Дома ќе се испотепаме за Ранитидин. #недекаеважно Парадоксално е значењето на човекот, истовремено си центар на цел универзум и сепак само една капка вода во океанот.
СДК дека долго време не бев активна на форумов,читајки еден мој постар пост од 2016 се присетив колку сум била среќна а воедно и возбудена. 2016 беше година на големи промени за мене,еден убав период преселба во друг град,нови пријателства,нова работа,патувања,скршено срце. Фебруари 2019 почнува ново поглавје во мојот живот, преселба во држава на другиот крај на светот.Сосем различна и специфична култура,храна,обичаи.... Се прашувам какви ли предизвици ке ми донесе наредниот период.
Ме потсети лили боз со животинското царство.. Кога одам во македонија прво нешто што правам е да сменам пари и трк во продавницата наша која што работи откако знам за себе си само со проширен и помодерен состав. Одам таму.. па носталгија ме фаќа за пеодавачките што ги нема, ги нема оние кој што зборував со нив по пола час, па ќе ме пречекаат па ќе ме прашаат како сум.. Сега влагам и нема ниту една што ме познава па ми е шуто Почнувам по пазарње на обавезателни производи и се грабам со кесиња со чоко стоби флипс, стоби флипс зелени, атлантис, чери бомбоњера, штрудли, политанки, крем бананки, севандејс, банички со урда, пица, пица баничка, ѓеврек, јогурт, аргета, месен нарезок и земам пута три и си бегам на кај дома И јадам ко да нема утре И моментот ми е прекрасен.. Вкусот ко да сум отишла да јадам храна во бекој ресторант од милион долари Уфф. Ќе треба да праќам абер за пакет таман и килажа ќе фатам. А може и словенија да пазарам за ова близу е Идеа за шетање
Една љубов ми го промени животот. Седи до мене и со неговото раче ми ја држи мојата. Сине мој, како живеев толку години без тебе? До крајот на мојот живот ќе бидам до тебе.
Разбирам има атеисти, секако дека ги почитувам нивните ставови се додека и тие ја почитуваат мојата верба. Ама да ми ја навредуваат верата и да се трудат да ги сменат моите мислења кон истата? Е тоа нема. Имам почит кон сите и не сакам да се карам, ама тоа не значи ако некој е повозрасен, професор или поинтелегентна личност од мене и си зема за право да ми ја навредува верата, дека ќе молчам и ќе дозволам да продолжи. Не постои жива сила што може да ме натера да се откажам од мојата вера.
Среќаваме луѓе во животот со кои би биле исто среќни, како што веќе сме но, тоа не е пропуштена прилика.
СДК свекрвите треба да се зачленат на форумот, да ја видиме и нивната страна од приказната. Во темата снаи и свекрви-проблеми, снаите излегуваат дека се прави цвеќиња и секогаш свекрвата не чини.
Еднаш на еден форум, на еден дечко му избришаа пораки. Најверојатно дотичната ќе има прекрасен викенд. Мишн комплит.
СДК 1 : ум за друг пат од вчера: пешки одев на фризер, ветер дуваше и беше мраз ладно... фризерката 15 минути не можеше да ме исчешла ја изнажалив жената се изнамачи јадна, а она ме искуба убаво... а јас после се покајав- кај по ветер и ладно ми текна пешки да одам на фризер... СДК2: Зошто мора секогаш да се валка по дома па пак да се чисти? ... заминав.
До сега политиката беше причина за најголеми несогласувања општо меќу нас македончињата,ама сега вакциниве и морбиливе мислам ќе надминат... На секој чекор превирања,докажувања па и кавги за и против.... Значи родени сме само за да си правиме проблеми и кавги...
И после толку маки поминати на стоматолог мене уште ми е страв од една игла. Еве ме, седам и се тешам. Фино!
Ептен се притресувам за здравје на возрасен ... а шо ќе биде ко ќе имам свои деца? Нека ми се смират малку живците. Полесно ми е сега ко ќе напишам. Помислив јас некогаш во себе дека ми е поарно да бидам сама... е баш од овие причини.
Исто и јас... Тоа е исто како јас, која што верувам во Нештото (Христос, Мухамед, Буда, енергија, Иштар) да му тупам некому, кој што е атеист, да почне да верува во тоа Нештото браво за постов ... СДК за 25мин ми почнува продолжениот викенд
У 8 требаше да станам, ја у 1:30. Требаше да учам-изгледав 4 епизоди од серијата што ја гледам. Ветив кафе вечер на другар, на праг на откажување сум. Ролетни спуштени, дневна светлина не видов, а веќе се стемнува најверојатно. Дајте чаша вино и нека заврши веќе денов.
Кога бев помала сметав дека машките на форумот не пречат (можеби зашто бев 12 години, па не добивав секакви пораки или стварно во тоа време машките членови беа квалитетни, сепак дискутабилно...) ама во последно време се повеќе се уверувам колку не треба да има машки. На форумот кај што баш тука жената треба да е заштитена, врие од мажи што не гледаат како секс објекти, па во темите коментари "баш си секси", "мм што би ти правел" и постојано се добиваат коментари како ние да сме движечки секс објекти. Во лп па врие од непристојни коментари и понуди. Како што знам темите се со цел ние женските да ставаме слики за да од женски аспект си ги искоментираме стајлинзите, шминката, ноктите и сл, а не за некој маж да дава коментари преку тоа какво некое тело имала, како он ја доживувал. Или само мене ми пречи ова или стварно веќе не е во ред ова, еве стварно не знам.
Све што ти е пречи пријави си го,нека си реагираат модераторите,и нема да има мажи кој ке те гледаат како некој си секс објкети,само да знаеш дека има жени кој гледаат некој мажи како секс објекти,не сте и вие цвеќе за мирисање да не се лажеме. Манијаци имало секаде и ке има тоа е факт,за жал,затоа реагирајте си,пријавувајте све што е вулгарно и непристојно,само така ке се чистат манијаците.