Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    Чекај малце, како тоа помина пола година? Аман бре, да трепнам ко диви шатки поминува времето :О Абре чекај малце јас уште си мислам Март е! :О
     
    На sweet-star и Summerlover им се допаѓа ова.
  2. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Ради екстерново форумов доби многу членови плус :lol:
     
  3. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    Сдк какво е ладно надвор не ми се верува морав парното да го уклучам не се седи многу ладно а Јуни е |(
    се надевам дека ке има сонце овој месец малце да излеземе од дома
    [​IMG]
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    А што се напнаа сите толку со екстерново? Вчера дури на вести 15 минути имаше репортажа за тоа, како некој си средношколец се спрема да учи за екстерново :^) . Озбилни се? Па ок, сите полагавме, и ако сте учеле во средно ко што треба сеа нема од што да се плашите. Во моја генерација најмногу се плашеа оние одличните со сите 5ки кои ги добиваа на лепе очи, и на матурите што направија? Ок е, сите знаеме, ама пак си се упишаа каде што сакаа, и сите ќе се запишете каде сакате, затоа без паника. Никој не остана незапишан. Без везе е да се трескате од земја за едни екстерни тестирања кои се гола вода во споредба со тоа што ве чека понатака, па незнам што ќе праите коа ќе треба испити да спремате? :^) За промена нека дојдат Сител мене да ме снимаат дома да видат што се правам за да положам од проклетите професори низ факултетите!
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, bittersweet, kala21 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Некој да ме поздрави со `Главоболја од вина` ако може? :wasntme:
    Јас кога викам остарев, не можам веќе со децава ноќни животи да терам. Додуша беше од 7 до 11 ама и тоа многу ми е изгледа. :D Да дружам сингл другарка, ај ќе излеземе, малку вино, малку муабет, малку да се поклатиме од една нога на друга. Околу 9 мислам дека ја појачаа музиката во пабот оти веќе се надвикувавме да се чуеме. И така и се дерам во уво, и едно дете ми мавта :hai: Се вртам позади мене нема никој, и пак во правец на младото, он уште ми мава. Кревам рака и инстиктивно-рефлексно (или се вадам сега, од двете чаши вино ми дојде така) му мавам назад :hai:

    Другарка ми додека примети што е работа, па рикна да се смее, и баш тој момент и се приоди во веце. - Немој не ме оставај сама :worried: Касно, она веќе накај веце, момакот чекори накај мене. Отвори се земјо, отвори се земјо, отвори се земјо... хај :$ Фино дете. Не беше ни пијано. Ми се претстави, направивме муабет колку е гужва, сите излезени оваа вечер, ти со кој си, ти со кој си, ќе одите ли на друго место после. Епа ќе одам, дома ќе си одам. Па дур тогаш ми вика, мажена си ти нели? Сум да му се сневиди :P Кажал му другар му, не ја закачај мажена е, ама он да провери. Пријатна вечер, ај со среќа. Си отиде кон друштвото. Ми се заврте песната во глава Мисис Робинсон... |(


    Оваа мојата ја немааа. Ај да појдам и јас до веце може ќе ја сретнам. Ја сретнав. Ама гледам и се закачил еден на муабет та затоа ја нема. По тоа како стоеше едвај гледаше да му избега, ама мило за драго не ја спасувам. :!: Му избега конечно, и делиме искуство тука. Она ме шие! Вика доаѓа овој, во рака носи кеса со протеин пудра, очигледно некој му ја дал па ја макне со него цела вечер, или пострашно излегол во стилот, ајм секси енд ај ноу ит, и протеините за, ај ворк аут да долови. :drunk:
     
    На anabel-a, bittersweet, Bozica1980 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Во име на ефикасното искористување на просторот во фиоките, татко ми ставил една од поголемите шолји за кафе поклопена врз една од помалите.
    Отворам фиока пред некој ден, и си ја гледам мојата голема шолја како се тресе во вис.
    Прва помисла - има глушец под неа! Со сокрил под шолјата, ама кога ме слушнал, почнал да се тресе од страв! Во тој момент брзо размислувам што да направам за да не ми избега, па како единствено решение ми се виде да го поклопам убаво, да ставам некој предмет врз шолјата и да чекам татко ми да си дојде дома. Претпазливо му се приближувам, полека ја пуштам раката и тап! - за малку ќе ја распарчев малата шолја под неа... Толку силно притиснав за да го „фатам глушецот“, што го слушнав порцеланот како пукна.
    Откако се свестив што се случува, ми дојде душа на место. Дури и ми стана смешно кога видов дека под мојата шолја уствари има една од помалите, дека нема никаков глушец и дека не сум никаков домашен херој.
    И ете така, еве веќе неколку дена моиве дома ме зезаат и намерно така ми ги местат шолјите.
    Ако, ако - им викам. Некогаш може стварно ќе има глушец, па тек тогаш ќе ве видам!
     
