Ми се појави евент на фб, да им посакаме добредојде на новите членови на зоо, две женки слонови. Се изнаплакав. Никогаш не ми се допаѓале зоолошките градини, а на последната посета ме фати таква депресија, до ден денес не можам да ја заборавам сликата. Толку сме сурови...
Кога некој во културна или економска смисла е беден човек, му преостанува едино да се фати за национализмот и религискиот фанатизам. Рака под рака идат овие две. Во недостаток на било каква перспектива за идината, се враќаат во минатото кое го земаат како некаква си утеха за дамнешен успех, пошто денешниот го нема нигде. Ако пак таа прошлост е сиромашна, се тргнува да се краде од туѓото минато. Пристрасност на ова мало парче земја за извоз. Кога ќе се ослободите од истото, ќе сфатите дека треба да се залагате за денешницата,за да во иднина имате со што да се фалите, а не со минатото, кое не носи ништо добро. Таму сместете ја национална гордост, а не векови уназад. Уште нешто само да кажам па да спијам Ептен ми е смешно кога просечен Македонец ќе го прашаш за своето семејно потекло, не знае повеќе од 5-6 имиња на својте предци ( татко ,дедо, прадедо, чукун ) али затоа имаат одлично знаење за потеклото на својот и туѓите народи дури 2000 години наназад.
Жена не е жена ако при две значења на една кажана реченица од некој друг не помисли на лошото значење, па почнува да паничи и си прави триста филмови во глава и почнува да се жали и да се депримира.
Многу работи сакам да кажам јас. Ама, у принцип... Сакам да кажам дека сакам да имам живот без грижи, барем малку така да се потсетам како е да не се нервирам за било што...
Чинам собрав билки за чај. Сите насобрани во едно ќоше во ќесе со ластиче. Фатив да пијам еден и мислам дека покомфорно во зона на пмс се немам почувствувано од кога знам за себе. И така со Viasat Nature ќе се дружиме, омилени ми се документарните емисии за се и сешто. А највеќе сакам да ја гледам Supervet.
Што им е бе на луѓево денеска?... Не можам да се начудам значи не можам.... страшно. Сакам да ме снема да не живеам помеѓу вакви луѓе. Немам зборови....
И наобичниот збор има своја тежина. Кога сакаш нешто значајно да кажеш, немора да отвараш речник и да бираш зборови. Едноставно употеби го вистинскиот збор, со вистински тон и во вистинско време.
Сакам да кажам дека причината зошто некои луѓе дискриминираат е зошто си присвојуваат работи. Некои си го присвоиле Бог, други бракот. Трети, пак, присвоиле точна сексуалност. И после тоа, идеализираат. Неговиот Бог е најдобар. Бракот нивни е свет и се по различно не смеј да има. Само нивната сексуалност е точна. Его до плафон. Да бевте малку луѓе немаше да пикате нос во туѓ двор. Ако бевте луѓе - ќе бевте среќни, немаше да лечите комплекси на туѓа среќа, работејќи да ја претворите во несреќа, рефлектирајќи ги своите проблеми. Џизс, get a life.
@worrieddd а зошто да нема? Шо е денес поразлично од вчера или од пред 100 години? Има среќа, има среќни луѓе, има луѓе кои се радуваат со својот нов партнер или партнери, на своето дете, на новиот миленик итн. Тоа е среќа. И некогаш некои луѓе гледаат активно да работат да уништат некоја среќа. Бедно. Дали оговараат, дали сметаат дека нивниот брак не е вистински, или дека не смеј да е со тој партнер оти е геј, или пак како смеј да роди дете дур живеј со свекор и свекрва, и пу- пу скраја да е ако дај смоки на мало дете. А пак, секс пред брак шо беше? Сите вакви осуди носат чувство на вина кај дискриминираниот човек, и му ја нарушуваат благосостојбата и мирот. И ако неосудуван човек е среќен за истите работи, некој друг наеднаш не е. Инаку во цитираниот дел имав тајпо, го испрајв и мислам дека за нијанса менва значењето на реченицата зато нагласив.
Се повеќе вакви луѓе има а тоа го слушам во секојдневни разговори, ги гледам лицата на луѓето затоа прашав: Има ли навистина среќни луѓе денеска? Јас мислам дека сум среќна, но не сум секогаш. Така е кај сите. Среќата не е постојана и мислам дека не може да биде. Но, добрината,позитивноста и оптимизмот можат во голем број случаи да го одржат човекот во среќна состојба.
@worrieddd нормално дека ништо не е постојано. Ни несреќата не е, ни пак среќата. И баш зошто среќата не е постојана, зошто да работиш да ја уништиш на некој друг?
@theowndemon е тоа според мое мислење го прават исклучиво несреќните луѓе кои се ситат со туѓата несреќа, а всушност самите тие не се и никогаш нема да бидат среќни.
Мило ми е шо се согласивме. Спојлер Се надевам дека во иднина ќе пишиш зошто отворениот брак не би ти одговарал без да ја нападниш и жалиш личноста на Вајлд и да ги омаловажиш нејзините зборови велејќи дека треба да престани да објаснува, а упорно ја прашувате. Just saying tho. Не ја бранам Вајлд, напротив многу не се согласувам со неа и дел од мислењето ми е за та тема, ама буквално дискредитирате среќа. You do you, секој со своето. Нели, ако некој е среќен и не штети никому, оти да не оставиме да е среќен? Се најдобро.
Работите ќе дојдат на свое место , само незнам дали косата прво ќе ми побели или забите ќе ми испаѓаат прво !
Многу ми се небулозни разговорите од типот го погодија времето. Го погодија??? Некои работат и егзистираат за да погодуваат??? Зарем има студии што во програмата вклучуваат претпоставки наспроти истражувања, анализи и теории? Фактите произлегуваат од проверлив материјал, а не од хипотетички верувања со толкување што би било кога не би погодиле, освен да манипулираат, односно лажат... Впрочем, и метеорологијата е наука базирана на учење, знаење и работа со примена на соодветна апаратура и методологија спроведена од метеоролизи кои не се надри-личности да погодуваат или гатаат, туку имаат своја стручност, занимање и професионалност без потценување или преценување, како и останатите квалификувани кадри. Како што медицинските лица имаат обврска да постават дијагноза, метеоролозите ја прогнозираат временската состојба. И во двата случаи се работи за познавање на својата област ослободена од надприродни вештини за да не бидеме изненадени од некој вуду-ритуал.