Знам дека напаѓам од сабајлечки со темата, ама пошто сега си ги зедов работите морам да ги пофалам од секс шоп Либидо Скопје за огромната професионалност! По карго, дискретно, македонски. Браво за нив и за квалитетот на производите. Топла препорака.
Го најдов срцево во маало.Иако може во заб да ме стави ми се поплетка меѓу нозе и си седна да го галкам.Сонце
Сдк многу било убаво кога дете ќе ти заспие у 20:00 и имаш време да се посветиш на себе и маж... Се плашам колку ли ќе трае убавинава ххаха
Ме прашуваат зашто не сум одела на Новогодишната забава со колегите од работа. Одговарав дека не ми се оди а и ништо посебно не е. Всушност вистинскиот одговор ми беше не ми се глумеше лицемерие. Поарно што си преќутев.
Здраво Феминки Повеќето од вас ме знаат како @blonde_supergirl . Стандард си го заборавив пассвордот. Ѕиркав што се случува со вас се додека не решив пак да се зачленам. Мило ми е што сте добри, во новогодишно расположение, некои заљубени, некои мајки, некои кул како и секогаш, некои руминирајќи над својот живот... (и јас спаѓам овде). Нови интересни членови, фино фино. Останете среќни и срдечен поздрав од мене!
Сакам да кажам дека се осеќам како птица на која му отвориле кафезот, ама не излегва од него зошто не знај шо да прај со добиената слобода.
СДК дека и кога одиш по пешачки премин си ја држиш десната страна што е толку тешко да се практикува ова?
Сакам да кажам дека праксата е многу убава работа! Прашав во темата Прашања за форумот колку време трае бан доколку си оф топик. И нашите остроумни модератори, учители на животот, ми ставија бан! Одговорот е 1 ден.
Сакам да кажам дека омиленио лик ми го убиват полека веќе две епизоди. Се откинав од плачење. Некои продуценти и писатели се едноставно садисти. Ако некако не умри, ми се чини од среќа ќе продолжам да плачам. :') edit. И го убија. Садисти.
Иако никогаш не сме биле блиски,ниту сме се почитувале како брат и сестра,тешко ми е многу,тука сум издржи,со тебе сум до крај
сакам да кажам.... Среќен Божиќ! на сите православни христијани кои го слават Христовото раѓање според новито Грегоријански календар!
Вака денеска ми се случи голема пресвртница барем мене ми беше јако и возбудливо, и истовремено исплашен. Другар од детството (заедно пораснавме) ми се јави да ми кажи дека е во гипс, односно ја повредил клучната коска, па не можеше баш да ги мрда убаво рацете. Ај рековме да одиме да гледаме фудбал финалето, и ајде ја пали колата и одиме. На враќање почна да ми глуми нешто демек не можел да мрда со рацете, и ми вели ти ќе управуваш со воланот јас само ќе давам туража и ќе кочам. Јас во животот немам возено кола, и во толкав сообраќај, семафори, разминување други коли, пешачки премини, се тоа за мене беше прејако чувство! А во меѓувреме цел живот толку му немам искарано мајки и се друго оти вака ми направи, хаха.
Не ми е јасно. Не ми е јасно како некои девојки, нема ни да ги наречам жени, затоа што се во нивните дваесетти, дозволуваат да бидат третирани како ѓубре од страна на нивните партнери. А сè уште се млади (не дека ако се постари е оправдано некој лошо да се однесува кон нив, само сакам да ја потенцирам и таа нивна особина), убави, елоквентни, најчесто поинтелигентни и поначитани од нивните „посилни“ половини. Но се држат за нив како слеп за стап, како да се последните на Земјава, како да ќе пропаднат без нив, а всушност пропаѓаат покрај нив. Па секојдневно патат, тажат, се обидуваат да го нормализираат однесувањето на партнерот. „Он не се бакнува баш, он не се гушка, не сака кога го давам, мажи па ти, знаеш какви се.“ И игнорирањето е помалку страшното, полошото е што често трпат и невкусни коментари од нивните маженца. Коментари кои уште толку им ја дотолчуваат самодовербата, кои ги прават да се чувствуваат несигурни, неважни, и дека ако Петко не ги ожени еден ден, ќе останат засекогаш сами и стари моми, како онаа што заврши архитектура и после беше во Шведска на мастер, ја знаеш нели, сега се врати и има добра работа, ама веќе има 35 и сама е, кој ќе ја земе? А таа нашетана, добро ситуирана и сигурна сум посреќна од горенаведените. И ги читам на форумов, ги гледам околу мене, и не ми е јасно! Што ги тера овие девојки да останат? Зошто се мачат? Не знаат ли колку прекрасен може да биде животот, макар и сама на некое време? Мислат дека ќе се смени партнерот? Тоа ретко се случува. Мислат дека ова е љубов? Можеби некогаш било, но ако нема внимание, нежности и разбирање, не е повеќе. Ги притискаат од дома за мажачка? Епа ај ќе си го заебам цел живот за да не ме оговараат комшиите. Сакаат да се остварат како мајки? По секоја цена, дури и со вакви луѓе? На крајот на краиштата, сите ја прифаќаме љубовта која мислиме дека ја заслужуваме. И ако мислите дека заслужувате игнорирање, незаинтересираност, недолични коментари, потсмев и потценување, ќе бидете мирни кога ќе ги добиете. Јас не би можела ни во лудост.