СДК:Пазете пред да наречете курва некоја, лоша е кармата може да ви се врати во фамилија Малограѓанштина до даска, знаете само да оговарате и да се силите.Пола од вас не знаат човечки совет да дадат, одите по теми да пљукате и сеир да фаќате.Загреф
It's all in their head. Едната решила да ја спасува Македонија од предрасуди и стереотипи кои веќе само во затуцани места ги има, другата слично нешто плус романописец кој цели на солзите на својата публика. Симпатични инаку на свој начин
Па не е толку ретка појава 'затуцаноста'. Ти е гајле тебе, немаш допир секојдневно со 'македонштината'
Само што сведочев некст левел #ситенèтрујат забеганост на Твитер - некој тип земал ред чоколадо Најлепше жеље, снимал како го гори со упаљач, и дошол до заклучок дека чоколадиве се жив отров оти на оган чоколадото му смрделo и никако не можело целосно да се стопи!??!11 Настрана симптоматично (благо речено) познавање на хемија... абе колку треба да си богохулник без почит кон ништо свето, за да земеш чоколада да гориш за „просветлувачки“ интернет експеримент, наместо да ја изедеш ко секој нормален човек? Whyyyyy? Не, ама сериозно преку глава ми е од хелтилајф месии желни за теории на заговор дека сè вкусно нè труе... Ако не сакате да уживате во животот - ваше право колку избран тесен круг на храна ќе консумирате, ама поштедете го светот од вакви спамови. Посебно ми е жал за мали деца на родители со вакви ригорозни ставови кон храната, посебно благото, кои сè почесто ги има. И да, не постои дури ни легенда која вели дека некој некаде стварно се откажал од омилен и секојдневно користен вид/бренд на храна, технологија или било какво добро, ради некое рандом видео од ваков тип. ФМП
Ако би го опишала денов.... Ми се плачеше бидеќи нема татко ми со кого да ја врти кората за Василица, па си праев филм дека ќе му пуштиме Вибер и заедно ќе бидиме тројцата. Колешката сум ја погледнала толку злобно што и Сатаната би се уплашила. На менаџерот му се обратив во таков арогантно-безобразен тон што ни самата не мислев дека можам до толку да сум шлаки. Ми се плачи цел ден и сум екстра чувствителна. Ко појдов на работа никој не сакав да ме гледа, не па да ме поздрави или не дај боже да ме бакни.. Мачорот пак ме гризе и гребе Му кажав на мајка ми и сестра ми дека не постои маж за мене оти со 3 пробав со никој не ми одеше и да плачам дур го пишувам ова. Си одам во градски си седам на столчето и си мислам како никој мене не ме сака. Сакам да си дадам отказ од работа. Ми студи не ни сакам да излезам на ова ладново. Ако сабајлево ми требаше маж,, сега не ми треба ете така. Едноставно Ах овој период,. Значи никогаш не сум била ваква уфилмана цица маца Чао, ојдов да плачам на раат.
Периодов една мозочна ќелија има зголемена потреба од кислород, па правам надомест со тоа што луѓето си ги претставувам во обично, приземно, реално светло вклучено од перспективата на @WildMk, сите имаме и извршуваме исти физиолошки потреби. Никој не треба да биде како другите, ама од секој може да се учи ако се пронајде смислата. Таа е сеприсутна. Барајте ја...
Сакам да кажам дека невозможно е да докажиш нешто на некој кој си има врзано во крпче нешто друго. Од таму, се вратив пак на тоа дека игнорирање е најдобра опција. Извини ... Ама не.
Доволно беше снег за годинава. Мислам се е тоа убаво ако нашиве го чистат. Не се оди по тротоар. Бидејќи не се сметам за најдобар возач гледам повеќе пешки да си одам на работа. Мака додека стигнам на раб. Патешествие Па и со климава се замарам цел ден, де дува де не. И таа не сака да соработува Сакав многу снег.Сега сакам пролет