Среќна нова година феминки и феминци,у новава година сите желби реалност да ви станат и само убавини да ве следат
Сакам да кажам дека не вервам во то како ќе ти биди првиот ден од годината ќе ти биди секој, ама ако продолжи како овие два дена, ќе ја имам најмрзливата и најуспаната година до сега.
И јас се надевам дека само вчерашниот ден ни беше стресен .. Другите што доаѓаат допрва да бидат релаксирани и среќни
секогаш ова важи кај мене...ама има безосетнии не само за бременост прашуваат за вработување, за свадба, за положени испити, за дечко/девојка, за нарушени меѓучовечко-роднински односи ....
За се прашуваат. Толку без осет народ. И ќе кажам и тоа е домашно воспитување. Сепак не можам да им судам, можеби никогаш не почувствувале на своја кожа како е. Искуството е најдобар учител.
Порано ќе отворев дискусија за тоа како не треба да се прашува ова.... А сега одговарам кратко и јасно : Не е твоја работа и ти не си бил на нивно место, прекини да коментираш.... И крај.... ќутат пред мене сите ...
Сдк првата минута во новата год се родија две бебиња. Едно на гак и едно во чаир. На гак со царски а во чаир природно. .. 20 000 денари за ведран кој се роди со царски кој можел да биде изведен и минута порано. За детето во чаир прст во уста. Мислам... нека се живи и здрави дечињата али нели е срамота да сме олку алчен народ па и врски за ова да се фаќа!?