Сакам да кажам дека комбинација јас плус несоница е еднакво на размислување за loopholes на кондоми, проценти на можност на бременост, па дал сум бремена уствари и не ми помага се ова за да заспијам туку ми помага уште поќе да не можам да спијам. Долго време бев изненадно мирна на темава, како затешје пред војна. Па за да смирам анкс го спремив и испланирав утре цел ден за јадење. Џиз, треба да си купам од оние гумените играчки за разбивање стрес, со рубиковата ако легнам ќе си истерам некое око. :')
СДК... Во случаен разговор на возрасни личности за одржување и чистење на апарати од домаќинството (микробранова печка), се вклучува десетгодишно девојче и споделува совет Некои ги надминале компјутерските игри со практични содржини... Љубопитноста изненадува во секој поглед, а детскиот свет е неистражена област на интереси...
Sakam da ve prasam.. Dali imate bilo kakva finansiska pomos od vasite baba i dedo i dali e opravdana ili ne? Kade mozam da go postavam prasanjevo?
Значи само во оваа нашата држава, на нашите факултети никој, од студент до професор, не си стои на зборот. Без прекин некои се лигават, лижат газ на професори... не ми се верува дека го одложиле испитот за на крај на месецот. А јас едвај чекав да помине сега и веќе да не се замарам. Хаос - ќе се скренам од тукашното нефунkционирање на нештата.
Зборував со моја добра пријателка,нели она се пресели во нов стан и ми кажува конечно ќе имала топла вода оти така им бил системот автоматски им пуштат топла вода ,вика зедов бојлер но ќе го тргнам оваа чудо,тоа во нејзината земја го имало само по селата.Јас зинав ,ново светско чудо научив викам па кај нас сите имаме бојлери ако не се лажам.Ми вика ризик било струја можело да те убие викам ај тоа а што одат небањати некои вика тоа е од некултура и невоспитание,ете така
знам но одамна не сум и била на гости па не сум ни забележала дека немаше бојлер ,а синоќа кога чув се зачудив оти по Еу секаде видов бојлери
Оваа слика најдобро го опишува твојот живот. Баш така се обидуваше да го пробиеш ѕидот иако знаеше дека не е возможно. Разговаравме илјадници пати, ама залудно беше се. Не ме послуша мене иако имав само добри намери односно целта ми беше да застанеш пред да биде доцна. Но не ти им веруваше на оние кои те плаќаат само да им завршиш дел од нивната валкана работа. Касно сфати дека бев во право за се. И самиот знаеше дека си мртов човек кој оди, знаеше дека ќе дојдеш еден ден на местото на луѓето кои ги газеше. Се надевам дека ќе се сретнеме некогаш повторно на некое поубаво место, ама посакувам да ја видам онаа стара личност. Личноста која ја познавав пред да влезе во тој магичен круг од кој нема излез. Жал ми е што не успеавме заедно да продолжиме по патот кој започнавме да го одиме, ме остави и ме напушти уште на неговиот почеток иако ми ветуваше дека нема да го сториш тоа.
И така настана темата свекрви и снаи... На колку нивоа статусов е погрешен, а 2000 жени го шерувале. 2000 потенцијални свекрви, со среќа будуќи снаи. Кога жените ќе сфатат дека мажот е маж, а синот не е суплемент за маж, ккректив на лошиот брак, тогаш ќе замре вечната битка снаи vs свекрви.
Понекогаш, најгласно ја слушаш тишината, најтешко ја чувствуваш празнината и помеѓу група луѓе се чувствуваш како најосамениот човек во светот..
Време е да делам црвени картони на ликови кои се апсолутно срање. Добро вика мој пријател - ма то је све озрачено и полудено. Остави ги да гнијат во мизеријата и во прва прилика турни ги во амбисот, да тонат подлабоко. Гнаси.
Понекогаш најдобро е да уживаш во тишината, апсолутно сам, да водиш разговор самиот со себе, бараш одговор од судбината, суровиот живот и болната реалност. Се слушаш и советуваш. И тоа е најискрениот разговор што некогаш ќе го водиш.
Дали ако уклучиш бојлер додека некој се тушира се рачуна како обид за убиство? - Прашања кои ме мачат