Форумџика на годината

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.803
    Допаѓања:
    135.417
    Пол:
    Женски
    СДК дека треба да му се извиниш. :)
     
    На M&M, Someonespecial, SnowWhite8 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.418
    Пол:
    Женски
    Од извини не се живее
     
    На Feminka192, marlonbrando69 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.803
    Допаѓања:
    135.417
    Пол:
    Женски
    Не,ама сепак значајно е,а и вредно ако доаѓа од срце,а не ради реда.
     
    На M&M, LittlePinky, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  4. lozenge

    lozenge Активен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    566
    Пол:
    Женски
    Ако дома те ранат со доволно љубов па биди ти и дебела и ваква и таква,било каква што ''би било доволна причина'' да си мета за булинг тоа нема да те вади од колосек.
    Фактички нема да не приметуваш дека си мета на булинг ама тоа нема да е доволно силна причина да ти се крши психата.
    Ако вака само зборуваме булинг ова, булинг она независно што тоа за кое зборуваме навистина е булинг ништо нема да смени.
    Промена може да се случи кога да ќе посочиме дека тоа не е убаво но нема да дозволиме да не крши.
    Прошка ќе си дадеме самите на себе си ако сме потклекнале на навредите адресирани кон нас. Ќе си простиме самите себе си што сме потклекнале да се чувствуваме како жртви на булинг а со самото тоа несвесно им простуваме на тие што не навредувале.
    За булингот пак не е само на школо присутен,насекаде го има.
    Верувајте во повеќе од пола фирми кај нас булингот е must do, наметнат е како појава и поттикнат од повеќето газди и тие како директоров велат тоа е ''детска игра'' т.е. ''игра'' која се спроведува на работните места.
    Така да топло препорачувам да имате свест и разбирање за да препознаете и посочите непожелно однесување но не и да се кршите до ниво на повлекување,срамење, станување лошата ти со манифестирање механизам на одбрана до максимум.
     
    Последна измена: 5 октомври 2018
  5. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.781
    Пол:
    Женски
    @MarigoldA ме охрабри да раскажам зошто толку многу ме вознемирува секоја приказна за било какво насилство меѓу соученици.

    Да, и јас бев жртва на bulling во текот на 4 години од основно и 3 години од средно. Да, цели СЕДУМ години и едно гратис негативно искуство на крајот на средно.
    Во основно бев исмевана поради тоа што бев премногу слаба. Да и за тоа се наоѓаа погрдни зборови како и за оние што беа со вишок килограми. И тоа не само од соученици, туку и од професорката по спорт, која баш поради мојата слабост ме тераше да трчам плус некој круг затоа што тоа што сум го поминала со трчање било многу млитаво по неа. Како слабоста да беше мој избор.
    Еднаш бев и физички нападната од две соученички, за што не сакав да проговорам на никој. Среќа моја што имав мајка која секогаш после секој училишен ден знаеше да седне и разговара со мене за тоа како ми минал денот. Класната беше зачудена од ситуацијата, as always.
    Во средно повторно бев исмевана. Овојпат на сметка на учењето, дека нели не е кул да сакаш да решаваш задачи математика, не си кул ако сакаш да читаш книга наместо секој ден по школо да идеш на кафе, не си кул ниту ако по социологија знаеш да одговориш на нешто бидејќи имаш читано литература плус од задолжителната.
    А што правиш со животот ако не си имала врска?! Што правиш во животот ако постојано немаш дечко кој ќе те нервира а ти ќе правиш драми околу тоа намерно на оние кои не се во врска?! Што правиш со животот ако мислиш дека не си подготвена за сериозна врска на 15 години?!
    И кога ќе ја имаш првата врска, дали постои можност да не бидеш главна тема за озборување во цел клас, па и скоро во цела генерација?!