    На bittersweet, Bozica1980, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Не сум многу коминикативен тип по природа, не можам да се прилагодам на секаков тип луѓе, и не ги разбирам тие што можат. Прво, опкружена сум со луѓе од овој тип: Само што ќе започнеш разговор, те прекинува и ти вели: „А јас...!?“ И почнува да зборува за себе.
    И секоја тема се претвора во тоа.
    Дури и темата за временските услови.
    -Еј знаеш што? Од утре ќе врне цела недела.
    *Навистина?
    -Да, читав вчера на...
    *А јас пак што читав вчера... па следува драматична пауза за да прашаш „Што“? |( И да не прашаш, сам си продолжува.

    Во друг случај пак, ако ги интересира нешто за тебе, ќе те пукнат од прашања без никаков срам, се додека не го добијат тоа што ги интересира.

    И нема надеж за овие луѓе дека ќе се поправат. Всушност, има. Да најдеш некој ист таков и да ги споиш. И да си заминеш.
    To be continued...
     
    На bittersweet, SparkyAngel, ku4ence и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Чао Мај....Добредојде Јунииии :inlove:
    Немој само и ти да претеруваш ко Мај и Април и многу други. Биди добар , биди топол , биди надеш за сите, биди нов почеток , биди среќа биди Љубов...

    Последните неколку месеци ништо посебно не ми донесоа, ништо така посебно не се случи но за разлика од тебе каде што очекувам многу од тебе и од твоите следни пријателчиња.
    Денеска е први , но недела е , утре сме вторник и е понеделник па така да јас понеделнички влегувам во нова епоха од мојот живот , и утре ке си го сметам како пак да сме први , но кога подобро ке размислам па 2 ми е среќен број па така да нека си иде се по редослед.
    Од утре ке ми се случува нешто ново , нешшто непознато а убаво за мене , нов успех и нови почетоци. Баш сум среќќна што сум на нај раниот почеток од некоја работа што значи дека пред мене е целото време за да почнам да успевам , за се докажувам , да се борам и на крај да си заслужам нешто добро.
    Од почеток сакам озбилно да си ја сватам работава за да подоцна не си велам сама на себе дека имав шанса а не успеав...

    10 Јуно знам дека ке израдуваш многу дечиња, сите со душа те чекаат...Ако не грешам можеби си и нај спомнуван и нај сакан месец кај помалите и кај тинејџерите, знам по самата себе некогаш и јас само Јуни го зборев по цела година, иако за жал денеска ништо не ми значи тој датум на мене но се радувам и јас за сите деца кои конечно најпосле ке се одморат. Искрено мене со почетокот на месецот веке ми е почнато и летото, не се водам јас според датуми туку си се ориентирам според месеци Јуни е лето веке неморам да чекам онаму 21 за да почне, кај мене веке почна од денеска.
    Од овој Јуни веке имам и уште поголема причина да го сакам. Овој Јуни , овој единствен Јуни во сите години ке го паметам засекогаш , ми даде шанса ми даде надеж и затоа Јуни 2014 ке биде засекогаш посебен за мене.
    А веќе наредниот месец мојот роденден , па на мајками и се така по ред. А веќе по наредниот месец осечкувам да се случи и уште една нај важна работа во мојот живот. Она што само еден пат се прави во животот....
    Мои летни месеци толку убави зборови изнакажав за вас па дајте немојте да ме разочарате. Бидете добри колку што добро зборувам со вас....
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      8,5 KB
      Прегледи:
      307
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.939
    Допаѓања:
    110.280
    Пол:
    Женски
    Големите работи започнуваат со мали нешта, нешта како добар хороскоп, нова фризура прв пат, малку дружење со старите добри другари од средно, нова и интересна авантура, нова фризура втор пат, убави зборови на ФБ, искрена и многу драга порака во Инбокс овде на Фемина.... Зар е малку сево ова за еден викенд? Ма неее.... супер е, прекрасно е, одлично е.... И сето тоа за само два-три дена, дефинитивно мислам дека ѕвездите се смилуваа над мојата судбина. Направив мали промени за големи работи, се надевам дека наскоро и ќе започнат да се случуваат. Дотогаш Балашевич си игра со моите сетила, Гијом Мисо со мислите и чајот од ѓумбир и цимет со моите ноздри официјално го прогласувам за викендов за најдобар викенд во годинава.
    И да не биде дека не сум во мода, Јуни, добредојде, со нетрпение те очекував. Конечно без грижа на совест ќе ги облечам сите летни лелеави фустани и проѕирни кошули, на глава новиот сламен шешир и летото можам да го прогласам за мое.
    Ајде судбино биди добра уште малку, убеди ги ѕвездите дека вреди да ни се наместат во наша корист уште еднаш или два пати, да ја прогласиме годинава за наша и да се радуваме на летово вистински. Го сакам летото, но уште повеќе ќе го сакам во едно наше гнездо и со заоблено стомаче, одлично ќе си стоиме, јас, нашата куќа и стомачето :D
     
