Навистина интересен психолошки феномен сме..само за јадење бубрези.. браво Македонија, браво мој совесен народе....на 6 место по ред сме како најзагаден град во светот.....браво
Бaбе мoри, не си вo пoчетoк нa сексуaлните и љубoвните искуствa пa дa си слепa зa се oкoлу себе и рoзевo дa ти се гледa ѓубретo пo улицa и прaшинaтa штo се диши И oвие стaтистики светски штo вoдaт кoјзнaе вo кaкви друштвa се зaбегaни...
Сакам да кажам дека мирот е преценет, во идеални ситуации животот би ни бил досаден. Са тумачете дал сум иронична или не, јбг. Сакам да кажам дека ПМС ме нема толку дрмано цел живот. Сите ми јадат колачињата шо напрајв, само јас гнетев Магнус смоки. А, тренерот мислеше ќе ме мајтапи дека сум јадела то шо сум готвела, ама ај да видам дал ќе дознај за смоките? Сакам да кажам дека никогаш претходно не сум имала толкава желба за учење. Сакам да кажам утре треба да ми дојди, а имам предавање и ако отсуствувам немам право на колоквиум. #yeyme
Седам,блеам пред телевизор,па пред компјутер,мачорот до мене си преде. Мајка ми ми вика дека во иднина ужасна снаа ќе сум била. Јаа...,кај знаеш мамичке? Сега сум сама и си уживам во младоста.Ако се омажам,секако дека и на родителите на сопругот ќе им помагам,но не планирам да изигрувам нечија слугинка! Ама,ич!
Револт во мене и нервоза од оваа фирма и газди...ми се смачи ,одвратни сте Не правите како роботи па уште и се посмевате на нас,ние ако не сме ќе пропаднете гнасотии Му работиш прекувремено ни денар плус не ти плаќа ...безобразие и безчуствителнот. Уште и ти се смее во фаца кога ќе му речеш да ти плати прекувремени...немам коментар. Господ гледа ....
Хартија трпи се' Спојлер Поточно тоалетна хартија трпи се'. Ѓубре си е ѓубре и празно и полно исто си е.
сдк ми се јаде од оние огромните еклери на шарлота. И има на плоштадот журка и има еклери. ама умор левел седи си дома а и ако се бесплатни сигурно не останал ниеден. ај друг ден..
Некои личности треба почесто да ја посетуваат темата Испукајте се. Сериозно, помага. Обидете се И btw:
СДК 1 - Има ли воопшто закон кај нас колку пати неделно или месечно смее да има протести? Зошто стварно е претеризам и безобразно секој ден да е Скопје блокирано и да не може човек дома да си стигне. Пред некој ден се симнав кај Театар Комедија и едно девојче ја одведов до Рекорд бидејќи требало да се симне таму, како мене, ама автобусот сврте и отиде у...ај да не кажам. Мислам мора да се стави некаков ред со ова. СДК 2 - Немам ништо против муслиманите, да се разбереме. Ама не мора пеењето oд џамиите да е пуштено на звучник, и тоа во близина на факултет. На предавање си, одеднаш почнува да ечи, не можеш ништо да слушаш. Уште полошо на сред полагање да ти запее. Сметам дека и за ова би требало да има некое правило.
Либерален човек не мора нужно да клима со глава на секое спротивно мислење од неговото, само затоа што ете е либерален. Суштината на либералноста е толеранција на различните идеи, ставови, размислувања и начин на живот. Али и тука треба да постои некоја граница. Самата либералност ја губи својата смисла ако се толерира идеологија или човек кој отворено промовира омраза и сегрегација на поразличните, и сето тоа во име на љубов према бог и татковината. Спојлер: ЕВАНГЕЛОС КОГА ВЕЛАМ НА РАЗЛИЧНИТЕ НЕ МИСЛАМ ИСКЛУЧИВО НА ЛГБТ !!!111111
Се се случува со причина. На крај причината излегува веродостојна и убава, за арно што би рекле Понекогаш сите ние доживуваме некоја виша сила од некаде за да направеме малку непромислени постапки што не сме верувале дека ги можеме, па потоа следува период кога сме загубени сами со себе, се прашуваме зошто и зошто мора да биде толку лошо.. На крај сваќаме уствари дека таа причина била уствари за друга, а дека ако не сме пробале нешто немало да знаеме дали ќе ни било подобро или полошо. За полошото ќе дојде решение, мора да дојде, ама за убавото?! И крај си велиш сам себе Ете ја причинита за која што си се истрескал така добро од земја Од искуство знам дека вреди да ризикуваме и да дадеме шанса да нешто подобро!!! Борбените луѓе секогаш успеваат!