    Горчливо е чувството да излезеш на 18 години од школски клупи и да те чека живот во друг град, а ти да знаеш дека и под најмалата тежина на злобен “човечки“ збор ќе се срушиш.
    Горчливо е чувството кога се фаќаш себеси во мигови во кои советуваш помали братучеди/братучетки да се изборат со стравовите и да не потклекнуваат пред зборови што болат, а притоа си ја чувствуваш кнедлата во грло како немил спомен од минатото.
    Горчливо е чувството кога личност која некогаш те презирала од дното на душата, сега те прашува дали сакаш да цимерувате и буквално да се осмелиш да си потрошиш дел од годините под ист покрив и да минуваш време во разговори и смеење со неа како да сте најдобри пријателки.

    Тие забораваат. Ние НЕ.
    Затоа што боли.
     
    На anata, M&M, lozenge и 22 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.946
    Допаѓања:
    183.943
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам причини зошто го сакам Октомври и зошто мислам дека можи да се речи дека ми е омилен месец:
    1. Во два дена ми излегуваат нови епизоди колку што на лето излегуваат во две недели.
    2. Цел месец има Инктобер.
    3. Почнува сезона на топло чоколадо.
    4. Не е ладно, ама не е жешко.
    5. Надвор е се шарено.
    6. Си ја вадам омилената гардероба.
    7. Ако ти студи секогаш можиш да додајш подебела блуза или да смениш палто.
    8. Никој нема да ми замери ако за ручек решам да јадам хотдози во форма на прст, зошто нели, Халоувин.
    background-cool-october-tumblr-Favim.com-3633748.jpg
     
    На Purplelilac, ivi1987, Tatjana95 и 12 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    1. ОЦД е кога "проклетово јајце не знаело ни да се свари, жолчката не е на средина"
    2. Не ми се верува дека е возможно толку да ми се спие и толку бавно да ми минува денов. Јас очекувам да крај на работно време, тоа едвај саат поминало.
    Ако преживеам - супер.
    Мислам дека би јадела некоја кисела салата. Или нешто да ме крене?
    Тежок ден, тежок тежок ден.
     
    На Someonespecial, senjorita-v, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.946
    Допаѓања:
    183.943
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека после година дена откако ми е изваена одредена буква на тастатурата, дури денес откажа со работа. Почивај во мир, букво, кузнај какви ќе ми бидат речениите каде што не си ти. Сетивте која буква? Би сакала да можам да кажам, ама нема како. Почитвајте во мир семинарски каде место буквава ќе пишам извичник и ќе пуштам документот кај некој да ми доработи.
     
    На ivi1987, Tatjana95, GirlLove и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.418
    Пол:
    Женски
    Г?Ц? Како бе Г кога ја имаш пишано :lol: (facepalm)
     
    На cresa-jagoda и theowndemon им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.946
    Допаѓања:
    183.943
    Пол:
    Женски
    Ц. :D :rofl:
    Да живеј копирањето. 8)
     
    На ivi1987, Bender Rodriguez, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.418
    Пол:
    Женски
    Па е вака копирај си и вметнувај после
    Еве ти едно гооолемо Ц
     
    На LittlePinky, Purplelilac, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  12. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    СДК

    Уикенд почиње ночас у 9
     
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.795
    Допаѓања:
    17.865
    СДК
    Не ја разбирам потребата,јавната потреба да се искаже како сте голем хуманитарец.
    Не ја разбирам потребата,постојано да објавувате слики од вашите ученици од градинка или училиште. Ego Boost во јавноста. Што и на кого му докажувате?
    Јас, лично сум против тоа моето дете да биде јавно објавувано по социјални мрежи.
    Друг муабет,во склоп на ова. Се возам со автобус,одам на работа и начекувам две наставнички,за мене,за само 5 мин муабет слушајќи ги станаа "наставнички" - во класот имале две мирни девојчиња, не биле комуникативни, позатворен тип биле и се потсмеваа оние двете само со себе се дружат. :o
    Добро, како можете бе? Можеби,ете се такви,да повлечени, не мора сите да бидат исти. И уште се чудите како имале во генерација ,толку топли комуникативни деца што се зближиле, а не такви затворени.
    Не бива,секој за воспитувач или наставник.
    Топлината треба да прозилегува од просветниот работник,како и нормално од сите нас.
    Но комментс.
    Ај чао сега.
    Морам да одам
    Убав ден.:sun:
     
