Сдк Брза кучка слепи кучиња раѓа. Ми иде да си земам пиштол и да си го ставам у уста и да си пукам е до толку некогаш трескам непромислени глупости
"Види, прв дечко ти е. Го сакаш, те разбирам, ама не се залетувај толку да му веруваш. Не сакаш да пробаш со друг? Што ако со некој друг ти е подобро? Ретко успевааат тие што си се први да знаеш" Значи од коментариве преку долнава ми е. Сум поминала дури две години со првиот дечко ваауу, па како така. Па кога случајно ќе спомнам дека ете убаво ми е во врската, што сум му верувала толку баш на првиот. Ај сеа, му одам му викам "Еј, абе те сакам многу, убаво ми е со тебе и сВе, ама и јас тебе прва, и ти мене, може да се случи да се изневериме, или ај ќе пробам јас со друг, ако не бива, ти се враќам ок?" Ако ми е убаво со него, ќе си терам. Ако нешто не штима, раскинувам. Не ми е целта некого да "испробам". Ко да сум рекла еј ја утре се мажам со него, ваму ќе живееме, толку деца, така ќе се викаат итн. Берете си свое гајле океј?
ААааа сега ти се чини така ама по неколку години ќе му се здосади од тебе па ќе почне да шара наоколу, да испробува нови дунди ееее ќе се чудиш .
Абе аман шо напрај! Ние на 40 и нагоре, со деца и брак, демек.. готово 'завршивме работа'... нема што да носиме 'важни' одлуки, нема што да имаме 'цели'. Бубче... не се 'крај на животот' 40+ години... дел од него се... Како и твоите 20+
Денес луѓето се занимаваат со се друго, освен со себеси. Едноставно затоа што работата на себе бара труд, а занимавањето со другите е лесно.
Сакам да кажам дека сфатив дека тоа што сум премногу емотивна ми е голема грешка. Јас сум млада,фина девојка,попуштам,трпам... Луѓето грешеа,жал ми беше и им простував. Се потресував. Но... Имаше моменти кога се однесував како ладнокрвна кучка кон некои личности кои си го бараа. И подобро ми беше тогаш отколку сега. И доста е ! Сите ќе ги третирам како што заслужуваат.
Ако сакате нешто што никогаш не сте го имале треба да направите нешто што никогаш не сте го направиле!
Животот е премногу краток за да се нервирате за секоја ситница, убавините ги прават и малите нешта , смејте се почесто
Пред некој ден бев сведок на муабет во врска со постовите. Демек ќе постеле, па причести, па сите гревови ќе им ги исчистел Господ така. Ме прашаа дали сум постела и јас, па кога одговорив дека не постам, бидејќи не верувам дека нејадењето на не знам што за неколку дена/недели ќе ме направи светица, па прилично добив сожалувачки погледи. А верувам и зад грб муабети сум добила дека сум дете на сатаната и сум нечесна. Сликава случајно ми излезе сега на фб, па целосно ми ја долови поентата на тоа што го мислев иако не бев сфатена како што очекував. Ептен добро ги опишува таквите „чесни“ луѓе, што постат, а успат ги осудуваат тие што не постат, бидејќи биле “нечесни“. А со самото оцрнување у истиот момент веќе прават грев. Не ми пречи кој што прави, се додека не сметаат дека тоа што јас правам и мислам поразлично од нив, ме прави не знам каква. Не знам дали воопшто некогаш ќе се смени ова во општеството. Џабе е се.
Во меѓувреме, сè уште постојат и луѓе кои веруваат дека Земјата е рамна, и/или дека е единствена планета во универзумот... Сепак, hail science!
