Си грицкаш сончоголед лагано, си ја полниш устата со семчиња, не сакаш едно по едно да ги јадеш, и наеднаш загризуваш батишана семка и плукаш све. Пола часовен труд за ништо. Ах животе
Ретко, скоро никогаш не зборувам против машкиот пол. Ама денес... Преку глава ми дојде! 3... 2... 1... Да ви се плукнам во тоа гените себични! Во глупата потреба да се зјапа во секое деколте, секој задник, секое делче што е само женско. Да ви се плукнам во мозокот расипан и оптеретен од тоа колку сте легнале, со колку жена ви легнала, колку погледи сте добиле од некоја - било каква, битно на женска да личи... Тогаш не е важно дали е домаќинка, дали е невина, дали е верна, дали е добра, дали има 3 чисти во главата... Не! Важно е долниот Господин да е задоволен. Да ви се плукнам во себичноста! Да, СЕБИЧНИ сте! На крајот од денот, секогаш се потврдило тоа. А жена ви??! Ауу, таа мора да е поштена, учтива, верна, добра, да знае (и да се нафати) да готви, пере, чисти, чува деца, а притоа да биде насмеана, ведра, расположена, да ве сака до небо и назад, да се откаже од кариера за да има кој за семејството деноноќно да се грижи... И нормално, кога тој ќе си дојде од работа, таа мора да блеска! Згодна да е, нашминкана да е, депилирана, со дотерана коса, креативна, одморена, свежа и спремна да му пружи задоволство... Е јеби га! Не бива! Постоела демек, љубов во која партнерите се прифаќале еден со друг такви какви што се. Не барале измени... Демек..
Зошто родителите мора секогаш да се во право и децата без разлика што веќе деца ќе имат мора секогаш да преќутуваат многу работи? Исправно или не?
Како најголем сељачизам кај дел од машката популација го издвојувам коментарот за секоја девојка која им раскинала или не можеле да ја „имаат“ дека трчала по пари, сака врска само со некој кој е добро ситуиран и не знае да цени љубов. Еве јас да ви кажам сељаченца зошто не може да „имате“ некоја. Заради таа шуплината во глава која ве наведува вака да коментирате. Па која нормална и интелегентна девојка сака покрај себе ваков сељачизам за да мора да се докажува постојано дека во врската најмалку и е битно материјалното?! И не мешајте поими бе! Ако на некоја девојка и е битно да работите за да биде со вас, тоа по дифолт не значи дека ја интересира материјалното, туку покрај себе сака некој со амбиции а не едноклеточна амеба. Не бидете сељаци! Фала. Чао
Дојде декември Дојде божиќната и новагодишната еуфорија.. И ден денес се сеќавам како бевме растрчани на 31 и се радувавме И пак се радуваме без исклучок само сега поинаку Сакам да гледам снег, сакам да гледам сијалички Ја сакам магијата на празниците Ја сакам надежта и жебата која нез исклучок кај секого скрено блика и се надева на подобар ден и подобра година Ја сакам и руската и кифличките Сакам да сум некаде под снег да пијам нешто греано и да се радувам Сакам да го гушкам моето мало семејство и да уживам во претстојните така ладни а внатре претопли денови.. Останало од век и векова ова, за човек е, за луѓе е Да сонуваме да се радуваме да прославуваме и да се надеваме на подобро Да љубиме..
Некои Балканци дознале дека човек што го познаваат бил геј, па едниот вика: -Еј да пазиме овој да не се заљуби во некој од нас. Да не го викаме толку во друштво хаха. Да, те молам пази да не се заљуби човекот во тебе. Покрај тоа што имаш пивски стомак до плафон, нокт на малото прсте, мрсен во коса, небањат со месеци, лоши заби, носиш златни ланци, па згора на се си најголем сексист, хомофоб и расист...Навистина пази тој "другар ти" да не се заљуби во тебе, зашто тој ако сака мажи автоматски ги сака СИТЕ мажи, па дури и тебе. Носи маица наопаку да не те урочи и пази во секоја секунда да не ти дојде од зад грб...пошто непредвидливи се геј луѓето, што знаеш што ќе му текне
Еј! Сексуалната револуција и борбата за родовата еднаквост, кај нас, касни 60 години Затоа сме 'Полна куќа, улај луѓе!'