    На M&M, LittlePinky, lozenge и 7 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.334
    Тета да ви кажи!
    Чувајте си го здравјето деца, оти ќе плачите после!! :hug:
     
    На M&M, hermosa, Mr. Right и 11 други им се допаѓа ова.
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.284
    Допаѓања:
    39.816
    Пол:
    Женски
    На тема булинг.. се срамам бескрајно пошто јас бев од другата страна, од лошата.

    Бев соучесник, понекогаш и иницијатор на емоционално, вербално и физичко малтретирање на децата во мојата околина, души од особи на кои директно или индиректно сум им уништувала училишни денови кои треба да бидат сеќавање на убави денови а не спротивно.
    Емоционално осакатени, за мене ( нас ) тоа беше една забавна претстава, а училницата беше единственото место каде се осеќав како да постојам, моите зборови допираат до некој, прават разлика, едноставно постоеше чувство на супериорност,пошто дома бев невидлива.
    Bullies, најчесто се деца кои и самите на одреден начин се злоставувани. Живеев во многу токсична средина и секојдневен хаос предизвикан од татко ми, ситуација во која осеќаш дека немаш никаква контрола и ништо не можеш да промениш. Со секојдневно минвуање низ истото, насилството почнуваш потсвесно да го доживуваш како вообичаен начин на комуникација и дека тоа така треба да биде. Злоставуваш друг за да бидеш моќен како твојот злоставувач, односно да не бидеш беспомошен.
    Ја газиш жртвата за да изгледаш поголем у однос на неа. Ставаш маска за да го прикриеш своето незадоволство, ниска самодоверба,своите стравови и немоќ кои потекнуваат од други места и други луѓе.

    Кога дозна мајка ми, беше запрепастена. Ептен беше битно што она остана прибрана,и не почна да го негира проблемот, знаеше дека е присутен и знаеше од каде доаѓа. Знаеше дека ми треба нејзината помош.
    Немавме идено кај стручни лица, таа ми беше лекот. Со убаво муабет почнавме све и дојдовме до сржта на проблемот. Тоа баш беше период кога се разделија со татко ми, и јас почнав да се менувам како особа.
    Просветлување буквално. Постепено, на училиште ги поправав работите и моите односи со соучениците.
    Требаше многу време за да се опуштат со мене, за да почнат да ми веруваат. И мене ми требаше многу време за да докажам дека моите убави зборови се вистина искрени и дека имам добра намера во мојот обид да се зближам со нив. Една од нив ми стана најдобра другарка.

    За крај само ќе кажам дека ниту еден среќен човек не осеќа потреба да прави лошо некому.
    Тие понекогаш се најнесреќните.
     
    На M&M, M.B., LittlePinky и 31 други им се допаѓа ова.
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.146
    Допаѓања:
    42.729
    Сдк @lovestoneddd браво девојко, жено. Да се биде дел од решението, ако претходно си бил дел од проблемот, е блескаво. Мој наклон.
     
    На LittlePinky, Purplelilac, Mr. Right и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.109
    Допаѓања:
    44.558
    Пол:
    Женски
    Оди по улица, се закашлува, шмрка, плука наоколу, го чисти носот со рака и си се забришува од облеката, бидејќи 10 денари за паломи се многу. Ова најчесто се случува кај постари луѓе. После ваквите зборуваат како младите немале грам култура. Ми се згади од глетката.
     