    На bittersweet, anuskaNESTLE, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... има многу по комплицирани и потешки животни испити и ситуации од тоа така наречено екстерно испитување. :geek: , |(

    СДК ... ни на сон не можев да претпоставам како ќе се одвива животната приказна на моите најблиски и на мене ... Никогаш не помислував дека еден ден баш тие светски дестинации ќе ни бидат како втора куќа.
    Животов приредува интересни и неочекувани епизоди. :)

    Филинг ^_^
     
    На bittersweet, kala21, ozbilnazena и 2 други им се допаѓа ова.
  11. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Κатегоρија обρазование во монентов ρуши ρеκоρди κао на flappy bird :D
     
    На Lella, sweet-star и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  12. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Добро што е проблемот со луѓево ?!?!?!
    Не екстерното не е глупост и не е мала работа !! Ако имате по 25-26-27 години и не ве допира тоа место да хејтате тука преќутете си . Нас ни значи и ни е битна работа и ќе напињаме , добро ? -.-
    Ако бараме одговори на прашањата не значи дека сме мрзи, затоа што и вака и така треба да седнеме да ги научиме одговорите. Со тоа што ни ги дале, не ни го решиле тестот. И што е проблемот во тоа ако си помагаме ?????
    Секако дека има постресни работи, секако дека факултетот е потежок од екстерново или од матурата, секако дека во животот ќе се сретнуваме со потешки ситуации , но во моментот ова е битно и е стресно.
    Исто важи и за хејтањето на матурантите. Ниедна од вас кога полагала матура сигурно не била ладнокрвна, така да нека се потресуваат до кога сакаат нивна работа си е.
    Аман !!
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Lella, Sanjichka007 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    И сестра ми и брат ми полагаат,па досега им барав одговори и самата им ги решавав и им праќав по мејлови и триста чуда .Искрено,мене ме нервира што сите бараат одговори,а тие што имаат не ги даваат и бараат размена.
    Па кога веќе ги имаат напишано,што ги чини да ги стават на темата,туку само прашуваат,има едно 100 души што се зачленети специјално за темата :D

    А за тоа дека овие екстерните полагања се најголемата глупост во образованието, прашањата се бесмислени и голем дел ги немаат одговорите во материјалот,нема потреба од дискусија :x
     
    На sweet-star и Lella им се допаѓа ова.
  14. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден ги прелистував старите тетратки за писмена и во очи ми падна една со наслов „Личност на која не сакам да наликувам“. Љубопитно почнав да ја читам и всушност сум пишувала дека не сакам да наликувам на еден лик од лектира кој беше крадец. Тогаш веројатно само тоа ми текнало, но денес би пишувала нешто поинаку:
    Секојдневно човекот среќава многу луѓе, секои имаат слични и различни особини на нас. Пред некој ден кога бев до продавница го затекнав синот на комшиката како чека пред врата да му отворат. Кога се вратив од продавница сеуште си стоеше и чекаше, а мајка му се дереше дека не можела да ги најде клучевите. Тогаш низ глава ми прелета мислам дека и јас често ги губам клучевите, дали и јас сакам да бидам таква кога ќе пораснам. Потоа бевме на гости кај тетка ми и нешто се инаетеа со баба ми, па ми текнува дека и јас сум голем инает ама не сакам да бидам таква кога ќе пораснам. Или за комшивката која на 15 години уште си играше пред зграда, а на 18 се омажи. Гледајки ги сите луѓе кои секојдневно ги среќавам сфаќам дека сите имаме барем по некоја лоша заедничка особина, но ние сме луѓе иако имаме нешто лошо заедничко, секој си е посебна личност со единствени размислувања и вредности. :hai:
     
