Cheat Friday Гледам сите за Black Friday зборите па да се надоврзам.. Отидов вчера до Сити мол со другарка да земе нешто, битно беше не беше битен попустот.Абе кој ѓавол ме натера да влезам не ми е јасно дур да се качам во Бершка веќе се цедеше пот од мене. Пола Македонија (да не продолжувам) дошле да фатат ,,попусти”.Кои попусти бе луѓе на другаркава и пресметаа попуст СТО ДЕНАРИ.Хелооу кого лажете? Газат по алишта, се буткаат, шутираат.Дошле со бебиња вриштат, плачат.Кузнае од кај све немаше луѓе.Што како не им се сфиѓа фрли на земја Некој тоа треба да го проба после тебе пријател..се буткаат на ред за каса.. Стварно лошо го доживуваме Black Friday кај нас.Се јавил бидејќи за време на Големата Криза во САД имало вишок производи а мала побарувачка.Што толку се напалил народов не ми е јасно, па не е последно парче мајко му стара. Некултура на нивоу. Среќа купи девојчево тоа што требаше па фативме магла..
Тоа е само доказ дека македончето(намерно со мала) е просто(не сум јас паметен да судам),генерално тоа е...овца за стрижење,а додека не има ќе има и волна..и кој како сака така ќе не игра.Ние само си лаеме а караванот си врви.Првите 100 години се тешки после се навикнува човек.
Попуст од 10% и 20% не е јак попуст. Ама и оние што нудат попуст од 50%,а некои и повеќе,не се чесни. Една цена врз друга лепена... Жив Срам... Ама,народ ко народ пак ќе се прелаже.
Маж" блек фрајдеј" у Немачка фатил ама во медиа маркт пишува ред фрајдеј. И доста се исплати тоа што зел со попуст.
Не ми се верува дека луѓево креваат толкава врева за некој си Black Friday а до вчера 80% од нив не знаеа што е тоа Само колку ли се вратија од шопинг со пазни раце
Што одете далеку, пакистанците во некст лани уште во 6 сабајле влегле насбрале се низ рафтовите и јас ги начекав после 3 часа седнати на влезна како фрлаат што не мислат да земат на подот а другото в кеса. 80% од робата на 70 %беше на земја дури ја собраа и наредија вечер фати.
Дпмне ќе излегле да протестираат за некои работи, меѓу нив и против загадувањето Досега 11 години не им сметаше и они немаа потреба да преземат нешто, иако земјава со години беше прогласувана за најзагадена, ама затоа сега почнало да ги гуши изгледа па преку глава им дошло Туку како ќе стојат по улици да протестираат кога е толку загадено надвор?
СДК: Сакам да искршам нешто или некој или било што.Само да извадам нервоза од мене.Сакам да се дерам на цел глас, сакам да им се дерам во фаца на сите што ми газат на нерви.Преку глава сте ми веќе не знам како да ви објаснам нервите ми ги тенчите ќе ми направите краток спој во мозоков па ќе се чешате кај што не треба.
Сторено пазарење за по дома и за украсување. Веро Џамбо погрд не ми се има видено. Истите тракаташки, а и прескапи со еден куп родители со колички кои ги земале само да ги возат децата. Маркетот полн со прашина. И капакот, идиот од жена со сипаници лабаво се прошета цела со течна пудра во место полно со деца. Добро со кој памет?! Ако чита - жено глупачо дали имаш памет? За промена Рамстор го збогатив. Годинава се надмашиле со украсите. Преубаво. Многу убав избор направиле годинава.
Дали е океј да ме теши фактот дека сите ќе умриме еднаш и дека ништо од ова нема да биди битно евентуално? Нихилистички, знам. Ама ме теши. Фактот дека еднаш нема да има поќе 150000 емоции и 24542325 мисли и 3543543 трауми да тежат на душава. Тишина. Мир. Крај. Еден ден.
Леле среќаааа Јас секогаш ги отварам што ми ги носат и ни лажиче не ми се паднало хаха Со другарка ти да си отидете еден викенд во некој спа центар со ноќевање да ја почастиш
Го добив најтешкиот удар во моите 17 години. Како стојам уште на нозе, како се смеам како дишам безгрижно..како уште не пуштив ниедна солза не ми е јасно.. Сум станала камен човек.Алал да ми е.. Душава ми се распаѓа, животот ми се распаѓа како кула од карти, ги повредив најблиските.Го одржав ветувањето кое го дадов многу одамна.Секој си го доби своето.И јас и они.Победник од биткава никој нема да е.Ама сите ќе искочиме со срушена доверба, без тронка љубов и почит. Почнуваме од нула.И играме додека јас не победам на било каков начин.Нема откажување.
Скролам во Што последно си купивте, јер ја сакам темата од љубопитната ми природа. Дм ќути и си гледа у свој лап топ,а го осеќам дека упорно гледа и во мојот подолго од вообичаено. Тишина. Се крши тишината со прашање. Шо тема ви е тоа? Објаснувам. Ти си ставила до сега слика? Викам не. А на овие мажите знаат дека ставаат слики? Викам од кај да знам. Подобро да не знаат. Слатко се изнасмеав. Мажи.