крајно сум изревултирана изнервирана и се си паѓам во депресија па дури и солзи ми навираат ми се пука ми се плаче,и сега кажав што сакав ама пак не сум мирна. Иако сум оптимист имам чудни предчувства.Ама и чуди прашања:Што ли пак можам јас да сменам?
Ме акна ладново у нозете моментално па се сетив инстантно на австрија, ја поминував во 10 вечер, луѓево се со скии се катереа низ стазите наоблечени, стазите со светлина, се гледаа околните борови, дрвја, еден куп зеленило помешано со еден тон снег, рамнини и висини, алпите.. толку се само убави ..јас сум заљубена во нив. Колибите од дрва, австриските куки од дрва со девени тераси е еден куп снег што вее и така си мислев дека се полни со среќа со убавите, со чистиот воздух, со таа природа на незагаденост, воздујот свеж.. Застанав на една бензинска и гледав.. гледав.. Камо да потраеше Сега велам конечно и јас ги видов честитките за нова година у живо.. Да, баш како новагодишна честитка. Тоа што природата може да направи не може ниту еден фото шоп и ниту ниедно модерно време!
Ова поќе ко прашање е, ама ај Дали возрасниот живот се состои од релација дома-работа-дома со еден слободен ден во неделата? За другарка прашувам
Многу е монотона другарка ти да и кажеш. Може и работа-дома-работа, една другарка ми го кажа ова. Ние помалите шеткаме повеќе, дома-работа-пазар-продавница-дома- (лелеле леб не купив касно е) продавница-продавница-дома
Кога за некој мислите и однадвор гледате дека му е лесно, а ви се даде до знаење дека всушност се справува со доста комплициран период и пак терате по свое со впечатокот - направете споредба помислувајќи на нешто опипливо што и не мора да е негативно. На пример, сетете се на моменти кои на сите ни се случиле... кога ќе видите некој навидум едноставен цртеж а да се помачите кога ќе пробате самите да го прецртате. Или кога гледате туторијали за шминкање/готвење на кои толку брзо и лесно се прави тоа - а вие првите неколку пати се правите како панда во очите или не ви успева јадењето додека ја совладате вештината. Или пак кога некоја песна ни изгледа со леснотија испеана, а всушност фалшираме кога ќе пробаме да ја испееме... Така и во животот, на многумина често ни изгледаат доста полесно нештата кога му се случуваат или ги прави некој друг - а не е така. И со созревањето оваа корекција на таквите мисли треба да ни се врежува во глава.
Сакам да кажам дека од кога преку џам остајв all crazy да ми излези на виделина и од кога го испцув комшијата до 10то колено, и од кога видов дека ми олесна, светот поинаку го гледам, станав поотворена, почесто излегвам од комфорт зоната, не се срамам и почнав отворено да зборам со луѓето. Крај краева, шо е најлошото шо можи да се случи? Од кога излегов од комфорт зона, научив и билјард, зошто долго неќев да пробам зошто кога ќе шутнев не само топчето, и стапот ми леташе. Сега ми е една од омилените игри и изненадно бев како друг чоек за разлика од претходниот пат кога пробав да играм. Играв и пантонима и не се срамев да глумам. Запознав две раце луѓе вредни за разговор и дискусија и имам тип на луѓе кои карактерно ми одговараат ради тоа. Уште не сум имуна и не скокам дирек од комфорт зоната со раширени раце кон светот, ама бебешки чекори. Сакам да кажам дека денес бившиот под маса го чукнав на неќење и не му реков извини. А, нема лице да се налути зошто веќе четири години како не ми збора, а во исто друштво сме. You do you. Нека се осеќа лошо зошто и фрижидер на неќење да удрам велам извини. Можда сепак моите "извини" имале подлабоко значење.
Дур ми беше музика у глава, од jутра до сутра..пиздев у некои моменти оти, ja bih te ljubio не беше баш наjсоодветно да ти свири 'у позадина' дур некоj раскажува нешто тажно, или си на погреб, или коа брзаш и си во хаос и треба да се концентрираш. Онда, коа витамините ми ги погребаа сите звуци и ликови .. и емоции де, толку досадно беше шо мораше да почнам да им правам муабет на човеците. И да ги слу-шам. Сеа па е автобуска станица и секоj си фака своj ритам... И не мора да им зборам на човеците, али, ете, занимливи ликови ке се погодат..ко една бабичка вчера. Ми раскажуваше како го бира аjварот за да не е со лушпи,пошто, она на времето ни семче ни лушпенце давала да заврши у шерпа и тегла. Абе, низ сито и решето го минувала по пет пати. И маjка и покоjна таква била. У позадина ми идеше i was made for loving you baby, are you gonna go my way, who the fuk are you , и онда скроз се исклучив пошто запримтив како Джек Николсон со креч на десниот ракав у форма на Зимбабве флертува со тоj неодоливиот осмех,а касиерката не го рецка. И онда се пребацив на тоа се моите здивови што jaска ги здивам за тебе, касиерката нешто мумлjaше, само 'ама' слушнав оти баш тогаш ми почна ке биде се во реддд... Климнав со глава,чув ги куцна,па нешто мумлjaше, ja само видов на искачанje...петсто и кусур факинг денари фискална за две тегли аjвар (x200 и кусур денари) и дребулиja. И не,не намачкав да видам дал се минати низ пет сита и решета за да нема лушпиче ни семче. ) ке ги чувам за посебни пригоди. Скапо е лудилото. И освен ако не сте уметник коj скапо го продава, фаjде немате. Напротив.
Некој изгубил наследство, не му ја препишале куќата. На некоја родителите и дале помалку пари од сестра и. Децата вечно неблагодарни, ние кои даваме вечно - ,,многу ни бараат, многу трошат,,.Тие вечно незадоволни - ,,малку ми се,,. СДК дека се што се мери со цифри и има единица мерка за него, и во неповрат да отиде нека не Ви значи и не сфаќајте како да сте изгубиле нешто.Не жалајте по тоа. Глејте да не се изгуби здравје, доверба, љубов. Тие не се мерливи