И после, света држава била оваа, во библијата ја пишувало.. Ја пишувало можда.. За пример како НЕ треба. СДК 2: Луѓето над 21 година што не можат да си го совладаат нагонот, луѓе ли се?! Колку сум јас запознаена, тоа карактеристика на животинки ќе да беше...
Водам група на фб и поставив едно прашање, не е важно прашањето туку исмевањето некому. Во моето поштенско сандаче ми стасува порака цитирам: "Види го колку е смешен,си призна дека е маж ама сака да биде жена дури и коментираше на објавата." Мојот одговор гласи вака " Не гледам што е смешно, време е да се цивилизираме и да ја прифатиме сечија определба." Штама... само син,нема одговор. Очекувано, последна го имам зборот. Накнадно читам "Па прашај ги што ги интересира, да им влеземе малку во животот." Поука "Што ве брига кој што станал,кој колку вршел нужда,кој колку има во џебот?" Абе,глејте си во своја черга. - Дружи се. - Пеј - Плачи - Живеј - Работи - Карај се - Рани деца - Троши пари - Бегај - Напрај глупост - Патувај - Читај - Гледај - Залетни се - За*би се. - Дружи - Пиј кафе - Пробај цигара - Најди пари - Давај - Нахрани гладен - Наспиј се - Be smart - Be cool - Be happy - Be sad - Be bad Ич да не ти е криво за ништо. Ич да не ти чуе за другиот. Биди себичен и ако не си. Но најважно од се имај чиста совест и мирна душа. Ај лека ноќ јас сум од оние што не се заинтересирани за туѓи животи.
Го прашувам Гугл зошто жените обично зинуваат кога нанесуваат маскара и зошто јас не сум една од нив. И меѓудругото, наидов на инфо за настанокот на маскарата. Спојлер: feces included Before there were sunglasses, we had sunlashes Egyptians used kohl (a black powder, usually made with some sort of sulfide) to darken their eyelashes and to protect their eyes from the sun. They added honey and crocodile stool to it to keep this early version of mascara from running. It must have smelled fabulous. А устата ја отвараат оти биле помали шансите да кивнеш и оти окото се отварало за нијанса повеќе.
Здраво! Јас сум Јованти и плачам (читај липам) на крисмас реклами. На радио од денеска до Божик само божикни песни. Што ќе отвара рани, а што ќе е мелем за истите, ќе видиме. 1ви осамна. Листата со желби напишана и веќе некое време стои на фрижидер притегната на магнет и само се дополнува. Многу се, ама една вреди за сите нив. Од два Божика бар еден нека е посебно среќен. Тивко е. Одамна не било...
Трагично е што некој му дава простор на етер. На маката на луѓето се изжживува. Истото и кај нас се случува. Бајачи, Баба Рада, турски серии, фејк вести.. Се' е наопаку.
Абе не ги тера никој со сила, ама и нема ништо паметно да гледаат на македонски. Што не го синхронизираат Космос? Или било што, што е корисно за слушање. Го затупуваат уште толку народот.
Прочитав на едно место, дали беше тука или на фб, не знам. Некоја фуфица напаѓаше жени кои прават домашни изработки и ги продаваат преку нет, и како биле среќни за тоа, и како тоа ја прикажува зависноста од сопатвениот маж. Цуци, прво, немаш логика. Зошто некој би правел дома такви изработки и ги продава? За пари. Еден куп немажени жени сигурно тоа го прават, и без и со работа. Е#£&& 200 евра го рачунаш за плата?? Што со нив? Или ќе платиш сметки или ќе јадиш. Па уште и само ако сама живее, никако не е. И правела куклички, фигури за нова година или слично. Цуци, боља е од тебе, што чекаш дечко ти да ти стави стотче на моб. И не плука на другите луѓе.