Како се вика филмот извини вака? И да.Христос се роди!!За многу години празникот народе.Се најубаво, во здравје и среќа да го дочекуваме и славиме.
По не знам кој пат, се уверувам дека не е секој да биде родител. Во парк кај големото замрзнато езерце падна мало девојче во водата. Таткото ја извлече буквално како партал и место да ја крене во раце, да ја замота во неговата јакна, да трча со неа за побрзо да ја однесе на топло, тој зема да и се дере и да ја тепа. Цел парк во воздух го крена од викање, ниту едно дете не влегло во вода. Па, ако си го пазиш доволно, и твоето немаше да стапне внатре. Жалосно, на таков монструм не би му дала да си го погледне детето.
СДК во средно имав другарка со која можев да разговарам буквално за сѐ без да бирам зборови, без да се спуштам на нечие ниво. Од најглупави до најкомплицирани теми, секогаш учев нешто ново од неа, се надевам дека и таа учеше нешто од мене. Седевме заедно, многу голем дел од денот поминувавме во меѓусебна близина и никогаш не ми здосадила, што е реткост за мене. Сакам да кажам многу ретка, многу уникатна, си ја изнафалив ама некако посебна. Многу ретко можат да се најдат такви луѓе и во последно многу ми недостига тој тип на разговор со неа, да навлезиме во законите на физиката, на природата, па функционирањето на универзумот, филозофии шо ги терет "нормалните" луѓе да си помислет дека сме заминати. Нормално дека уште се дружиме и понатаму ќе се дружиме ама големиот број на обврски не ни дозволува толку често да се гледаме, па кога и да се видиме дури да се update едната- другата шо ни се дешавало во меѓувреме не останува доволно време да дискутираме за тие работи. Само сакав да кажам дека ми недостигаат луѓе како неа во животов. Луѓе шо мојш да се дружиш ама и да напредвиш истовремено, луѓе шо размислувет поинаку и не им е страв да го кажат своето мислење, ама мислење поддржано со аргументи и факти. Луѓе со кои мојш да напрајш квалитетен муабет шо ќе те држит буден на вечер, шо ќе те терат да размислуваш поќе, а не само оговарање луѓе, глупи муабети за политика, муабети за то колку ни е мизерен животот во МК (а иронијава седнат си во моментот на кафе некаде и другата личност мојт да си го дозволит то и кутија скапи цигари, ама мизерен е животот, тежок, многу тежок, ама полесно е да се жалит дури пиет кафе со парите од тато и мама наместо да пробат да превземит нешто), демотивирачки муабети од луѓе шо не успеале, па пробват негативната енергија да ти ја пренесат и тебе ко да си канта за нивното ѓубре, да се испразнат, да си наполнат батери, а ти нивните срања да си ги однесиш дома и така...
Христос се роди! Ви посакувам Среќен Божиќ вам и на вашите најмили. Пред вас да бидат денови исполнети со здравје, радост и среќа, љубов и бериќет, благосостојба. Уживајте во мирот и поминете ги празниците со оние кои најмногу ви значат.
Вајлд мор, ти како да не знаеш каде живееме . Прво полицијата кога ќе чуе што е проблемот највероватно ќе се изнасмејат по телефон и ќе склопат, јер ќотек е воспитна мерка на балканот и излезена од рајот е. Мајка ми пред мене пријавува семејно насилство, ја уби практично човекот комшиката, од полицијата доби утешен одговор дека тоа биле нормални недоразбирања меѓу брачен пар и не се ни појавија. Не е запад ова..
*ХРИСТОС СЕ РОДИ* ***НАВИСТИНА СЕ РОДИ*** Слава на Бога во височините, на земјата мир и меѓу луѓето добра воља!
Можеби не сум верник, но сакам од се срце да ви го честитам големиот празник и да ви посакам само среќа да ве прати. Најубав помин и имајте само топлина во вашите срца и насмевка на вашите мили лица
Еве го езерцето, немаше луѓе. Јас дур го пазев моето да не влезе во вода (зошто како одеше накај езерцето збореше - сака бајна, сака везе водата) бев сведок на чудово.
Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати Христос насекаде да ве води, Среќен Божиќ, Христос се роди.
ХРИСТОС СЕ РОДИ! Денес радоста доаѓа од небото и тоа е она што ви треба. Бидете исполнети со здравје, насмевки и љубов. Имајте мир во вашиот дом. Среќен Божиќ драги пријатели!
СДК дека ова со препраќањево пораки за празнициве по сите можни социјални мрежи веќе почна да ме нервира.Се се мислам дека и на некој од муслиманска вероисповест по грешка честитав Божиќ...
Среќен Празник ,многу здравје среќа љубов и мир на вас и вашите најмили , за многу години нека е празникот ,МИР БОЖЈИ, ХРИСТОС СЕ РОДИ ✝
Хахаха, нелии. Баш зборев и со други луѓе што не се религиозни и многу глупо се чувствуваат што да вратат на сите тие стотици честитки од луѓе
Кога човек од било која возраст на сред разговор ќе го протегне она - "ААА ? " прашалното добивам желба да станам и да си одам. ------------------------------------------------------------------------------------- Опасно многу ме привлекуваат моќни, средени, напарфимирани мажи во четириестеттите. ------------------------------------------------------------------------------------ Не постои легитимен изговор за луѓе кои не одржуваат лична хигиена.