Гледав влог од еден човек што за три месеци пропатувал од Сингапур до Данска, преку десетина држави. Гледајќи како се дружи со локалните луѓе, шета низ тесни улички и генерално го искусува светот во неговата вистинска форма, си мислам, зар не е тоа смислата на животот?
Пред три години ова време све беше поефтино месото,лебот,млекото и други прехрабрени продукти и,сега цените отидоа нагоре,нафтените деривати исто и тие се зголемија,е живот дојде,платите да не зборам ги намалија. Ах чудесна е оваа Северна Македонија.
Јас мислам дека како што патување особено надвор од државата макар и на викенд во различна средина може да ти отвори очи и да ти промени мислење ништо друго не може.
Можеби е позитивно и богато искуство тоа што луѓето сакаат да го пропатуваат светот, како што верувам дека мнозинството сака истото да го искуси (како и јас самата), меѓутоа не би рекла дека тоа е смислата на животот, односно таа не може едноставно да биде стандардизирана како дел од објективната реалност бидејќи тоа е голема мисконцепција. Напротив, човекот, би рекла, дека чувствува притисок - Притисок кој постојано го прогонува со помислата дека залудно го троши својот живот и своето ограничено време на планетата Земја. Тоа е бидејќи тој не може да психички да поднесе дека нема никаква цел во животот. Затоа многу луѓе кои се соочуваат со егзистенцијална криза се најчесто под депресија. Оригинално, смислата на животот не постои како објективна реалност и зависи до секој човек посебно да одреди што ќе прави во неговиот живот за да се чувствува исполнето, слично како што во психологијата спаѓаат и сите човекови илузии од субјективен аспект. Со други зборови, смислата на животот е вметната во субјективната реалност поради една причина, а тоа е дека човекот никогаш не би можел да остане ментално и психички здрав кога само би живеел во објективната реалност, како животните. Така, како што ти наведе дека човекот за три месеци пропатувал низ толку многу држави, само укажува на неговата дефиниција за тоа што е смислата на животот, што не мора да значи дека скоро сите луѓе ја имаат истата желба - секој човек е различен и има свои цели кои сака да ги постигне. Можеби ти си помислила дека тоа е смислата на животот бидејќи си сфатила дека тоа и за тебе би ја претставувало целта во твојот живот, и нема ништо погрешно во тоа. Но тоа е само дел од твојата лична, субјективна реалност, и не секој го дели тоа мислење
Многу мразам зимно време да патувам со автобус. Возачите немаат осет колку го пуштаат парното. Се сварив
Рекламата... Која контроверзија, жити се'? Важен во момент во човештвото, мажите конечно да престанат да ги омаловажуваат жените... Па се навредиле големите мажи... а овие другите, ја величаат ко нешто што само тие совршените можат да го разберат а глупиов свет не е доволно еволуиран па му треба Џилет реклама за да сфати. А се' е маркетинг. Корпорација која цели на токму таква безумна активност на социјални мрежи, а целта не е подигнување свесност за важно социјално прашање. Многу од најглупите "мажествени" коментари се всушност лажни и имаат за цел да поттикнат лавина од реакции. Зашто така функционира тој маркетинг. И баш тоа е тоа што не е во ред - психолошки игри и користење на моќен момент за да се продаде повеќе. А чекај, зошто не им текна порано, кога форсираа баш такви "мажествени" реклами? Ова ќе беше контроверзно пред да се случи ми ту. Сега... Можат да поддржат кампања, но да го претворат во реклама? Тоа е тоа што е контроверзно во случајов. ... И уште нешто. Проктер енд Гембл се едни од најголемите експлоататори на детски труд во светот. Добрата волја треба да ја насочат кон тоа што е расипано внатре во корпорацијата. Не кон реклами. Напротив, компанија со ваква репутација може само да наштети на оние кои навистина се залагаат за еднаквост.
Научно да ми се објасни феноменот на тазе мажени жени и кратење на коса до уши. Откако ќе сфатат за грешката сфаќаат дека једино косата може да ја променат или како? И ефектот на маж во сиви тренерки. Мислам колку и да е дромски... ефектот е неизбежен...
Се' се случува со причина. Па ти оди у пм барајќи ја причината. Затоа што буквално, некои ствари ниту те прават подобар човек, ниту допринесуваат за поисполнет живот, ниту те учат некоја лекција. Земаат парче од тебе, насилно, брутално го откорнуваат, како да остануваш без рака. И цел живот се учиш да функционираш без тоа, можеш, успеваш, ама е*аната болка никогаш не престанува. Причина мај ес! Да станеш нефункционална, ранета, сјебана особа.
Муабетов на @Lella и ја си го размислувам периодов. Не знам што е смислата на животот, ама сигурно не е да седиш затворен во 4 ѕида и да го правиш истото секој ден од животот.
Од судбината не се бега колку и да се трудиме да ја промениме... Важно е да се обидеме, да направиме сè што е во наша можност, без разлика на крајниот резултат. Така полесно ќе се помириме со судбината, барем нема да се каеме дека сме имале можност да се обидеме да ја промениме судбината, но не сме имале храброст да направиме нешто во врска со тоа. Во моментов сè што посакувам е да имам супер моќ да погледнам во иднината, да знам што ме чека.
Јас, изгледа, повторно кажав нешто погрешно пошто, од сабајлево, по неколкунеделната (можда и месечна) тишина (можда само у празничен муд биле), повторно се пробудија ботовите и, повторно ме спамираат по фејсбукон. Жива сум! Чао ботичи. Бар да беа покооперативни бре, ги тестирав со какви се не објави што се не направив само и само да видам, дал е тоа добра маса на ботови со кои се победува на избори Мајку им!
Сама, со топло чоколадо, изгасено греење и под ќебе, на Хичкок маратон во темница. Квалитетно помината вечер.
Јадам грицки, имено некои тврди лепчиња со вкус на пршута, ама убави ми се оти се солени си сварив и чај, боровинка со ванила.. И, седам листам дестинации на гугл, одам од терминалните води во верона па се до вилач австрија Убаво се прошетав се изнајадов па да си легнам
СДК: Се качив кај непознати луѓе во кола бидејќи немав како да си одам а бев предалеку од дома.Им пристапив и отворено им кажав дека немам како да си одам. Храброст-многу Страв-ич. Постоеле уште добри луѓе.Сто пати им се заблагодарив, Господ само среќа да им даде во животот.Жива и здрава се вратив дома. *стварно сум откачила
Она кога за два дена на тема за скандали на јавни фаци од Балкан, ќе се испишат цели осум страници: Многу кажува.