  15. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.242
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека утрешниот ден ќе биде ист како 27ми Мај 2013. :) Тоа беше еден од оние денови за кои вреди да се живее.
     
  16. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Тоа што некои се себични е сосема друга работа.
    Тргнувам лично од мене ,дел од прашањата ги имам одговорено ама има и теми кои ги нема во учебник воопшто нормално дека ќе барам помош. Ужасно организирано им е ова.
    Мене ме нервираат такви што немаат допир со екстерново , а само мрчат како сме замарале. Екстерното влијае на успех, како да не ни е битно ?
     
  17. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Јас потполно ги разбирам пушачите.
    Вчера другарката ми вика: „ај до надвор да ме дружиш на цигара“ и ај што ја дружев стојќи, ми се напраи мерак за некое димче и ме части оваа една деветнаестина од кутијата.
    Пафкаме таму и оп гледаш доаѓаат двајца младичи, скоцкани, парфемирани, шармантини абе шта да ти причам... да позајмат упаљач. Паѓаат муабети за времето, судбината на пушачите да чмаат надвор, музиката... Фини дечки ;).
    Добро е што освен на фб мажите пристапуваат и во други пригоди. Ако веќе се трујам има и бенефит. А да ви кажам пре би да се катраносувам со муабет очи в очи, отколку да фантазирам за нечии слики и глас што никад не сум го чула и при тоа да искривам кичма или да закачам диоптер. Ете, јас сум од тие што ја величат физиката, а не виртуелноста. :smoke:
    Пу! Како што пишувам, сфаќам дека ова флертов денешно време испадна дека скапо кошта...
    Муабетот ми беше, порано размислував поинаку, ама факт е дека буквално сé, си има своја убавина, па дури и пороците :wasntme: .
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.417
    Допаѓања:
    16.830
    Не верувам во она “ Пропуштени прилики“,некои можеби сме ги пропуштиле од страв за непознатото,конфузни од прашањето “ Што ќе биди ако замине кон лошо?“, “ Зошто мене ова ми се случува,“Незнам како да реагирам?“,“Дали правилно постапувам?“ и ред други прашања....

    Верувам во Господ,верувам во наредни прилики,верувам дека иако сме му ги растуриле коцките кои ги редел за нас од страв да не биде лошо,ќе ни прости и ќе ги врати пак по негово.

    ВЕРУВАМ ВО ПОКЛОПЕНИ КОЦКИ !
    Believe in impossible !

    Имајте убава вечер :* и извинете за филозофииве мој !
     
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.843
    Допаѓања:
    101.452
    Пол:
    Женски
    Се облекуваш во склад со времево,дома го средуваш маж ти да излезеш,фаќаш дискретна позиција за уживање,(да не те приметуваат колку си во години),се спремаш со другарка ти да оживите спомени од младоста,кога на мото журка ти ја пуштаат Мајли и Цеца.
    Priceless :|
     
    На bittersweet, WarriorAngel, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Златна земи учи тогаш, не го тупи по форуми! Си видела некој што има сесија да тупи по форум и замара? И нормално дека сега ќе ви гори под нозе, некои работи се учат на време неможеш за месец дена да совладаш материјал од 4 години. Глупо е да си ги одговарате прашањата, подобро земи прочитај ја цела граматика и литература по Македонски одколку да бубаш прашања на памет.
    Ние ќе ќутиме коа вие ќе прекинете да замарате по форуми со тоа ваше екстерно, не сте ни први ни последни што полагале така да олабавете, наместо тоа седете и учете. Ако толку многу ти беше битно немаше да читаш тука 10 страни претходно кој што мрчел за екстерното.
     
    На gingerchild, SparkyAngel, kala21 и 5 други им се допаѓа ова.