    На LittlePinky, Purplelilac, Yipman2 и 25 други им се допаѓа ова.
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    44.103
    Татко ми беше повеќе од половина месец на село. Радоста со која се врати не се опишува со зборови, но сакам да ја доловам за да не ја заборавам. Имено, отидоа во куќата на чичко Славе во село Козица, Кичевско. Има многу што да се работи на село. Се средува дворот, се копа нивата, се гради шупа, се чистат стари ќерамиди и се монтира тоалет.
    Татко ми е дијабетичар со години. Последниве 10 години работи во смени, со многу осетливо здравје и некаква прикриена тага поради сопственото битисување. Животот во град за него е нужност. Да не му е пазарот и точакот, мислам дека би гледал тенис цел ден и би пиел кафе. Но, што се случува откако ќе поминете толку време на село? Препород.
    Татко ми се врати натоварен со здравје. Со многу ќесиња јаболка, ореви, ракија. Со насмевка. Со желба за уште повеќе здравје. Зацрвенет во образите ми раскажува како берел лешници и уживал во Домот (да да дом на културата) низ сите тие разговори за земјата, родот, посевите. Печењето ракија го фасцинираше. Истрајноста со која селаните живеат таму, а без продавничка си купуваат се' од градот и така тераат. За задоволството од готвење за 11 луѓе, неговата специјалност - компир манџа. Па со селски компир, тоа е радост! За берењето пиперки од двор. Скини, касни. Просто како грав. Грав што се вари најбрзо на свет, бидејќи е меко зрно.
    Си дојде вчера жизнерадосен и среќен. Мајка ми во восклик и исчек го пречека со омиленото негово јадење - пиперки со урда и јајце. Ни ги растркала јаболките низ дневна, ја гушкаше Надја и го доживеав помлад. Подобар.

    Едноставно, го видов татко ми каков што е. Свој.
     
    На Shalitra, M&M, M.B. и 30 други им се допаѓа ова.
  19. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.170
    Сакам да кажам , ја почнавме неделата со К-15 па и да ја завршиме со смеење и хумор.



    4 клипа во едно се:

    клип 1 - му вика, иди фати работа...а Џони му вика нели гледаш какви се условите во Р.Македонија страшно ме потсеќа на @John Snow ,
    клип 2 - му вика ќе идам на меден месец, а жената дома со мајстори, кречиме - хахах страшно ме потсеќа на @Dust во темата за 40 години и после му вика а да фатиш нешто работа, овај му одговара , абе работам, продавам намештај, го продадов мојот :rofl:
    клип 3 - Тошо го боли глава и вика дај нешто за глава на келерката, она му вика : сакаш капа ? сакаш антибејби пилуи ? - одма ме асоцира на темата дали сум бремена и коментарите од форумџиките :D
    клип 4 - е овај дел е закон кај што вели тотално сум разочаран од држава, од жена, на секој чекор вараат, кујзнае шо праат :rofl: - ко збори ме потсеќа на делот од форумот во темата за референдум, во темите за брак :lol: @Mr. Right , @Dadusicka , @filip4 :D


    Топло ви препорачувам на сите што сте мометално вклучени на форумот да го изгледате , ви гарантирам ќе ви се подобри расположението .

    Останете сите во добро здравје и имајте пријатен викенд :sun:
     
    На M&M, Yipman2, filip4 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Сдк светот отиде во к*рац.. или да си кажам без цензура? Светот отиде во курац, вака подобро е?
    Абе ги гледам луѓето, се караат за имот, за партии, за други материјални ствари..
    Крајот не им се наоѓа, а да ги прашаш зошто, нема да знаат да ти одговорат.
    Не сакам да живеам во ваков свет, но за баланс на универзумот мора да постојат и гниди од луѓе.
    Мојата замисла за светот каков треба да биде е вистинска утопија, а да игнорираш вакви злобници не можеш, ти бркаат во очи.
     
    На hermosa, lozenge, Tatjana95 и 1 друга личност им се допаѓа ова.