Една од подобрите работи кога ќе се разбудиш во ниедно време у среде ноќта е што, нема баш што да правиш па, можеш комотно да ги изгледаш сите безвезални видеа некогаш постирани на фејсбук. И во едно од тие видеа една црнкиња ви..pardon-moi НИ порача: „Перцепцијата на другите за вас не е ваш проблем“. Фук је!
сдк домот не е местото кај што живееш. Порано бре, едвај сум чекала дома да идам, па да си легнам на кревет, да пуштам гласна музика, некад да се умишљам дека сум на концерт, да си бидам јас! Сеа мојот нов дом го сменив скоро по моја мерка се, живеам тука година ипол ама џабе ми е, не го осеќам ова за мој дом, за мене е само место каде што живеам. Станот на моите е два пати помал но многу потопол, има некаков дух во него. Таму одам секогаш кога сакам да избегам од реалноста, а тоа е секој втор ден. Сакам повторно да се почувствувам дека идам дома, да брзам од работа за да се вратам, сега само наоѓам изговори што повеќе да сум надвор, а секое доаѓање дома ми е ''пак ли дое време за да се приберам''. Го немам мирот тука, не ги сакам овие луќе кои секојдневно исти работи зборат
Се сеќавате ли на шпанските серии,она кога некоја актерка од почеток е предобра после низа на околности и дешавки станува лоша,е јас станав таква бидејќи поради добрината и наивноста само лоши работи ми се дешаваа,незнам само што ќе излезе од ова,никој не знае со што се соочувам и што ми се дешава,немам личност што ќе ме разбере,во никој немам доверба во реалниот свет,зарем заслужив само лоши работи да ми се дешаваат,тоа што треба да се радувам мене ми се удира од глава и се поради превисоките очекувања од сите и заради еден погрешен избор светот ми се руши на глава,и што е најтрагично ниту сум направила нешто лошо,ништо,доста се жалев веќе..
Го опиша мојот живот. Исто и јас веќе многу долг период немам дом односно не го чуствивам местово кај што живеам за мој дом. Едноставно имам чуство дека не припаѓам тука. И јас се подолго се ангажирам да бидам надвор а кога треба да се вратам тука нозете сами се запираат и утробата ми се превртува.
Колку лошо ми тргна денот тоа е чудо.Полош ден одамна не сум имала... Се наполнив нервози од сабајле.
Сакам да кажам нешто. Направивме грешки. Правиме шема. Имаме години пред нас за исправање на грешките. Добро е кога може да се исправат. Се надевам ќе остане возможно. Одлуки. Дали ќе ја донесеме онаа вистинската и правилна? Многу сакам да кажам ама каша попара ми е во главата. Живот. Нека потрае. Нека има ред.
СДК дека секогаш кога ќе го прочитам насловот на темата "Како го облекувате вашето бебе", ми доаѓа да одговорам "Убаво"
Ми недостасува невиноста на животот. Запознавањето нови луѓе, спонатаноста, комуникацијата. Различните интереси. Безгрижноста , на свој начин. Понесеност од заљубување, верувам дека заборавив како е да сакаш. Мислам дека во целост се откажав, неповратно. На моменти како дофрлување, од некој таму ќе доживеам кратко дежа ву, на слаткоста да се биде во врска. Исчекувањето на повик, пеперутките во стомакот, нетрпението , припремите. Топлината на постелата навечер, друштвото за утринско кафе. Излегувањата во пар. Делењето оброци, Сега веќе не славам ни празници. Не ме обзема никаква празнична, новогодишна еуфорија. Јадам сама. Не излегувам како порано. Дрско и одбивно одговарам на поканите за флерт. Не се дружам со луѓето. Некое време самотија добро доаѓа . После станува манијакално психопатски. Отуѓено. Чиста позитива е што успеав со тоа што се оддалечив од негативни луѓе да се отуѓам од негативни влијанија и пороци. Активно се посветив на менталното здравје и духовно надоградување. Се натерав себеси да созреам. Не е невиноста, ми недостига радоста на животот. Ја немам почуствувано. Премногу се затворив во себе.
Мислам дека нема поскрвнарен град од сопствените жители како Куманово што е. Стигнаа до дереџе да крадат даски од клупите од паркот, јер грејна сезона. Гаден народ, гаден.
Ги гледам на фб панаѓурите за божиќ, мали ситни колибки на секој чекор долж низ улиците, знаете, во онаа магијата за божиќ, сијалички, елки, снег, сншковци, дедо мразовци, додека пак прекривките и чершавите им се оние на коцки црвено со бело, стуткани сите со шалови, капи и ракавици се грејат покрај малите огнови со чаша топол чај или вино и си прават муабет, се смеат и од далеку се забележува сета онаа љубозеност и задоволност во сите нив, задоволност од љубов, прјателство и убав лаф муабет онака тивок, без никакви нервози и задкулисани игри.. Вкусуваат парчиња пршута, кашкавал, разно разни специјалитети и чоколади. Додека децата се возат низ возчињата, количките и вртелешките баш оние божиќните Од страна планините, елките и борјата и снегот го прават финалниот изглед за еден совршено поминат викенд. Викенд со фмилијата, со пријателите. Викенд на поларните температури облеани со внатрешната топлина во сите нас.
Сами си се канат тоа е проблемот Јас немам ни деца ни играчки за да ги занимавам нејзините деца, па затоа тие сами се наоѓаат забава Сигурно нема на кого да ги остави децата па ги носи со неа, ама подобро би било да ги прошета кај пријателка со деца, или до игротека/парк/трговски центар отколку да оди кај што би им било досадно на децата па тие узбуни да прават. Секогаш викам дека не се криви децата, ама премногу криво ќе ми беше ако ми го земеше тоа предметче...Никогаш немаше сама на себе да си простам кога би го изгубила. Огромна среќа што го видов. Туку, се додека на депресијата се гледа како нешто срамно и страшно, ништо не правиме. Човек дал отказ од работа и постојано седел дома затворен, тоа смешно и чудно е? Па човекот треба под итно да се носи во болица на разговор кај психијатар и да му се помогне пред да направи нешто, а не со потсмев да се гледа дека пропаднал во животот. Има и жена и деца возрасни, ама очигледно не му се замараат толку. Порано газда бил, а сега од дома не излегувал хехе...Абе да ви се плукнам во малограѓанштината и во сељачките муабети. Тешко на тие проблем што си имаат, а на никој околу нив не му е гајле. Богати, сиромашни, здрави, млади, стари...депресијата не гледа и не бира.
СДК , обожавам машки парфеми............. во случај кога сретнам некој среден маж па згора на се и намирисан, аууу човече оргазам
Љубов е кога дечко ти не е трпелив за тестерот, па те тренира тебе да му бидеш тестер. Па сега освен што му тестираш живци, екшуали тестираш и корисни ствари. И заебанцијата е што пред да ми ја "даде работата" ме тестираше ко на регулар интервју за работа. ЦиркуС. Каде со волку лудост и љубов еве не знам.
@x.Daisy.x Ти само уплати, јас одма ќе дојдам После толку венци китења и бонбончиња у црква и погачи месење и гости китење и под перница китенки и прво парче торта и бидермаер и све за немажените и неженетите...уште сум немажена. Не ви чинат маЃиите да ви кажам!