Може требало фино културно да си ископа гроб и да си легне внатре, никој да не се потреси. Стварно без осет ова самоубијциве.
Сакав да кажам, а заборавив. Еве сега, СДК, Како за личности кои тврдат дека не оговараат, многу големи алапачи сте.
Денес на пауза меѓу предавања, излегов со колешка до маркет. Застанувајќи на каса ги забележав чоколатцата Животинско царство и бидејќи ме потсетија на детството, си купив. Се враќам на факултет и го отворам чоколадото. Ме забележува една колешка и со потсмев ми вели: „Леле, и ти ко децана. Што чоколадо јадеш“. Во прв момент ми идеше да и' вратам затоа што деновиве и онака ми иде некако премногу молчење на секој што треба и не треба, ама па кога размислив дека таа го има изгубено најубавиот дел од себе, ми падна жалче и си продолжив да јадам без грижа Бај д веј ми падна слика со слонче, па ќе донесе некоја среќа деновиве валда
Како нема некој паметен да се најде да воведе инспекција на факултетите или што било за сета ''реалност'' на оценувањето и односот на проф/асистенти итн спрема студентите да излезе на виделина.... и така, се запиша сестра му на проф и дипломира за една година со 10ки Другарка што не знае 9 +5 статистика положи со 9, бидејќи со 10 е апла сомнително хе хе хе... Воопшто не ми е криво ниту пак се замарам, секој си учи за себе, али ово нема ни у београду Да живее фејк високото образование
Си играм денес со едно мало дете и ставам рака на уво и викам Ѕрррр, а тоа ме гледа малку чудно, па се сетив, Ѕрррр е од минатот милениум, сега треба да ставам раката на уво и да пеам Донт ју гив ап, на-на-на, ај вонт гив ап, на-на-на, лет ми лав ју...
И ова ќе помине И вчера помина И утре ќе помине Лузните ќе останат засекогаш Траумите оставаат лузни Еден ден ќе испливаат на површина.не сакам да бидам присутна тогаш.НЕ САКАМ!!! Оклопот е ставен околу мене Никој нема да го пробие Ништо веќе не е исто Сакам,но ништо не се променува Нема ни да се трудам Нека останат лузните,нека се врежат!!!
Единствено нешто поиритантно од говор на омраза, е кога затворени умови подложни на истиот - зборуваат за љубов, мир и толеранција (само во нивните (тесни) граници на умствено разбирање на овие поими). Како што би урлал оној од The Office - ноу гад, плиз ноу, ноууу...
СДК дека е лесно да се суди за постапките на другите. Лесно е да се напаѓаат оние кои се обиделе да си го скратат животот или оние кои успеале во тоа.Лесно е да се каже дека се или биле слабаци,големи кукавици што бесчувствително се раскрвариле пред минувачи. Лесно е да се коментира за друг. А,што ако тоа го направи вашето дете,вашиот брат или вашата сестра или друг некој кој ви е најблизок и најсакан? Тогаш ќе боли.Озборувањата на околината нема да се фер,ќе печат. Човек во тој тежок момент не мисли на луѓето околу него и не може да мисли.Болката е преголема и срцето крвари.Смртта е милост,а животот суровост. И не се тие очајници виновни.Виновна е околината која им го направила животот најголем пекол.
Дел од постовите се избришани. И да сакав да редактирам и коригирам, не беше возможно. Цитирања и отварање тема во тема не е потребно. Доколку сметате дека има потреба да се цитира и да се дискутира за нешто, повелете-отворете тема Ви се извинувам за избришаните постови, и Ве замолувам да не се ,,расправаме,, беспотребно
Гледајте го документарецов.. Ако имате сила саат и пол да слушате и гледате приказни за луѓе кои се самоубиле или се обиделе да се самоубијат... Мачен е многу. The Bridge п.с. Не го префрлајте на тема 'Самоубиство', зошто таму читаат суицидални. А за нив не е документарецов.
Сакам и јас да се пакувам и да одам сега со него. Пак разделени, прва година во брак, а треба сите убави фамилијарни празници да ги поминам сама. Знам дека оди поради мене и ради нас, ама тешко ми е, посакував да имавме услови и убав живот тука и да не мора постојано да се делиме од некој, да ни недостига некој и еден дел од душата постојано да да те боли за некој, а секогаш ќе го има тој/таа некој кога си во странство или близок ти е во странство.
Единаесет години потоа , сеуште исти чувства ме обземаат кога ги слушам твоите стихови . Сеуште не ми се верува дека те нема .. Животот продолжува понатаму , но за жал ништо не е исто веќе ...
СДК , ти му викаш господине дозволено ви е 8 кг рачен багаж со Пегасус он вика, еве бомбони почастете се со колешка ти ама дозволи ми 3 кг повеќе да однесам за Истанбул. Или друга честа ситуација : двајца букирале тикети и идат да го чекираат багажот и сега од човек им пишува 20кг тежина на куферот и за двајцата вкупно 40 кг. Двата куфери тежат многу повеќе од тоа и му викаш, господине извадете од куферите и носете како рачен багаж , вадат шо вадат и едниот го направил 18 кг куферот што е во ред, а другиот 22 кг и ми викаат, ама ние можеме да носеме 40 кг таман е сега. Не господине, по куфер 20 кг, ајде фино лепо префрлете додатно во другиот куфер да израмите по 20кг или да ви дадам белешка да идете да доплатете за додатна килажа. Се врти нервозен едниот и ми вика, еве ти ма 100 евра и остај ми ги куферите на раат не можам да вадам имам битни работи внатре. СДК , трепение Херера душо , остани смирена жити се, а што не си јадела цел ден никој те нема прашано