Не знам за вас, ама мене некако во последно време пак ми е мерак да се уклучам на Феминава како некогаш. Конечно ми заличува повторно на оној форум што и ме привлече да се зачленам - safe place за искажување чувства, дружење, open-minded луѓе... со мали исклучоци со глупости што можат да се игнорираат. И баш ми е мило заради тоа. *смајли што чука од дрво да не урочи/повика некои ликови да се вратат *
-Ништо не ни е... -Не ни влијаат никако климатските промени... -Глобалното затоплување е мит... Кажете им го ова на генерациите кои ќе живеат после 100 години од сега. 'Благодарни' ќе ви бидат!
Ги знаете оние луѓе што со цело срце и душа чекаат да им се случи нешто грдо на нивните најсакани другарки/другари/роднини/љубови?! Е, и ја ги знам. ))
Гледам Сител и слушам: Заминувањето од Македонија не е гаранција за успех. Се согласувам со оваа мисла.
Огласиве за работа се депримирачки до степен кај што ти доаѓа буквално да се откажеш од живот. Од критериумие што ги бараат, до условите и платата што ги нудат. А можам тек да замислам што се' е преќутено. Ебено робовладетелство. Се' што сакам е да работам од понеделник до петок, прва смена. Да не морам цела смена на нозе да ја поминувам буквално секој работен ден. Да не ме болат колената и грбот од работата. Да не се претворам во костур од физичката работа. Да не добивам нервни сломови од муштериите. Да не бидам ебан октопод зошто намерно не вработуваат луѓе за да можат тебе да те исцицаат максимум за најмалце пари. Нема достоинство во работењето у Македонијава... Како имаат среќа бе некои луѓе да си најдат нормална работа што нема да им создава самоубиствени мисли секој ден кога ќе се будат... Смачено ми е претерано многу, немам волја да живеам за себе, а не па ли да создавам фамилија и да треба за друг. За жал, нема секој среќа да ги доживее сите убавини што животот може да ги пружи.
Она кога знаеш дека ништо не ти фали ама сепак си сјебан на некаков начин,кај мене се родителите што цел живот се караат,никогаш во ништо не се согласувале и после мајками ми прави филмови дека бракот им цвета,дека таткоми не пиел,не се коцкал како само тие да се причините за нефункционален брак,јако сме сјебани и јас и братми значи сосема различни карактери се,мајками цел живот му оди контра,таткоми цел живот се дере за нешто,мајками е пасивно-агресивна,ладна особа што не ме гушнала од бебе и не ти дава простор ни доверба да се довериш а потоа се дере дека ништо не сум и кажувала,цел живот сите се подобри од мене,цееел божји живот она прави споредби,толку негативна особа расположена е само кога оговара некој,секогаш некој и е крив и не чини,и самата како да не е созреана па не знае ништо и никој да процени,има прееголеми очекувања и експерт за наоѓање маани,и сфатив дека нејзиното воспитување ме зафркнало како особа,дека нејзините споредби ме направија цел живот со нула самодоверба. Порано мислев дека татко ми е лош што се дере ама сфаќам дека за некои работи имал право,он е многу со пошироки гледишта,пообразован човек,почитуван. Мајката не е само за да чисти и готви,за мајка треба многу повеќе ама за жал сите тоа неможеме да го доживееме,им завидувам на тие што имаат близок однос и разбирање со мајките.
Прашање:“Зошто вегетаријанките молчат за време на секс?“ Одговор: “Тие се во состојба на шок дека едно парче месо може да им даде толкаво задоволство“ Што сакав да кажам? Аааааа, ми текна. Од вечерва почнува со емитување на една од најголемите ретардации во регионот „Задруга“. Верувам дека со просечното ниво на интелегенција од 80 IQ на македонската популација ќе не спуштат на некои 50 IQ за многу кратко време.
Koe godisno doba e? Leto bese, pa padna sneg, ama listovite ne padnaa. Snegot se topi I slednite 2 nedeli ke bide od 16-19 stepeni, listovite ke pagaat. Sto doaga posle esen? Verojatno sobiranje listovi I toa sekoj den dodeka ne ti se smaci od esenta I pozelis bilo sto samo ne leto. Ubav den da se osvoi nekoja planina. Otidov jas dodeka uslovite se idealni
До година на истиов датум побројни да бидете батенце мој ,од срце ви посакувам,а знам дека Господ и овај пат ќе ни ги исполни желбите.Слава му!!!
Читател на јутуб. 1. Отвара видео кое трае 7 минути и сака да го гледа 2. Го паузира автоматското пуштање на видеото за прво да прочита коментари 3. После 20 минути застанува зачуден и сфаќа дека потрошил многу време наместо да го гледа видеото. 4. Конечно го гледа видеото. 5. Пак чита коментари = за 7 мин видео троши 30 минути у просек.
Ако сакате совршен маж, родете си го. И , само здравје другото се ке биде, се две клише реченици но најголемите факти.
Гледајќи по интернетов од саемот за мебел, добив впечаток дека било симпозиум на абдоминални хрирузи или гастроентерохепатолози. Па толку муабет за столици у живот не се направиле. Кога ќе научат дека столица е кака, а столче е столче?! Карес за столчињата кои чинат како еден солиден бубрег на пример се истакнал дека се продавница за буржуи, ама затоа се убија од продавање столици. Не фала. Сакам да им пишам, а столицава ретка е или? А линекс сте пробале?
Она кога се чудиш како чистиш постојано, а собата постојано успева да се напраи лом, поготово тепихот, а после се гледаш себеси како носиш храна до лаптопот. Па по деструктивно одамна не сум се осетила.
Има така некои денови во кои треба да постапиш и одреагираш сосема спротивно на сите свои убедувања и на сето она што си ти - оти така мора. Денес е таков ден.
Понеделнички на состанок со моето алтер его се договоривме дека оваа работна недела ќе ја посветиме на безделничење. Значи закон сум а закони се почитуваат. Нормално !