Ова машкиве се поише и поише ме разочаруваат..добро бе од што ти е криво што не ме легна муабети ли ќе ми вадиш бе..Леле бе дојди во лице кажи ми што имаш па ќе одиш нашминкан дома кај мама.Копук еден мрш.
Од среќа и задоволство на сама себе си го подразбирам и оној момент кога ќе ги исперам завесите со омекнувач, ќе изџогирам со убаво сретство што мириса на цвеќе, ќе наместам лила постелнина, ќе отворам џам да ѕирка сонцето.. ќе средам се и ќе се облечам убава и штотоку испрана облека.. Го сакам мирисот на чисто во домот
Сдк: Влагаш во автобус тазе бањата испарфемисана и со затнат нос.Искачаш со одзатнат нос и реа од кромид Убаво да ми тргне неделата!
СДК интересно е кога професор на факултет ќе пушти список за потпишување и пенкало, кое е рекламен материјал од политичка партија. Или кога професор ти дава да преведеш десетина страни за плус поени, и очекуваш материјал поврзан со факултетот што си го избрал, а добиваш материјал за политичка кампања.
Се надeвам дека еден ден нашиов народ ќе еволуира до тој степен, да не пронаоѓа херои во политичари и воени злосторници. Погледнете подобро околу себе, ги има меѓу вас, а не над вас.
Сдк дека ги мразам од дното на душата оние кои малтретираат невини животни и им посакувам се најлошо. Монструми низаедни.
Сдк, си манијачам по аеродромите да најдам некое симпатично машко на изглед барем нешто слично ко овој. Многу сакам мажи со мазно лице, не сакам брада , сакам да е мазен да не ме боцка. Треба да е висок и да не пуши цигари. Ххахахаха ако најдам некој ваков по светот ќе пишам обавезно Ах да, ми текна, може по професија и рибар да биде , јадам јас риби сосе коски. Ај сега да се спуштам на земја со моите високи очекувања оти шансите да налетам на некој ваков се минимални.
Неизбежно наслушнат (гласен) муабет во ЈСП: две средовечни жени оговараат и зборат за 25+ годишен син на некоја трета познаничка дека е магистриран, активен во невладини организации, ја прошетал пола Европа, паметен, културен и сè тоа - ама загрижено заклучуваат дека џабе му е сè оти уште нема абер од официјална врска со некоја девојка, па може дури и да е обратен... Путуј Европо, не чекај на нас...
Моите авантури со бубачките (а sequel): Зборам на телефон и како и обично несвесно чепкам нешто. Дури откако исклучив сфатив дека со пенкало сум буткала бубачка постојано. Ни крива ни должна морала да ме трпи како ја превртувам наопаку и ја носам натаму-наваму. Можеби дури и спиела. Извини Билјана, знам дека ние луѓето сме чудни некогаш.
СДК Понеделник, тоа ти е фактички два работни дена во еден. Само кажувам. Затоа пак работната недела очекувам да ми заврши во четврток. Фуј
Денес мојот сон стана реалност. Машините денес за прв пат завртија. Денес е нов почеток. Нека биде аирлија. Сама на себе си посакувам многу успеси и многу клиенти. Не можам да ја опишам среќата и возбудата во мене. Се работи за мал сооствен бизнис, но за мене е огромен чекор. Чекор кон иднината, чекор кон успехот, чекор кон среќата. Се чувствувам благословено што ова стана реалност и што наидов на голема поддршка од доста луѓе околу мене. Тешко ќе е, напорно ќе е, но мое е. Ќе дадам се од себе да прерасне во нешто големо.
Среќа.. Среќа кога дома мириса на тазе печени кифлички штотоку извадени од рерна додека другите се печеа собата ја стоплуваше рерната а надвор дожд и свежо време.. се замаглија прозорите.. Си облековме дебели чорапи и пижами и така се врткавме наоколу За прв пат го осетив она вистинското од порано што беше, па ми навреа спомени.. Дожд, ладно а јас стандарт се маткам по кујна со теста Идила бе!!! Односно ми е поим за хармонија и семејство се ова, мир.. спокој.. Одамна не го бев доживеала па може и повеќе од пола година. Не сум била јас за лето.. Си купив какао, краш, тиква, ореви и јатки, имам и мед, дебели пижами и чорапи, по некој шал .. Ова ме исполнува!! Ова ме прави среќна!!