Времето не минува еднакво брзо. Многу зависи од тоа од која страна на вратата од WC-то ќе се најдеш...(,,теорија на релативност'')
Интересни ми се луѓето кои натрупаат едно кило бибер у супа, па почнат да рваат, да се затајуваат, да испуштаат неартикулисани звуци, па притрчуваш у помош јер мислиш готов е, за да по некоја минутна биберна агонија, ти каже како обожавал бибер.Алоо ќе умреше за малце. #минихорорколегијалнасобиранка
Го сакам снегот единствено затоа што ги покрива сите дупки по асфалтот...сите нечистотии по земјата и сите ѓубришта напрвени од луѓето..загадениот и црн воздух го снемува..уживањето е кратко во сето тоа..но сепак неопишливо и незаменливо... Единствено нешто што не може да исчисти снегот..се црнилата и злото во душите на некои луѓе..
СДК... Никогаш не научив колку е дозата Уште малку за да не ми згорчи вкусот. За волја на вистината секаде треба...
Луѓе што тупат колку технологијата не чини и би ја уништиле да можат....ама ова го пишуваат на интернет...од компјутер
Бар кажи дека мојот претходен пост у темава те инспирираше. Инаку мило ми е, феминистичко створење сум.
Марија Шерифовиќ џабе била богата, славна и успешна кога била геј. Џабе било сето тоа кога немала најбитно покрај себе т. е. маж за позадина и поддршка!! Скраја да е. Пу пу пу. ***трипатисекрсти*** Во која година рековте дека влеговме? 2019? Сигурно? Маж за позадина? Каква позадина бе?
Некои мажи: Абортусот е убиство, жените се курви, жената не треба никој да ја земе скината. Жените - феминизмот е за да докажеме дека сами одлучуваме за свое тело и не смее никој да нѐ погазува и треба да сме еднакви. Мажите
Млада си, осетлива, секоја сексуална понуда или додворување од типови кои не ти се свиѓаат ја сфаќаш ко напад. Вакви женски/машки форуми веќе не ни треба да постојат, нели напред се оди, срамота е да се делиме мажите на една маса, жените на друга. Пријавувај што сметаш дека е непристојно, игнорирај членови кои не ти се допаѓаат, заклучи пошта за непожелни, тоа е доволно да се "заштитиш". Плус, ставањето слики од себе си носи ваков ризик. И без слики имаме понуди не па -со. И нема врска ова со феминизам кога е чиста дикриминација. Не може ликови како Бендер и останати кои се машки да не смеат да пишуваат заради неколку примероци.
^Не беше лично само за мене, општо гледам како повеќето машки се однесуваат на форумот кон повеќето форумџики и какви коментари се даваат во темите. Фала богу, има и квалитетни машки членови, не беше за сите, но овие другиве во последно време почнаа да преовладуваат, се преполни форумот со такви. Не само јас, веројатно и други приметуваат, но на некои може и не им пречи, па им годи и вниманието и слично.
Можно е и тоа си е нивна работа. На кој му пречи нека реагира. Инаку каде се тие толку многу недолични коментари? Јас немам сретнато, во темите за секс?
Се враќам накај дома од собиранка со друштво, а покрај мене застанува малечко детенце ромче и ме замолува ако имам да му дадам 10 денари. Па оди ако имаш срце не му дај и 100 и 200. Се враќам од ноќно излегување со такси. Таксистот беше човек од приближно 50-тина години, па можеби и повеќе. Се имам возено на истата релација со различни такси компании, но цената не варира повеќе од 10-20 денари плус-минус. Застанува и го прашувам колку треба да наплатам и ми кажува цена за 60 денари повисока од онаа која мислам дека е најреална. Нејсе, не сакав да се расправам и извадив пари од новчаникот притоа со тешка мака обидувајќи се да видам колку десетки зедов, затоа што на господинот му беше тешко да запали светло. Му ги дадов парите и му реков да ги преброи дали се точно, да не случајно му имам дадено помалку пари. Почна да пребројува и забележав дека всушност му имам дадено 10 денари отповеќе. Ми рече: „Во ред е, точно се“. Останав фрапирана првин затоа што се работеше за десет денари, второ поради тоа што и без тоа ме ограби со цената што ми ја кажа и трето поради самата возраст на човекот. Ниту ќе се збогатев, ниту ќе се осиромашев за тие десет денари, но ме фати инат па го прашав дали е сигурен дека се точно. Повторно ми врати со истиот одговор. По трет пат го прашав: „Сигурен сте?“. Веројатно стана свесен дека сфатив, па ми ја врати 10-ката со оправдување дека не забележал. Празничен дух на македонски начин. Бедата не е во распарталавената облека, бедата е во ситните души.
По некогаш се мразам себе си што не сум толку себична и да си гледам за себе. Треба да почнам да газам преку лешови, па макар и преку живи луѓе да стигнам до целта зошто само тие успеваат. Ние едноставните и скромните гледаме на други да им биде погодено а за нашата среќа никој не се прашува,. Бтв, денес ми е убав ден.
И зошто воопшто седнав кога пак треба да излегувам? Зошто воопшто се пресоблеков? Не сакам никаде да одам.
Се зближувате потоа ви се разминуваат патиштата во себе им велите со среќа по патот и си продолжувате со тие кои отсекогаш ве следеле во чекор