Сдк...ТРГНЕТЕ СЕ КРАЉИЦАТА ДА ПОМИНЕ! тие што постат не треба да ги осудуваат оние што не постат,и оние што не постат не треба да ги осудуваат оние што постат Убава слика,треба да допре до секого.Бог сака кога сме со чисти срца,постот јадење ,не јадење не игра голема улога
Мене најинтересни ми се оние личности со кои после долго време ќе се видите. И започнувате да зборувате општо за тоа што ви се случило во животот изминатиот период. Им кажувате дека работите на одредено работно место кое не е баш совршено и платата не е баш на нивото на кое треба да биде со оглед на областа во која работите. Добивате коментар од типот зошто си будала и работиш за толку мала плата односно за никаков надомест. Ти велат зошто не се обидеш да си купиш работно место или да се обидете преку врски. И кога ќе ми спомнат да си купиш работно место, ми текнува на сцената од култниот филм ,, Тесна кожа" и тоа првин на оној разговор помеѓу Пантиќ и ќерка му (муабетот со ѕиглите). И така во тој момент ти доаѓа да им плеснеш во лице некои работи. Те советуваат личности кои од своите родители бараат пари за да одат на кафе со пријателите. Тоа се истите оние кои се жалат како нема работа и по цел ден висат по кафе барови. Па мене ќе ми биде срам да не работам ништо и да им барам пари на моите за да одам на кафе. И таквите ќе те учат што треба да правиш во животот, а тие не знаат што сакаат да направат со нивниот живот. БОНУС Ако под зборот амбциозен/а подразбирате личност која по секоја цена и на секој можен начин сака да напредува хиерархиски дури и по цена да гази по другите луѓе и да биде кодош односно шпион на директорот, тогаш имаме различни гледишта во поглед на работите. И за крај престанете да ги критикувате луѓето кои работат под притисок на трули и никакви работни места се со цел да скрпат крај со крај. Можеби некои од вас сметаат дека се глупави бидејќи работат за минимална плата, ама ако не за разлика од вас се трудат и не гледаат само да убодат желба во талогот после испиеното кафе со парите од тато и од мама.
Сдк 1 Треба да бегам подалеку од жени, особено од изневерена трудница. Значи жената сака да не направи детектив бе. Прво знам дека мажот и ја изневерува и тоа со докази знам. Таа осеќа и плус има најдено докази ама не баш за да и го потврдат сомнежот, и сега очекува јас да изигрувам детектив, ама јас не сакам да и кажам само затоа што ќе и донесе стрес или не дај боже полошо нешто, иако не е добра личност, по готово не со мене. Сдк 2 Една случка ме натера да се сменам. Имам непријатели кои се фамилија на другар ми, и кога умре татко му, тетката не му се јави воопшто (и мене дури ми беше лошо во срцето и се прашував зошто) . Е сега поентата ми беше - таа е лоша, а јас не сакам да бидам како мојот непријател и решив ако евентуално моите родители бараат прошка или услуга или што и да е ( затоа што со татко ми воопшто не зборам со години, а со мајка ми имам ладен однос) замислете решив ДА ИМ ПРОСТАМ и да се однесувам подобро со нив. Со татко ми ќе биде лошо ако јас прва почнам да го кршам мразот, затоа што тој секогаш лошо се однесува со мене, а плус голем алкохоличар е па така да после две - три ракиички ќе заборави. Ама знам дека ќе сака прошка, порано или подоцна ќе сака, а јас ќе чекам за да му простам. Ако не сакате да бидете како вашите непријатели, не го правете она што тие го прават, бидете подобри личности од нив. И сдк 3 напнав со кажување, ама ми олесна на душава
СДК никогаш нема да ми биде јасно зошто постојат изневерувања, зошто кавги, зошто разводи и ред други непријатни работи. Зар толку пораснала човечката гордост и его што не можат да се спуштат на земја да разговараат и да ги РЕШАТ проблемите. Толку ли немаат разбирање еден кон друг? Гледано од страна понекогаш решението ми изгледа едноставно и не ми е јасно како тоа двајца кои имаат проблем не го гледаат... или не сакат да го видат? Толку се себични човечките срца што ќе се уништат самите еден ден. Себичноста доведува до осаменост. А осаменоста сигурно не е добра.